Попокатепетл (вулкан)

Попокатепетл — активен стратовулкан кој се наоѓа во државите Пуебла и Морелос, Мексико, и лежи во источната половина на Трансмексиканскиот вулкански појас. Со 5,426 метри (17,802 стапки)[4], тоа е втор највисок врв во Мексико, по Орисаба со 5,636 метри (18,491 стапки).

Попокатепетл
Попокатепетл
Највисока точка
Надм. вис.5426 м [1]
Истакнатост3020 м [2][3]
Заведена како
Координати19°01′20″N 98°37′40″W / 19.02222° СГШ; 98.62778° ЗГД / 19.02222; -98.62778
Географија
Попокатепетл на карта

Карта

МестоМексико-Пуебла-Морелос
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув2005 до 2017 (во тек)[4]
Поглед од Меѓународната вселенска станица
Поглед кон Попокатепетл од Пуебла

Името Попокатепетл доаѓа од зборовите на ацтечки јазик: popōca кое значи „чад“ и tepētl кое значи „планина“.

Тој е поврзан со вулканот Изтачкухуатл на север со високо планинско седло познато како Пасо де Кортес[5].

Попокатепетл се наоѓа на 70 километри југоисточно од Град Мексико, од каде што може слободно да се гледа, во зависност од атмосферските услови. До неодамна, вулканот бил еден од трите високи врвови во Мексико кои содржат ледници, другите се Изтачкухуатл и Орисаба. Во 1990-тите години, северните ледници во голема мера се намалиле, делумно поради потопли температури, но главно поради зголемена вулканска активност[6]. До почетокот на 2001 година, ледниците на Попокатепетл исчезнале. Мразот останал на вулканот, но повеќе не ги прикажува карактеристичните својства на ледниците како што се ледниковите пукнатини[7][8].

Лавата која еруптирала од Попокатепетл, историски била андезитска, но исто така избувнале и големи количини на дацит. Магмата произведена во тековниот циклус на активност има тенденција да биде мешавина од двете[9].

Геологија

уреди

Стратовулканот содржи кратер од 400 метри х 600 метри. Генерално симетричниот вулкан е изменет од остриот врв Венторило на северозапад, остаток од претходниот вулкан. Најмалку три претходни големи конуси биле уништени за време на плеистоценот, создавајќи масивни остатоци од лавини кои опфаќаат широки области јужно од вулканот. Денешниот вулкан бил конструиран јужно од доцниот плеистоценски и раниот холоценски конус Ел Фрајл. Три главни плинијски ерупции, се случила кон средината на Холоценот, придружени со пирокластични текови и обемни лахари.

Според палеомагнетиските студии, вулканот е стар околу 730.000 години. Надморската височина на врвот е 5.450 метри. Вулканот има конусен облик со пречник од 25 километри во неговата основа. Кратерот е елиптичен со ориентација североисток-југозапад. Ѕидовите на кратерот варираат од 600 до 840 метри во висина. Попокатепетл моментално е активен откако претходно бил заспан кон втората половина од минатиот век. Во 1991 година активноста на вулканот се зголемила, а од 1993 година може да се види чад кој постојано се емитува од кратерот.

Ерупции

уреди

Попокатепетл е најактивен вулкан во Мексико, имајќи повеќе од 15 големи ерупции од доаѓањето на Шпанците во 1519 година.

Насилната ерупција од ПВИ-6 од средината до крајот на 1 век од н.е. би можело да предизвика големи миграции што го населиле Теотивакан, според една ДНК-анализа[10]. Голема ерупција се случила и во 1947 година.

На 21 декември 1994 година, вулканот исфрлил гас и пепел, кој бил пренесен до 25 километри. Активноста поттикнала евакуацијата на блиските градови и научниците започнале следење за ерупцијата[11].

Во декември 2000 година, десетици илјади луѓе биле евакуирани од владата, врз основа на предупредувањата на научниците. Вулканот потоа го направил својот најголем избув од 1.200 години[8][12][13].

На 25 декември 2005 година, кратерот на вулканот произвел експлозија и исфрлил гас и пепел на околу 3 км во атмосферата.

Во јануари и февруари 2012 година, научниците забележале зголемена вулканска активност. На 25 јануари 2012 година, на планината се случила експлозија на пепел, исфрлувајќи многу прав и пепел[14] .

Во среда 8 мај 2013 година, во 07:28 часот по месно време, Попокатепетл избувнал повторно со голем амплитуден кој траел и бил снимен за период од 3,5 часа. Се започнало кога пепелните слоеви кои се искачиле до 3 км во воздухот започнале да се движат кон запад, но подоцна и кон југоисток, покривајќи ги областите на селата Сан Хуан Тјангусманалко, Сан Педро Бенито Хуарез и градот Пуебла во чад и пепел. Експлозиите од вевот на вулканот потоа исфрлиле фрагменти од огнена вулканска карпа на растојание од 700 метри од кратерот[15][16].

На 4 јули 2013 година, поради неколку ерупции на пареа и пепел, најмалку шест американски авиокомпании повлеке повеќе од 40 летови до аеродромите во Град Мексико истиот тој ден[17].

Во текот на 27 август-септември 2014 година, Националниот центар за спречување на катастрофи (CENAPRED) објавил експлозии, придружени со емисии на пареа и гас кои се издигнале на 800 - 3.000 метри над кратерот на вулканот и се движиле западно и југозападно. На 1 септември била забележана делумна видливост поради покриеност на облаците. На 29 и 31 август Вашингтонскиот совет за вулкански пепел (VAAC) известил за дискретни емисии на пепел[18].

На 7 јануари 2015 година, CENAPRED известил дека пепелта од неодамнешните експлозии го покрива снегот на горните падини на вулканот.

На 3 април 2016 година, Попокатепетл избувнал, исфрлајќи лава, пепел и карпа[19][20].

Ерупциите продолжиле во август 2016 година[21], со четири експлозии на 17 август.

На 10 ноември 2017 година во 7:25 по месно време повторно имала вулканска активност.

Наводи

уреди
  1. Sources vary widely, on the elevation of Popocatépetl, with most giving a value at or slightly above 5,400 m. The 5,426 m figure given here is from the Smithsonian Institution-Global Volcanism Program Архивирано на 10 декември 2010 г..
  2. "Mexico Ultras" Peaklist.org. The prominence value given here of 3,020 m is based on a summit elevation of 5,400 m for Popocatépetl. Retrieved 2012-01-29.
  3. "Volcán Popocatépetl, Mexico" The prominence value given here of 3,020 m is interpolated from a summit elevation of 5,400 m for Popocatépetl. Peakbagger.com. Retrieved 2012-01-29.
  4. 4,0 4,1 „Popocatépetl“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-12-18. (англиски)
  5. John H. Beaman. The Timberlines of Iztaccihuatl and Popocatépetl, Mexico. Ecology Vol. 43, No. 3 (Jul., 1962), pp. 377-385
  6. Granados HD (1997). „The glaciers of Popocatépetl volcano (Mexico): Changes and causes“. Quaternary International. 43–44: 53–60. Bibcode:1997QuInt..43...53G. doi:10.1016/S1040-6182(97)00020-7. Посетено на 2012-04-17.
  7. Delgado Granados H, Miranda PJ, Huggel C, Ortega del Valle S, Alatorre Ibargüengoitia MA (2007). „Chronicle of a death foretold: Extinction of the small-size tropical glaciers of Popocatépetl volcano (Mexico)“. Global and Planetary Change. 56 (1–2): 13–22. Bibcode:2007GPC....56...13D. doi:10.1016/j.gloplacha.2006.07.010.
  8. 8,0 8,1 Julio-Miranda P, Delgado-Granados H, Huggel C, Kääb A (2008). „Impact of the eruptive activity on glacier evolution at Popocatépetl Volcano (México) during 1994–2004“ (PDF). Journal of Volcanology and Geothermal Research. 170 (1–2): 86–98. Bibcode:2008JVGR..170...86J. doi:10.1016/j.jvolgeores.2007.09.011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-15. Посетено на 2017-12-13.
  9. Martin, A. L.; Cifuentes, G.; Straub, S.; Mendiola, F. 2007. Magma Stagnation and Ascent at Popocatepetl Volcano, Mexico during the last 10 years. American Geophysical Union, Spring Meeting 2007, abstract #V42A-05 [1]
  10. Robinson, Jennifer. „SECRETS OF THE DEAD: Teotihuacán's Lost Kings“. kpbs.org. Посетено на 23 October 2017.
  11. „Popocatépetl volcano eruptions“. VolcanoDiscovery. Посетено на 2012-04-20.
  12. „Residents on slopes of Popocatepetl Volcano heed evacuation notice“. US Geological Survey. 2000. Посетено на 2012-04-20.
  13. Julio Miranda, P., Delgado Granados, H. (2003). „Fast hazard evaluation, employing digital photogrammetry on Popocatépetl glaciers", Mexico“ (PDF). Geofísica Internacional. 42 (2): 275–283. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-10-29. Посетено на 2012-04-21.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. „Mexican volcano hurls hot rock into sky“. CBC News. 2012-04-19. Посетено на 2012-04-20.
  15. Greenwood, Faine. „Mexico's Popocatépetl volcano has erupted“. Global Post. Архивирано од изворникот на 6 July 2013. Посетено на 9 May 2013.
  16. „Popocatépetl volcano (Mexico): strong ash emissions and increase of activity“. Volcano Discovery. Архивирано од изворникот на 6 July 2013. Посетено на 9 May 2013.
  17. „US Airlines Cancel Mexico Flights Due To Volcano“. AP. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 4 July 2013.
  18. „Global Volcanism Program - Popocatépetl“. www.volcano.si.edu. Посетено на 23 October 2017.
  19. Reuters, Source (29 March 2016). „Mexico's Popocatépetl volcano spews ash and gas into sky – video“. Посетено на 23 October 2017 – преку www.theguardian.com.
  20. „Mexico's Popocatépetl volcano violently erupts, launching burning rocks“. upi.com. Посетено на 23 October 2017.
  21. Klemetti, Erik (18 August 2016). „Science: Here's What's Happening in This Volcanic Explosion at Guatemala's Santiaguito/Popocatépetl“. Wired. Посетено на 19 August 2016.

Надворешни врски

уреди