Улавун
Улавун — базалтски и андезитски стратовулкан кој се наоѓа на островот Нова Британија, во Западна Нова Британија, Папуа Нова Гвинеја.
Улавун | |
---|---|
Улавун | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2334 м |
Истакнатост | 2334 м |
Заведена како | Ultra |
Координати | 5°03′00″S 151°20′00″E / 5.05000° ЈГШ; 151.33333° ИГД |
Географија | |
Место | Западна Нова Британија, Папуа Нова Гвинеја |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Бизмарк (архипелаг) |
Последен избув | 2013 до 2014 |
Вулканот се наоѓа на околу 130 километри југозападно од Рабаул. Улавун е највисоката планина во архипелагот Бизмарк со 2.344 метри и еден од најактивните вулкани во Папуа Нова Гвинеја. Првата снимена ерупција на Улавун била од Вилијам Дампир во 1700 година. Од XVIII век се регистрирани 22 ерупции. Неколку илјади луѓе живеат во близина на вулканот.
Во последните неколку години вулканот е речиси постојано активен, со чести мали експлозии.
Вулканите во Папуа Нова Гвинеја се едни од најплодните извори на сулфур диоксид во светот. Неодамнешните студии покажале дека вулканот ослободува околу 7кг/SO2, што е околу 2% од глобалната вкупна емисија на SO2 во атмосферата.
Вулканот е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи, земајќи ја предвид неговата историја на експлозивни ерупции и близината до населените места.
Надворешни врски
уреди- Information from the Papua New Guinea Geological Survey Архивирано на 22 март 2005 г.
- „Ulawun“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2010-03-15. (англиски)
- "Mount Ulawun, Papua New Guinea" on Peakbagger