НАСА

(Пренасочено од NASA)

Национална аеронаутичко-вселенска управа или НАСА (англиски: National Aeronautics and Space Administration, NASA) — вселенска агенција чија главна задача е истражување на вселената. Главната централа на НАСА е во САД. Агенцијата била основана на 1 октомври 1958 година.

Национална аеронаутичко-вселенска управа
National Aeronautics and Space Administration
Логото на НАСА
СопственикВладата на САД
Основана29 јули 1958
Главен штабВашингтон
МотоFor the Benefit of All. (За сечија придобивка.)[1]
УправникМајкл Д. Грифин
Буџет$16,8 милиони (2007)[2]
Печатот на НАСА
Печатот на НАСА

Историја

уреди

Војна за вселената

уреди
 
Експлорер 1

По само една година кога Советскиот Сојуз го пуштил во орбитата првиот вештачки сателит Спутник 1 (4 октомври 1957), САД набргу презел голема иницијатива за надминување на успехот на нивниот главен противник во времето на т.н. Стдена војна. Конгресот на САД алармирал за “можната опасност“, поврзена со американската сигурност и технологично водство (позната и како “Кризата Спутник“, кое налагало преземање на брзи мерки. Тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер, заедно со неговите најблиски соработници, по само неколку месеци зеле решение дека е потребно да се создаде нова федерална агенција, која ќе управува и раководи со сите дејности во космосот. Во исто време била создадена и DARPA (Агенција одговорна за развој на воената технологија).

Експлорер 1 бил првиот вештачки сателит на САД кој бил лансиран од базата Кејп Каневерал на 1 февруари 1958 година.[3] Истата година, претседателот на САД на 29 јули потпишал договор со кој основал Закон за аеронаутиката и вселенара (англиски: National Aeronautics and Space Act).[4] Во времето кога започнала операцијата на 1 октомври 1958 година, НАСА располагала со четири лаборатории и околу 8000 работници кои ги наследила од 46 години постарата управа за аеронаутика (англиски: National Advisory Committee for Aeronautics (NACA)).[5]

Првите програми на НАСА вклучувале иследувања потикнати со Студената војна и соперништвото помеѓу САД и СССР кое завршило до крајот на самата војна односно распаѓањето на Советскиот Сојуз. Оваа т.н. војна е позната и како вселенско натпреварување и во историјата денеска е дел од Студената војна помеѓу двете земји. Програмата Меркури започнала во текот на 1958 година и го поставила почетокот на изучувањето на космосот од човекот проследено преку одредени мисии, планирани да откријат дали човекот може да живее во вселената. На 5 мај 1961 година, астронаутот Ален Шепард станал првиот американец во вселената, кој пилотирал со Слобода 7 (Freedom 7), поминувајќи 15 минути.[6] Џон Глен станал првиот американец којшто летал околу Земјата на 20 февруари 1962 година, пилотирајќи 5 часа со Пријателство 7 (англиски: Friendship 7).[7]

Веднаш откако Меркури докажал дека човечкиот полет во вселената е возможен, САД покренал нов проект познат како Џемини, која раководела со делата за истражување и работа чија крајна цел била стапување на Месечината. Џемини 3 составена од персоналот Гас Гришам и Џон Јанг, полетал на 23 март 1965 година.[8] По ова биле направени уште девет мисии кои во крајна мера покажале и докажале дека е можно човекот да лета во вселената и да остане подолго време, како и можноста дека два вселенски брода можат да бидат поврзани летајќи во вселената.[9][10] Во ова време НАСА, исто така, zaпочнала да ги истражуваат Сончевиот Систем со беспилотни бродови. Сепак, Советите биле поуспешни во тоа,[11] правеќи ги првите фотографии на месечината.[11][12]

Програма Аполо

уреди
 
Аполо 11

Веднаш по успехот на програмите Меркури и Џемини, НАСА ја провела програмата Аполо чија цел била да го испрати човекот до Месечината и да ги врати на Земјата. По осум години поминати во пробни мисии, каде во мисијата на Аполо 1 имало и жртви, Аполо ја постигнал својата преку Аполо 11 кога астронаутите Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин слетиле на месечината на 16 јули 1969 година, од космодоромот Кејп Кенеди во САД и безбедно се вратиле на 24 јули истата година. Првите зборови на Нил Армстронг биле:„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“. По успехот на Аполо 11 следувале амбизициони планови за освојување односно стапнување на Марс, но со започнувањето на Виетнамската војна, плановите околу ова замреле. Аполо 13 бил запамтен по инцидентот во кој избувнал оган во резервоарот. Сепак немало човечки жртви. Аполо 17 била последната мисија на Аполо во која човекот слетал на Месечината.

Скајлаб

уреди

Скајлаб била првата вселенска станица, која САД ја извела во вселената.[13] Оваа станица која тежела 75 тони, се движела во орбитата околу Земјата во периодот од 1973 до 1979 година. Од страна на екипажот била посетувана на трипати, во 1973-1974 година. На почетокот, Скајлаб била назначена за да ги проучува аномалиите во гравитацијатата во Сончевиот Систем, но главно поради мал интерес оваа задача била изоставена.[13] Станицата служела како сончева опсерваторија.

Други рани мисии

уреди

Освен овие мисии во кој човекот учествувал, НАСА спроведувала и мисии без астронаути. Во 1962 година бил лансиран Маринер 2, како прва мисија чиј лет бил насочен кон некоја планета, во овој случај за Венера. Ренџер, Сурвејор и Лунарска орбита биле многу важни мисии во тоа време кои биле претходници на програмата Аполо неопходни за испитување на условите на МЕсечината пред конечното спуштање на човекот. Мисиите Војаџер и Пионир биле од огромно значење бидејќи за првпат биле истражувани и испитувани Јупитер и Сатурн, Уран и Нептун, каде биле направени првите фотографии и приберени огромни информации.

По изгубената трка за Месечината, Советскиот Сојуз заедно со САД ги промениле своите пристапи и политики околу вселенското истражување. На 17 јули 1975 година, Аполо се поврзал со Советскиот Сојуз 19, создавајќи т.н. Аполо-Сојуз проект. Иако Студената војна продолжила и во наредните години, сепак ова бил важен момент од денешната историја на НАСА и за меѓународната соработка.

Ерата на шатлот

уреди

Спејс шатлот претставува американски вселенски брод. Неговата историја започнува кон доцните 70-ти и почетокот на 80-тите на минатиот век. Тој бил планиран да биде употребен за повеќе мисии и лансирања. До 1985 година биле направени со него четири мисии. Првиот шатл бил спроведен на 12 април 1981 година од страна на Колумбија.[14][15] Сепак шатл не бил добра вест за НАСА бидејќи неговите летови биле премногу скапи од очекувањата. На 28 јануари 1986 година, Челенџер (англиски: Challenger) довел до неуспех. Само 73 секунди од летнувањето, шатлот се распаднал при кое загинале сите седум челена на екипажот. Спејс шатл бил користен за лансирање на многу проекти како на пример вселенскиот телескот Хабл. Вкупниот буџет на оваа програма изнесувал околу 2 милијарди долари, и овој проект делумно бил прифатен и од страна на научниците и од страна на јавноста во САД. Овој проект бил заеднички на НАСА и ЕСА (Европска вселенска агенција), со кое бил ставен почеток на идната соработка на овие две агенции.

Во 1995 година, соработката помеѓу САД и Русија околу вселената продолжиле со проектот Шатл-Мир, кога дошло до спојување на шатлот со руската вселенска станица. Оваа соработка опстојува до ден денес и денеска Русите и Американците претставуваат најважните и најголемите партнери во изградбата на најголемата вселенска станица во денешнината, која се вика Меѓународна вселенска станица. Еден од доказите за успешната на оваа соработка може да се согледа во одлуката на НАСА да го користи рускиоит лансиран систем за потребите на Меѓународната вселенска станица, по несреќата на нивниот шатл Колумбија во 2003 година. Но, трошоците околу изградбата на Меѓународната вселенска станица биле многу големи, околу 100 милијарди долари и персоналот на НАСА тешко пронајдел оправдување пред јавноста за големите одвоени средства за експерименти во вселената. До ден денеска, Меѓународната вселенска станица не може да ги покрие сите долгови кои ги создала. Целосната изградба на станицата требало да биде готова во 2011 година, но сепак нејзините операции ќе продолжат барем до 2015 година.[16] Станицата може да се види од Земјата, со голо око, и таа денес претставува најголемиот вештачки сателит на земјата, со маса поголема од онаа на сите претходни вселенски станици.

Кон 1990-тите дошло до намалување на буџетот на НАСА од страна на Конгресот на САД. Како одговор на тоа, деветтиот администратор на НАСА, Даниел Голдин смислил нов пристап кон проблемот, со паролата:“побрзо, подобро и поевтино“. Целиот проект на шатлот имал околу 112 успешни мисии.

Наводи

уреди
  1. Lale Tayla and Figen Bingul (2007). „NASA stands "for the benefit of all." - Interview with NASA's Dr. Süleyman Gokoglu“ (англиски). The Light Millennium. Посетено на 13 септември 2007.
  2. NASA (2006). „Fiscal Year 07 Budget“ (PDF) (англиски). NASA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-02-28. Посетено на 29 август 2007.
  3. Garber, Steve (10 октомври 2007). „Explorer-I and Jupiter-C“. NASA. Посетено на 15 јули 2009.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NacaNASA.
  5. „T. KEITH GLENNAN“. NASA. 4 август 2006. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 15 јули 2009.
  6. Swenson Jr., Loyd S.; Grimwood, James M.; Alexander, Charles C. https://web.archive.org/web/20090713233748/http://www.hq.nasa.gov/office/pao/History/SP-4201/toc.htm На |archive-url= му недостасува наслов (help). Во Woods, David; Gamble, Chris (уред.). This New Ocean: A History of Project Mercury (url). 11-4 Shepard's Ride. Published as NASA Special Publication-4201 in the NASA History Series. NASA. Архивирано од изворникот на 2009-07-13. Посетено на 14 јули 2009.
  7. Swenson Jr., Loyd S.; Grimwood, James M.; Alexander, Charles C. https://web.archive.org/web/20090713233748/http://www.hq.nasa.gov/office/pao/History/SP-4201/toc.htm На |archive-url= му недостасува наслов (help). Во Woods, David; Gamble, Chris (уред.). This New Ocean: A History of Project Mercury (url). 13-4 An American in Orbit. Published as NASA Special Publication-4201 in the NASA History Series. NASA. Архивирано од изворникот на 2009-07-13. Посетено на 14 јули 2009.
  8. Grimwood, James M. https://web.archive.org/web/20100113132344/http://www.hq.nasa.gov/office/pao/History/SP-4203/toc.htm На |archive-url= му недостасува наслов (help). Во Woods, David; Gamble, Chris (уред.). On the Shoulders of Titans: A History of Project Gemini (url). 10-1 The Last Hurdle. Published as NASA Special Publication-4203 in the NASA History Series. NASA. Архивирано од изворникот на 2010-01-13. Посетено на 14 јули 2009.
  9. Grimwood, James M. https://web.archive.org/web/20100113132344/http://www.hq.nasa.gov/office/pao/History/SP-4203/toc.htm На |archive-url= му недостасува наслов (help). Во Woods, David; Gamble, Chris (уред.). On the Shoulders of Titans: A History of Project Gemini (url). 12-5 Two Weeks in a Spacecraft. Published as NASA Special Publication-4203 in the NASA History Series. NASA. Архивирано од изворникот на 2010-01-13. Посетено на 14 јули 2009.
  10. Grimwood, James M. https://web.archive.org/web/20100113132344/http://www.hq.nasa.gov/office/pao/History/SP-4203/toc.htm На |archive-url= му недостасува наслов (help). Во Woods, David; Gamble, Chris (уред.). On the Shoulders of Titans: A History of Project Gemini (url). 13-3 An Alternative Target. Published as NASA Special Publication-4203 in the NASA History Series. NASA. Архивирано од изворникот на 2010-01-13. Посетено на 14 јули 2009.
  11. 11,0 11,1 Christy, Robert. „Zarya - Soviet, Russian, and International Spaceflight“. Архивирано од изворникот на 2012-09-23. Посетено на 15 јули 2009.
  12. Jet Propulsion Laboratory (under contract for NASA) (July, 1965). "Mariner-Venus 1962, Final Project Report" (PDF). California Institute of Technology.  (консултирано на 15 јули 2009)
  13. 13,0 13,1 Belew, Leland F., уред. (1977). Skylab Our First Space Station - NASA report (PDF). NASA. NASA-SP-400. Посетено на 15 јули 2009.
  14. Bernier, Serge (Stephen Lyle Translator) Space Odyssey: The First Forty Years of Space Exploration (Cambridge University Press, 2002) ISBN 0-521-81356-5
  15. Grinter, Kay (23 април 2003). „The Apollo Soyuz Test Project“. Архивирано од изворникот на 2009-07-25. Посетено на 15 јули 2009.