Кварц (SiO2) — еден од најзастапените минерали во Земјината кора. Има шестаголна кристална структура направена од триаголен кристализиран силициум (силициум диоксид, SiO2), со цврстина која има вредност 7 според Мосовата скала. Густината изнесува 2,65 г/см3.; Карактеристичен облик му е шестстрана призма која завршува во шестстрана пирамида, иако најчесто кварцот не се наоѓа токму во овој облик.

Кварц
Кристален грозд на кварц од Тибет
Општо
Категоријасиликатен минерал
Формуласилициум диоксид, SiO2
Штрунцова класификација04.DA.05
Данина класификација75.01.03.01
Просторна групатристрана 32
Единична ќелијаa = 4,9133 Å, c = 5,4053 Å; Z=3
Распознавање
Бојаод безбоен до разни бои заклучно со црна
Хабитус6-страна призма што завршува во 6-страна пирамида (обично), друзеста, фина гранулација до микрокристална, масивен
Кристален системα-quartz: тристрана трапезоидна класа3 2; β-кварц: шестоаголен 622[1]
Сраснувањеобична Дофенова законитост, бразилска законитост, јапонска законитост
Цепливост{0110} незабележително
Преломшколкест
Жилавосткршлив
Цврстина на Мосовата скала7 – помалку во примесните видови (определбен минерал)
Сјајстаклест – восочест до матен кај крупни примероци
Огреббел
Проѕирностпроѕирен до речиси непроѕирен
Специфична тежина2,65; промелива 2,59–2,63 кај примесните видови
Оптички својстваеднооскен (+)
Показател на прекршувањеnω = 1,543–1,545
nε = 1,552–1,554
Двојно прекршување+0,009 (B-G интервал)
Плеохроизамнема
Точка на топење1670 °C (β тридимит) 1713 °C (β кристобалит)[1]
Растворливостнерастворлив при стандардни услови; 1 днммаса при 400 °C и 500 lb/in2 to 2600 днммаса при 500 °C and 1500 105,5 кг/см2 (10,34 МПа)[1]
Други особеностипиезоелектричен, може да биде триболуминисвентен, хирален (затоа оптички активен, ако не рацемски)
Наводи[2][3][4][5]

Зборот е добиен од германскиот поим Quartz, кој пак е заемка од полското kwardy, што значи „тврд“.

Правилните кристали на кварцот честопати се наоѓаат во шуплините од карпите, а најпознатите вариетети се: цитрин - жолта боја, аметист - виолетов, морион - црн, чаден кварц - темнокафејав и други. Поголеми примероци на кристалот погодни за одбивање се наоѓаат релативно ретко, па и артефактите од овој вид на суровина исто така ретко се наоѓаат на археолошките наоѓалиште.

Еден од најпознатите вариетеи на кварцот е горски кристал, безбоен вариетет на нискотемпературен кварц, кој формира ромбоедарски призми со пирамидални рамнини на двата или само на едниот крај.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Deer, W. A., R. A. Howie and J. Zussman, An Introduction to the Rock Forming Minerals, Logman, 1966, стр. 340–355 ISBN 0-582-44210-9
  2. Минералошки прирачник - Кварц (англиски)
  3. Кварц - Mindat (англиски)
  4. Кварц - Webmineral (англиски)
  5. Hurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis (1985). Manual of Mineralogy (20. изд.). ISBN 0-471-80580-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

}