Братство и единство
„Братство и единство“ (на српскохрватски: Братство и јединство, Bratstvo i jedinstvo) — државно гесло на СФРЈ и популарна парола на Комунистичката партија на Југославија. Геслото било создадено за време на Народноослободителната војна на Југославија и истото станало водечка политичка идеологија во поглед на етнолингвистичката југословенска политка.[1]
Значење
уредиПо војната, геслото било клучно за југословенската политика на еднаквост меѓу југословенските народи. Геслото било вметнато и во уставите од 1963 и 1974 година. Според тогашното толкување, југословенските народи Македонци, Муслимани по националност, Словенци, Срби, Хрвати и Црногорци, како и националните малцинства, треба да живеат братски и во слога и нивните сличности треба да се промовираат да се избегнат националните конфликти и омразата.
Употреба
уредиГеслото било употребувани низ целата Југославија, па така голем број фабрики, училишта, јавни институции, спортски и културни здруженија го носеле името „Братство и единство“. Исто така, главниот автопат Љубљана-Скопје бил именуван по геслото.
Наводи
уреди- „БРАТСТВО И ЈЕДИНСТВО“, Политичка енциклопедија, Београд 1975.
Поврзано
уреди
Оваа статија поврзана со Југославија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |