Санторини (вулкан)
Купа Санторини — голема, претежно потопена купа, која се наоѓа во јужниот дел на Егејското Море, 120 километри северно од Крит во Грција. Видлива над водата е единствено кружната островска група Санторини, која се состои од Санторини како главен остров, Тиразија и Аспрониси на периферијата, и Неа Камени во центарот.
Купа Санторини | |
---|---|
Санторини од вселената | |
Највисока точка | |
Координати | 36°23′44″N 25°27′33″E / 36.39556° СГШ; 25.45917° ИГД |
Географија | |
Место | Егејско Море, Грција |
Геологија | |
Вид | купа (активна) |
Последен избув | јануари до февруари 1950 |
Географија
уредиКупата има должина од околу 12 на 7 километри, со 300 метри високи стрмни карпи на три страни.
Постојат два мали вулкански острови во центарот на калдерот, Неа Камени и Палеа Камени.
Главниот остров, Санторини, има површина од 75,8 км2, Тиразија 9,3 км2 и ненаселените острови Неа Камени 3,4 км2 и Палеа Камени 0,5 км2 и Аспрониси 0.1 км2,.
Извонредната убавина на високите ѕидови на Санторини, покриени со бели градби, во комбинација со сончевите климатски услови и совршените панорами, островот го направиле една од најголемите туристички атракции во Егејското Море[1].
Геологија
уредиЈужноегејскиот вулкански лак ги вклучува вулканите Метана, Милош, Санторини и Нисирос. Тој го означува подвлекувањето на Африканската Плоча под Егејската подлога на Евроазиската Плоча. Се одликува со земјотреси на длабочина од 150-170 километри[2].
Камените острови во центарот на купата се направени од лавини карпи.
Вулканологија
уредиКупата е составена од вулкани кои се преклопуваат со штит. Постојат најмалку четири делумно прекриени купи, од кои најстарата јужна купа била формирана околу 180.000 години пред сегашноста. Следната купа Скарос била создадена околу 70.000 години пред сегашноста, а Кејп Рива околу 21.000 години пред сегашноста. Сегашната купа била формирана околу 3600 години пред сегашноста за време на Минојската ерупција[3].
Палеа Камени и Неа Камени се формирани како резултат на повеќекратни, првично подморски ерупции во центарот на купата[4].
Иако е заспан, Санторини е активен вулкан. Бројни мали и средни, главно ефузивни ерупции изградиле темни лавини штитови на Неа и Палеа Камени во внатрешноста на купата.
Неговата последна ерупција била во 1950 година, и денес се случува единствено фумаролошка активност, пред сè во рамките на неодамнешните активни кратери[1]. ГПС инструментите регистрирале обновени деформации околу купата во 2011 и 2012 година[5].
Големата Минојска ерупција на Санторини во 17 век п.н.е. можеби ја инспирирала легендата за Атлантида[6]. Ерупцијата се претпоставува дека имала показател на вулканска избувност од 7, што е највисока оценка за историска ерупција[7].
Историски ерупции
уредиСледува спиосок на главните еруптивни настани на Санторини, започнувајќи од катастрофалната Минојска ерупција:
Почеток на ерупцијата | Крај на ерупцијата | Одлика на ерупцијата |
---|---|---|
1610 п.н.е. ± 14 години (Минојска ерупција) |
непознато | Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, пирокластични текови и пирокластични бранови, чести експлозии, голема физичка штета, масовна лавина фонтана и обемен лавин проток, колапсна купата, смртни случаи, масовна евакуација. |
197 п.н.е. | непознато | Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, |
31 декември 46 | 1 февруари 47 ± 30 денови | Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола, цунами. |
15 јули 726 | непознато | Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола. |
1570 | 1573 | Ерупција на централен отвор, регионална ерупција, подводна ерупција, експлозивна ерупција, формирање на нов остров, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола. |
27 декември 1650 | 6 декември 1650 | Ерупција на регионална пукнатина, подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавини текови, смртни случаи, оштетување, цунами. |
23 мај 1707 | 14 септември 1711 | Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавини текови, оштетување. |
26 јануари 1866 | 15 октомври 1870 | подводна ерупција, ново формирање на островот, експлозивна ерупција, лавини текови, смртни случаи, оштетување, евакуација. |
11 август 1925 | 17 март 1928 | Ерупција на централниот отвор, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола. |
20 август 1939 | 2 јули 1941 ± 1 ден | Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола, оштетување. |
10 јануари 1950 | 2 февруари 1950 | Ерупција на централниот отвор, подводна ерупција, експлозивна ерупција, лавини текови, намалување на лавина купола. |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Introduction – Santorini Volcano“. Посетено на 2011-04-19.
- ↑ „Tectonic setting of Santorini“. Посетено на 2011-04-20.
- ↑ „Santorini, Summary“. Smithsonian Global Volcanism Program. Архивирано од изворникот на 2013-12-24. Посетено на 2011-04-19.
- ↑ „Santorini Volcanic Caldera, Greece“. Посетено на 2011-04-19.
- ↑ „MSNBC "Volcano on scenic Greek island getting a little restless 3 March 2012“. Архивирано од изворникот на 2012-05-04. Посетено на 2017-12-26.
- ↑ Sparks, R. S. J. (2000). „Friedrich, W. L. 2000. Fire in the Sea. The Santorini Volcano: Natural History and the Legend of Atlantis“. Geological Magazine. Cambridge University Press. 137 (5): 593. doi:10.1017/s0016756800224618.
- ↑ „Large Volcano Explocivity Index“. Countries of the World. Посетено на 2011-03-29.
- ↑ „Santorini, Eruptive History“. Smithsonian Global Volcanism Program. Архивирано од изворникот на 2021-06-13. Посетено на 2011-04-19.