Отвори го главното мени

Федеративна Народна Република Југославија

Федеративна Народна Република Југославија или скратено ФНРЈ било името на Југославија во периодот од 1945 - 1963. Ова име државата го добила по доаѓањето на власт на КПЈ кон крајот на фашистичката окупација. Комунистите, кои биле и доминантната антифашистичка сила и носител на ослободувањето на Југославија во текот на Втората светска војна, му го забраниле враќањето во земјата на кралското семејство Караѓорѓевиќ и прогласиле република уште во 1943. на Второто заседание на АВНОЈ. На третото заседание на АВНОЈ, во 1945 година, државата била преименувана во ФНРЈ.

Во 1963, со промената на Уставот, државата го добила новото име - Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).