Книжевен историчар
Книжевен историчар е академски образуван научник којшто се занимава со проучување на книжевната историја, односно на историја на книжевноста.[1]
Според тоа, предмет на неговите проучувања можат да бидат различни подрачја: историја на национална литература, споредбена (компаративна) литература и општа (светска) историја на литературата.
Во светски рамки, книжевните историчари можат да се занимаваат со пручување на асиро-вавилонската, индиската, египетската, кинеската, римската, старословенската, англиската, француската, американската и други литератури.
Македонските книжевни историчари се посветени на проучување на средновековната македонска книжевност, македонската книжевност во XIX век, македонската книжевност меѓу двете светски војни и македонската книжевност по Втората светска војна.[2]
Меѓу најпознатите македонски книжевни историчари спаѓаат: Харалампие Поленаковиќ, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Васил Тоциновски, Блаже Ристовски и други.