Лавино езеро

стопена лава сместена во вулкански кратер

Лавино езеро — големо количество стопена лава (обично базалтна) сместена во вулкански отвор, кратер или широка вдлабнатина. Може да се однесува и на места со делумно стопена, па дури и стврдната лава.

Лавино езеро во стопена состојба. Њирагонго, ДР Конго.
Лавно езеро на вулканот Ерта Але, Етиопија.
Лавиното езеро на Халемаумау на Килауеја, Хаваи.
Лавино езеро во кратерот Марум на Амбрим, Вануату.

Образување

уреди

Овие појави настануваат на еден од следниве три начини:[1]

  • од еден или повеќе отвори на кратер кој исфрла доволно лава за да делумно го наполни дадениот кратер;
  • кога лавата се излева во кратер или широка вдлабнатина и делумно го исполнува кратерот;
  • врз нов отвор кој исфрла лава непрекинато во текот на неколку недели или повеќе, па постепено гради кратер кој станува сè повисок од околниот терен.

Поведение

уреди

Лавините езера се јавуваат во разновидни вулкански системи, од базалтното езеро Ерта Але во Етиопија и базалтниот андезитен вулкан Виљарика во Чиле, до посебни и неповторени случаи како фонолитното лавино езеро на планината Еребус на Антарктикот. Кај овие езера се забележани низа различни поведенија. При избувот на Мауна Улу во Килауеја на Хаваите (1969–1971) — забележана „постојано кружечка, навидум усточива состојба“.[2] За разлика од тој случај, езерото создадено со избувот Килауеја во 1983–84 г. (тип „пуу оо“) имало одлика на повторливост, на секои 5–20 минути; гасот ја пробил површината на езерото, па лавата бргу истекла назад во спроводот пред да почне нова фаза на активност во езерото.[3] Ова поведение се должи на сплет од чинители како притисокот во лежиштето, издвојувањето и ослободувањето на гасните меури во спроводот и, можеби, издвојувањето на меурите во магминото лежиште. Покрај сето ова се и меурите кои се издигаат низ течноста, како и соединувањето на меурите во самиот спровод. Заемодејството меѓу овие случувања може да создаде устојчиво кружечко езеро, или пак лавостој кој повремено се крева и спушта.[4]

Позначајни примери

уреди

Трајните лавини езера се ретка појава. Во поново време се забележани само неколку вулкани со постојани езера од лава:

Килауеја има две трајни лавини езера: едно во шуплина на Халемаумау на врвот од калдерата, а друго во купата од типот „пуу оо“ сместена во источното раседно подрачје на вулканот.[10] Во мај 2018 г. обете езера исчезнале поради зголемената активност на источниото раседно подрачје на планината, но стручњаците се сигурни дека, порано или подоцна, тие ќе се повратат.[11]

Лавиното езеро на Њирагонго е најголемо и најобемно во поновата историја, достигајќи ширина од 700 метри во 1982 г.,[12] иако се смета дека Масаја имала уште поголемо лавино езеро во 1670 г., чија ширина изнесувала 1.000 метри.[13] Ова езеро се повратило во јануари 2016 г.[14]

Покрај споменатите трајни, постојат поголем број привремени лавини езера, наречени лавини бари или лавини вирови зависно од нивната големина и особини.[15])

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „VHP Photo Glossary: Lava lake“. Volcanoes.usgs.gov. Посетено на 15 август 2013.
  2. Swanson et al. (1979) "Ground deformation at Pu'u 'O'o. U.S. Geological Survey Chronological narrative of the 1969-1971 Mauna Ulu eruption of Kilauea volcano". US Geological Survey Professional Paper 1056
  3. Wolfe et al. (1988). "Geologic observations and chronology of eruptive events". US Geological Survey Professional Paper 1463
  4. Witham and Llewellin (2006). "Stability of Lava Lakes". '+Journal of Volcanology and Geothermal Research vol. 158 p.321–332
  5. „Global Volcanism Program : Erta Ale“. Volcano.si.edu. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 15 август 2013.
  6. „Global Volcanism Program : Erebus“. Volcano.si.edu. Архивирано од изворникот на 2006-07-08. Посетено на 15 август 2013.
  7. „Kīlauea“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  8. „Nyiragongo“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  9. „Remote Mount Michael volcano hosts persistent lava lake“. BBC News. BBC News. Посетено на 3 јули 2019.
  10. „HVO Kilauea Status“. Volcanoes.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 15 август 2013.
  11. „Frequently asked questions about deformation at Kīlauea summit“ (PDF). Volcanoes.usgs.gov. 31 јули 2018. Посетено на 2 август 2018.
  12. „Global Volcanism Program : Nyiragongo“. Volcano.si.edu. Архивирано од изворникот на 2013-03-31. Посетено на 15 август 2013.
  13. „Pit crater structure and processes governing persistent activity at Masaya Volcano, Nicaragua“ (PDF). Eps.mcgill.ca. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 15 август 2013.
  14. „Masaya“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 7 ноември 2016.
  15. Tazieff, H. (1994). „Permanent lava lakes: Observed facts and induced mechanisms“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 63: 3–11. Bibcode:1994JVGR...63....3T. doi:10.1016/0377-0273(94)90015-9.

Извори

уреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)

Надворешни врски

уреди