Национална океанска и атмосферска управа

државна установа на САД


Национална океанска и атмосферска управа англиски: National Oceanic and Atmospheric Administration, NOAA) — научна установа во надлежност на Министерството за трговија на САД која се занимава со набљудување и изучување на океаните и атмосферата. NOAA warns of временски непогоди, charts seas and skies, guides the use and protection of ocean and coastal resources, and conducts research to improve understanding и запазување на животната околина. In addition to its цивилниот кадар, 12.000 (2012),[3] NOAA research and operations are supported by 300 воени лица members who make up the Офицерски корпус. На чело на управата се потсекретарот (заменик-министер) за трговија за океани и атмосфери и управникот на NOAA.

Национална океанска и атмосферска управа
National Oceanic and Atmospheric Administration
Лого
Знаме
Податоци за органот
Основан 10 февруари 1807; пред 217 години (1807-02-10)[1]

преоснована: 3 октомври 1970; пред 54 години (1970-10-03)

Претходник United States Survey of the Coast[2]
Надлежност Сојузна влада на САД
Седиште Силвер Спринг, Мериленд, САД
Годишен буџет млјд долари (2011)
Раководители Кетрин Д. Саливан
(Управник)
Мејсон К. Браун
(Заменик-управник)
Матичен орган Министерство за трговија
Мрежно место
noaa.gov

Надлежност

уреди
 
Два авиона на NOAA од типот „WP-3D Орион“

NOAA игра неколку улоги во општеството и стопанството на САД и пошироко во светот. Нејзините пет основни дејности се:

  • надзор и набљудување на Земјините системи со инструменти и мрежи за прибирање податоци.
  • Толкување и опишување на Земјините системи истражување и анализа на добиените податоци.
  • Проценка и предвидување на измените во тие системи со текот на времето.
  • Вклучување, советување и информирање на јавноста и соработничките организации.
  • Управување со ресурси за унапредување на општеството, стопанството и животната околина.

Историја и организациска поставеност

уреди
 
Амблем на Офицерскиот корпус на NOAA

Националната океанска и атмосферска управа е основана на 3 октомври 1970 г. по предлог на тогашниот претседател Ричард Никсон „… за подобра заштита на животите и имотот од природните непогоди … за подобар увид во севкупната околина … [и] за истражување и развој кои би довеле до паметно користење на нашите морски ресурси ...“ NOAA е создадена како спој од неколку постоечки служби, кои биле меѓу најстарите во сојузната влада. Тие се Брежната и геодетска служба (осн. 1807 г.); Метеролошкото биро (осн. 1870 г) — Службата за геодетски премер и метеорологија е споена со Управата за научни служби за животната околина (ESSA) уште во 1965 г. ; како и Бирото за стопански риболов (осн. 1871 г.) NOAA е основана во состав на Министерството за трговија со Планота за преуредување бр. 4 од 1970 г Архивирано на 4 март 2016 г..

NOAA има шест составни и преку дузина помошни служби[4]

Составни служби

  • Национална околинскосателитска, податочна и информативна служба (National Environmental Satellite, Data and Information Service, NESDIS)
  • Национална служба за поморско рибарство (National Marine Fisheries Service, NMFS)
  • Национална океанска служба (National Ocean Service, NOS)
  • Национална метеоролошка служба (National Weather Service, NWS)
  • Служба за океански и атмосферски истражувања (Office of Oceanic and Atmospheric Research, OAR)
  • Служба за програмско планирање и интеграција (Office of Program Planning and Integration, PPI)

Помошни служби

  • Служба на сојузниот координатор за метрологија (Office of the Federal Coordinator for Meteorology)
  • Служба за поморски и воздухопловни операции (Office of Marine and Aviation Operations)
  • Централна библиотека (NOAA Central Library)

Офицерски корпус

уреди

Истражните и оперативните работи на NOAA се спроведуваат со помош од посветени воени лица од Офицерскиот корпус на NOAA кои управуваат со пловилата и воздухопловите и извршуваат научни и административни функции.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Celebrating 200 Years NOAA website, 2007.
  2. http://www.noaa.gov/about-noaa.html
  3. „BestPlacesToWork.org Agency Report“. Best Places to Work. Посетено на 1 Jul 2014.
  4. Организации на NOAA

Надворешни врски

уреди