Портал:СФРЈ
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Socijalistička Federativna Republika Jugoslavija
Socijalistična Federativna Republika Jugoslavija
Социјалистичката Федеративна Република Југославија позната и под скратеното име СФРЈ или само Југославија била поранешна европска и балканска држава која постоела од 1943 до 1992 година. Југославија била создадена на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 6 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора). Првото име на федерацијата било Демократска Федеративна Југославија. Тоа име било променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград и федерацијата го добила името Федеративна Народна Република Југославија, за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија. СФРЈ се граничела со Италија и Австрија на северозапад, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, и Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско Море. Југославија била важен член на Движењето на неврзаните за време на Студената војна.
Федералне единице
Избрана статија: СФРЈ
Распадот на СФРЈ бил обележан со низа насилни конфликти на територијата на поранешна Југославија од 1991 до 2001. Војните се одликуваат со жестоки етнички конфликти помеѓу народите на поранешна Југославија, главно меѓу Србите од една и Хрватите, Бошњаците и Албанците од друга страна. Исто така постоеле конфликти и меѓу Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина и Македонците и Албанците во Македонија. Овие обвинети за војни злочини од страна на Меѓународниот Кривичен Трибунал за бивша Југославија основан од страна на Обединетите Нации.
СФРЈ се распаднала во деведесеттите години на дваесеттиот век.После смртта на Јосип Броз Тито, Косовските Албанци почнале да бараат статус на република за Косово. Српскиот државен врв во текот на 1989 и 1990та година извршил промени на власта во Црна Гора, Војводина и на Косово,така да добивајќи контрола врз половина Југославија,и исто така добил контрола над 4 од 8те гласови во претседателството на Југославија. После тоа, Словенија и Хрватска прогласуваат независност во 1991 година,а после една година тоа го направија и Босна и Херцеговина и Република Македонија.
Избрана слика: Орден за народен херој на Југославија
Избрана биографија: Јосип Броз - Тито
Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito; Кумровец, 7 мај 1892 - Љубљана, 4 мај 1980) бил југословески комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија. Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.
Дали сте знаеле дека...
- ... СФРЈ и Малта биле единствени неврзани европски држави?
- ... погребот на Јосип Броз - Тито бил официјално најпосетуван погреб на еден државник во 20 век?
- ... последниот претседател на СФРЈ бил Стипе Месиќ?
Категории
Поврзани портали
ВикиПроекти
Работи кои можеш да ги направиш
- Проширување на постоечките статии поврзани со СФР Југославија.
- Одржување на постоечките статии
- Создавање на нови статии поврзани со СФР Југославија
- за повеќе информации обратете се кај заинтересираните администратори, уредници или ВикиПроект Југославија.
СФРЈ низ слики!
-
Камениот мост во Скопје, симбол на главниот град на СР Македонија.
-
Националната библиотека на СР Босна и Херцеговина во Сараево.
-
Саат кулата во Титоград, главниот град на СР Црна Гора.
-
Катедралата во Нови Сад е доминантен објект во центарот на главниот град на САП Војводина.
Теми за СФРЈ