Пемза
Пемза – лесна, бела или сива, извонредно шупликава и сунѓереста карпа, со кисел или среднокисел состав[1]. Оваа високомеуреста пирокластично екструзивна магматска карпа содржи риолит, трахит и фонолит.
Особености
уредиБојата на пемзата е обично светла, главно бела. Како екструзивна карпа, создадена при ерупција на вулкан. Нејзината просечна порозност е околу 90%. Пирокластичниот материјал е исфрлен во воздухот како пена која содржи меурчиња гас. Лавата брзо се стврднува, а меурчињата остануваат заробени во карпатА. Заради тоа пемзата е исклучително лесна, па не пропаѓа во вода и се користи за производство на лесни бетони.
Пемзата е многу лесна па често плови по вода
уредиБазалтната верзија на пемзата е позната како скорија и многу се разликува заради минералогијата. Кога е присутна поголема количина гас тогаш настанува ситнозрнеста верзија на пемзата позната како пемзит. Пемзата се смета за стакло бидејќи нема кристална структура – аморфна е. Варира и во густината, во зависност од односот на меурчињата и цврстиот материјал. Многу примероци пемза пловат на вода. После ерупцијата на вулканот Кракатау во Тихиот Океан, долго време пливале сплавови пемза долги и до 25 метри. На некои растеле палми и друга вегетација. За време на подземните вулкански ерупции близу Тонга во 1979, 1984 и 2006 година настанале големи сплавови пемза долги и до 30 км кои пловеле илјадници километри до Фиџи.
Постојат главно два вида на меурчињата во пловките. Некои пловки се состојат од тубичести и напоредно распоредени меури,и затоа таквата пловка поприма свиленкаст изглед. Втората форма на меурчиња е сферична и таквиот пловак се содзава како резултат на зголемениот притисок во текот на ерупцијата.
Примена
уредиПемзата многу се користи за правење исклучително лесен бетон. Се користи и како адитив на цементот и таквата пемза се нарекува поцолан и се меша со вар за да се направи лесен бетон. Ваквиот бетон бил во употреба веќе во римскиот период. Пемзата се користи и во козметиката за отстранување на вишок кожа на стапалата. Фино сомелена пемза се додава во некои забни пасти и во некои кремови за раце заради нејзината голема абразивност. Таканаречениот лавин сапун во себе содржи абразивна пемза, а го користат автомеханичарите и други кои многу ги валкаат рацете.
Наводи
уреди- ↑ Геолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Beograd, 1975
Литература
уреди- Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука
Надворешни врски
уреди„Пемза“ на Ризницата ? |
- NSW to become the pumiced land Retrieved 2007-01-28.