Таупо (езеро)

езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд

Таупо (англиски: Lake Taupō, маорски: Taupō-nui-a-Tia или Taupōmoana) — езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд. Со површина од 616 км², ова е најголемото езеро во Нов Зеланд и воопшто во Океанија.

Таупо
Taupō
Поглед на езерото Таупо
Подрачјеокруг Таупо, регион Ваикато, Северен Остров
Координати38°49′S 175°55′E / 38.817° ЈГШ; 175.917° ИГД / -38.817; 175.917
Видкратерско езеро, олиготрофно
Главни приливиВаитахануи, Тонгариро, Тауранга Таупо
Главни истециВаикато
Слив&100000000000034870000003.487 км2
Сливни земјиНов Зеланд
Најг. должина46 км
Најг. ширина33 км
Површина&10000000000000616000000616 км2
Прос. длабочина110 м
Најг. длабочина186 м
Зафатнина59 км3
Проточност10,5 г.
Брег193 км
Надм. височина356 м
ОстровиМотутаико (11 ха)[1][2]
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Таупо има обиколка од околу 193 километри, а најголемата длабочина изнесува 186 метри. Езерото се празни во реката Ваикато (најдолгата во земјата), а поважни притоки се Ваитахануи, Тонгариро и Тауранга Таупо. Познато е по богатиот рибен фонд од речна и калифорниска пастрмка (донесени во XIX век).

Образување на езерото и вулканизам

уреди
 
Местоположба на езерото

Езерото Таупо е сместено во калдера (вдлабнатина) создадена со супервулкански избув која се случила пред околу 26.500 години. Според геолошките наоди, вулканот избувнал 28 пати во последниве 27.000 години. Исфрлениот материјал главно се состоел од риолитна лава, со исклучок на извесно количесто на дацитна лава која ја создала блиската планина Таухара.

Тука се случила најголемата вулански избув во историјата на светот. Избувот исфрлил 1.170 кубни километри материјал и со тоа околното подрачје од неколку стотини квадратни километри пропаднало и создало калдера. Подоцна калдерата се наполнила со вода, која потоа се преплавила и создала огромна одливна поплава.[3]

Во меѓувреме се случиле неколку покрупни ерупции, пред последниот избув во 180 г н.е. Се смета дека со овој избув се исфрлени 100 кубни километри материјал, од кои 30 кубни километри биле исфрлени за само неколку минути. Ова е една од најбурните ерупции во последните 5.000 години, со показател на вулканска избувност од 7. Столбот на избувот бил двојно повисок од оној на Сент Хеленс во 1980, а пепелта го заруменила небото над Рим и Кина. Најголемиот дел од Северниот Остров бил разорен. Последниот избув на Таупо се случил во 210 г. н.е. Овој избув ги создал гребените Хороматанги, но и покрај тоа, тој била многу послаб од оној во 180 г. н.е..

Избувот од 180 г. н.е. е една од најголемите во пишаната историја. Ефектите на оваа појава врз небото и залезот се запишани во книгите на римските и кинеските набљудувачи од тоа време. Можно е да имало и климатски последници врз јужната полутопка.[4]

Подводната хидротермална активност продолжува и понатаму, близу отворот Хороматанги,[5], но во моментов вулканот се смета дека мирува (но не и дека е изгаснат).

Жив свет

уреди

Голем дел од подрачјето на езерото Таупо е шумовито, каде е најзастапена буката и ногоплодните дрва, со придружни папратници сочинети од видовите Blechnum filiforme, Asplenium flaccidum, Doodia media, Hymenophyllum demissum, Microsorum pustulatum и Microsorum scandens, како и честак од видовите Olearia ranii и Alseuosmia quercifolia.[6]

Автохтони животниски видови во езерото се ендемските ракови коура (Paranephrops planifrons) и ситните риби кокопу (Galaxias). Езерото е има богат рибен фонд од речна пастрмка (Salmo trutta) и калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss) донесени од Европа и Калифорнија кон крајот на XIX век. Донесени се и кркушки како храна за пастрмките.

Околу геотермалните отвори живеат сунѓери и придружни безрбетници.[5]

Туризам

уреди
 
Сателитска снимка на езерото Таупо (НАСА)

Туризмот е главна стопанска гранка во регионот, со над 1,2 милиони посетители годишно. Најпрометно време за угостителските објекти е летниот период, околу Божиќ и Нова Година.

Езерското подрачје се одликува со блага клима. Максималната дневна температура се движи од 24 °C (јануари) до 15 °C (јули), а ноќната од 16 °C (лето) 5 °C (зима). Највеќе врнежи има во текот на летото.[7]

Таупо е домаќин на велосипедски маратон околу езерото кој трае од четири до десет часа. Највеќето учесници се жители на гратчето Таупо. Популарна туристичка активност е и падобранството.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Motutaiko Island Архивирано на 9 март 2012 г., Department of Conservation.
  2. Laurence Cussen (1887). Lake Taupo, стр. 328–331 во Notes on the Physiography and Geology of the King Country, Transactions of the Royal Society of New Zealand, 20, 317–332.
  3. Manville, Vern & Wilson, Colin J. N. (2004). „The 26.5 ka Oruanui eruption, New Zealand: a review of the roles of volcanism and climate in the post-eruptive sedimentary response“. New Zealand Journal of Geology & Geophysics. 47: 525–547. doi:10.1080/00288306.2004.9515074. Архивирано од изворникот на 2008-09-08. Посетено на 2010-11-04.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Climate, History and the Modern World, Lamb,H. (1995), Routledge
  5. 5,0 5,1 C. E. J. de Ronde, P. Stoffers, D. Garbe-Schönberg, B. W. Christenson, B. Jones, R. Manconi, P. R. L. Browne, K. Hissmann, R. Botz, B. W. Davy, M. Schmitt and C. N. Battershill (2002). „Discovery of active hydrothermal venting in Lake Taupo, New Zealand“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 115: 257–275. doi:10.1016/S0377-0273(01)00332-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. C. Michael Hogan. 2009. Crown Fern: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, уред. N. Stromberg
  7. База на GHCN - Годардов институт за вселенски изучувања (англиски)
  • Ben G. Mason; David M. Pyle, and Clive Oppenheimer (2004). „The size and frequency of the largest explosive eruptions on Earth“. Bulletin of Volcanology. 66 (8): 735–748. doi:10.1007/s00445-004-0355-9. |access-date= бара |url= (help)
  • „Taupo“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 1 јануари 2009. (англиски)

Надворешни врски

уреди