Сакураџима (јапонски: 桜 島) — активен сложен вулкан и поранешен остров во префектурата Кагошима во Кјушу, Јапонија. Лавините текови на ерупцијата од 1914 година го поврзаиле некогашниот остров со полуостровотот Осуми.

Сакураџима
Сакураџима во 2009 година
Највисока точка
Надм. вис.1117 м
Координати31°35′N 130°39′E / 31.583° СГШ; 130.650° ИГД / 31.583; 130.650
Географија
Сакураџима на карта

Карта

Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1955 до август 2017

Вулканската активност на Сакураџима сè уште е во тек, исфрлувајќи вулканска пепел врз околината. Претходните ерупции ги изградиле белите песочни височини во регионот. Најновата ерупција започнала на 2 мај 2017 година. На 13 септември 2016 година, тим од експерти од Универзитетот Бристол и Истражувачкиот центар за вулкани Сакураџима во Јапонија сугерирал дека вулканот може да има голема ерупција во следните 30 години.

Сакураџима е стратовулкан со три врвови, Кита-даке (северниот врв), Нака-даке (централен врв) и Минами-даке (јужен врв) кој е активен.

Кита-даке е највисокиот врв на Сакураџима, кој се издига на 1.117 метри надморска височина. Планината се наоѓа во дел од Заливот Кагошима познат како Кинко-ван. Поранешниот остров е дел од градот Кагошима. Површината на овој вулкански полуостров е околу 77 км2.

Историја

уреди

Геолошка историја

уреди
 
Карта од вулканот во 1902 година кога Сакураџима бил остров.

Сакураџима се наоѓа во купата Ајра и била формирана по големата ерупција која се случила пред 22.000 години[1]. Неколку стотици кубни километри пепел и пемза биле исфрлени, предизвикувајќи магматското огниште да се распадне. Тефра паднала дури до 1.000 километри од вулканот.

Сакураџима била формирана од подоцнежна активност во купата, започнувајќи пред околу 13.000 години[2]. Се наоѓа на околу 8 километри јужно од центарот на купата. Нејзината прва ерупција во запишаната историја се случила во 963 година[3]. Повеќето од нејзините ерупции се стромболски[3] кои влијаат само на областите на врвот, но поголеми плински ерупции се случиле во 1471-1476, 1779-1782 и 1914 година[4].

Вулканската активност на Кита-даке завршила пред околу 4,900 години:. Следните ерупции се центрирани на Минами-даке.[5]. Од 2006 година активноста се фокусира на кратерот Шоа, на исток од врвот на Минами-даке[6].

Ерупција од 1914

уреди

Ерупцијата од 1914 година била најмоќната која се случила во XX век во Јапонија. Лавините текови го исполниле тесниот теснец меѓу островот и копното, присоединувајќи го вулканот со полуостровот. Вулканот бил заспан повеќе од еден век до 1914 година[1] . Ерупцијата од 1914 година започнала на 11 јануари. Речиси сите жители го напуштиле островот претходниот ден, како одговор на неколку големи земјотреси кои предупредиле дека ерупцијата е неизбежна. Првично, ерупцијата била многу експлозивна, создавајќи пирокластични текови[1] , но по силниот земјотрес на 13 јануари 1914 година, во кој загинале 35 луѓе, вулканот станал ефузивен, создавајќи голем проток на лава. Лавините текови се ретки во Јапонија - високата содржина на силициум диоксид во магмата значи дека експлозивните ерупции се многу почести - но лаванските текови во Сакураџима продолжиле со месеци[7].

Островот се зголемил по површина, зафаќајќи неколку помали острови во близина, и на крајот се поврзал со копното. Делови од Кагошима станале значително помали, а плимата пак станала повисока[1].

Во завршните фази на ерупцијата, центарот на купата Ајра потонала за околу 60 сантиметри, како резултат на празнење на основното магматско огниште. Фактот што ова спуштање се случило во центарот на купата, а не директно под Сакураџима, докажал дека вулканот ја црпи својата магма од истиот резервоар кој ја хранел древната ерупција што ја создала купата[1]. Ерупцијата делумно го инспирираше филмот од 1914 година, „Гневот на боговите“, задржувајќи се на семејно проклетство кое наводно ја предизвикува ерупцијата.

Скорешна активност

уреди
 
Слика направена од Меѓународната вселенска станица која ја покажува Сакураџима и неговата околина на 10 јануари 2013 година.

Активноста на Сакураџима станла позната во 1955 година, а вулканот оттогаш еруптира речиси постојано. Илјадници мали експлозии се случуваат секоја година, ифрлајќи вулканска пепел до височина до неколку километри над планината. Опсерваторијата за вулкани „Сакураџима“ била формирана во 1960 година за следење на овие ерупции[3].

Следењето на вулканот и предвидувањата за големи ерупции се особено важни поради неговата местоположба во густо населената област, со 680.000 жители на градот Кагошима, на само неколку километри од вулканот. Градот спроведува редовни вежби за евакуација, а се изградени голем број засолништа, каде што луѓето можат да се засолнат од вулканските остатоци кои би паднале[8]..

Поради својата голема опасност за населението, Сакураџима бил прогласен за Декаден вулкан во 1991 година, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи[9].

Сакураџима е дел од Националниот парк Киришима-Јаку, а нејзините лавини текови се главна туристичка атракција. Областа околу Сакураџима содржи неколку топла извори. Еден од главните земјоделски производи на Сакураџима е огромна бела ротквица со големина во кошаркарска топка, позната како Ротквица Сакураџима[10].

На 10 март 2009 година, Сакураџима избувнал, испраќајќи остатоци до 2 километри. Ерупцијата се очекувала по серија помали експлозии во текот на викендот. Се смета дека непридизвикала никаква штета[11].

Во 2011 и 2012 година, Сакураџима доживеала неколку значајни ерупции. Вулканската активност продолжила и во 2013 година[12]. Фотографот Мартин Риеце фотографирал ретка слика на молња во пепелта во јануари 2013 година за време на исфрлањето на магмата[13].

На 18 август 2013 година, вулканот избувнал од кратерот Шоа и го произвел највисокиот вулкански пепел од 2006 година, зголемувајќи се на височина од 5.000 метри и предизвикувајќи темнина во централниот дел на градот Кагошима. Ерупцијата се случила во 16:31 и била 500-та ерупција во годината[14].

Во август 2015 година, метеоролошката агенција на Јапонија дала предупредување за итни случаи на ниво 4, кое ги поттикнало жителите да се подготват за евакуација[15]. Научниците предупредиле дека голема ерупција наскоро би можела да се случи на вулканот, која на крајот се случила околу 20:00 на 5 февруари 2016 година[16] it eventually did erupt around 20:00 on 5 February 2016.[17].

По долга пауза на ерупции, ерупциите нагло застанале но продолжиле во кратерот Шоа, на 4 април 2016 година, околу 8-9 дена пред големите земјотреси во Кумамото во 2016 година[18]. Три месеци подоцна, на 26 јули, Сакураџима исфрлил вулканскиот пепел од 5.000 метри во воздухот[19].

Голема ерупција, слична по обем на настанот од 1914, може да се очекува во следните 25 години, според д-р Џејмс Хики[20].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „The 1914 Sakurajima explosion at Volcanoworld“. Архивирано од изворникот на 2008-06-16. Посетено на 2007-08-03.
  2. „Sakurajima at Activolcan.info“ (француски). Архивирано од изворникот на 2010-01-07. Посетено на 2007-08-03.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Sakura-jima, Japan“. VolcanoWorld. Oregon State University. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-10-12.
  4. „Sakurajima at the Earthquake Research Institute, University of Tokyo“. Архивирано од изворникот на 2008-02-14. Посетено на 2007-08-03.
  5. „Sakura-jima“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2007-08-04. (англиски)
  6. Iguchi, Masato (20 July 2013). „Forecasting volcanic activity of Sakurajima“ (PDF). Proceedings of IAVCEI 2013 Scientific Assembly. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 October 2013. Посетено на 18 August 2013.
  7. „Japanese Volcanoes at the Northern Illinois University“. Архивирано од изворникот на 2010-08-19. Посетено на 2007-08-06.
  8. „Reuters report on Sakurajima explosion, June 5th 2006“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-08-06.
  9. „Decade Volcano Sakurajima at the Earthquake Research Institute“. Архивирано од изворникот на 2007-08-19. Посетено на 2007-08-06.
  10. „Touristic information on synapse.ne.jp“. Архивирано од изворникот на 2021-11-30. Посетено на 2007-08-06.
  11. „Japan's Sakurajima volcano erupts“. March 10, 2009. Посетено на March 16, 2012.
  12. VolcanoDiscovery
  13. Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (11 март 2013). „Sakurajima Volcano with Lightning“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 22 декември. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help) (англиски)
  14. „Sakurajima spews its highest volcanic column ever at 5,000 meters“. Asahi Shimbum. 18 August 2013. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 18 August 2013.
  15. „Volcano alerts issued in Ecuador, Japan“. 15 August 2015. Посетено на 16 August 2015.
  16. [1]
  17. „Sakurajima volcano in Japan erupts“. The Guardian. Associated Press. 5 February 2016. Посетено на 5 February 2016.
  18. http://www.volcanodiscovery.com/volcano-activity/news/57153/Volcanic-activity-worldwide-4-Apr-2016-Popocatpetl-volcano-Bromo-Turrialba-Sangay-Sakurajima.html
  19. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 2017-12-26.
  20. „Japan's Sakurajima volcano due for major eruption within 30 years, say scientists“. BBC News. 14 September 2016. Посетено на 24 February 2017.

Надворешни врски

уреди