Ересунд (дански: Øresund, шведски: Öresund, месно нар. Сундет) — проток помеѓу данскиот остров Зеланд и покраината Сканија во јужна Шведска. Во најтесниот дел, помеѓу Хелсингер (Данска) и Хелсингборг (Шведска), протокот е широк е само 4 км. Во околината се наоѓа регионот Ересунд кој е поделен помеѓу двете земји и брои 3,7 милиони жители.

Ересунд
Øresund / Öresund
Ересундскиот мост преку протокот
Карта
Протокот помеѓу Данска и Шведска
Координати55°45′N 12°45′E / 55.750° СГШ; 12.750° ИГД / 55.750; 12.750
Видпроток
Сливни земји Шведска
 Данска
Најг. должина118 км
Најг. ширина28 км
Најг. длабочина40 м

Ересунд е еден од трите дански протоци што го поврзува Балтикот со Атлантскиот Океан преку Категат, Скагерак и Северното Море, како и еден од најпрометните водни патишта во светот.[1]

Протокот го пресекува Ересундскиот мост, отворен на 1 јули 2000 од шведскиот крал Карл XVI Густав и данската кралица Маргарита II. Помеѓу Хелсингборг во Шведска и Хелсингер во Данска непрестајно сообраќаат и траекти.

Историја

уреди
 
Поглед на Ересунд и тврдината Кронборг во 1588

Политичката контрола врз Ересунд отсекогаш била од големо значење во данската и шведската историја. Данска имала воена контрола на крајбрежната тврдина Кронборг кај Елсиноре на западната страна и Кернан и Хелсингборг на источната, сè до склучувањето на Роскилдскиот мировен договор (1658), кога источната страна ѝ припаднала на Шведска. Обете тврдини се сместени во најтесниот дел на протокот (4 км во широчина).

Во 1429 кралот Ерик Померански вовел пропусни давачки за минување на протокот кои важеле цели четири века, сè до 1857. Оваа давачка со векови била најважниот извор на средства на данската круна, обезбедувајќи му на кралот релативна независност од неговиот совет и аристократијата.

 
Северниот дел на Ересунд

Позначајни острови

уреди

Природни

уреди

Вештачки

уреди
  • Гроен
  • Миделгрундсфортрет
  • Пеберхолм
  • Флакфортрет

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gluver, Henrik; Dan Olsen (1998). „2.7 Øresund Bridge, Denmark-Sweden“. Ship Collision Analysis. Rotterdam: A. A. Balkema. ISBN 90-5410-962-9. Ересунд, како и Големиот Белт, е важна водна траса во меѓународниот бродски сообраќај помеѓу Северното и Балтичкото Море.

Литература

уреди
  • Menefee, Samuel Pyeatt, "The Sound Dues and Access to the Baltic Sea" in Renate Platzoder and Philomene Verlaan (уред.), The Baltic Sea: New Developments in National Policies and International Co-Operation (1996), стр. 101-32.

Надворешни врски

уреди