Јелоустоунска Калдера

44°24′00″N 110°42′00″W / 44.400000° СГШ; 110.700000° ЗГД / 44.400000; -110.700000{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница

Јелоустоунска Калдера
Yellowstone Caldera
Североисточниот дел на Јелоустоунската Калдера, со Јелоустоунска Река која тече низ долината Хајден и калдерата во далечината
Највисока точка
Координати44°24′N 110°42′W / 44.400° СГШ; 110.700° ЗГД / 44.400; -110.700 (Yellowstone Caldera)
Географија
Јелоустоунска Калдера
Yellowstone Caldera на карта

Карта

МестоНационален парк Јелоустоун, Вајоминг, САД
Матичен венецКарпести Планини
ТопокартаНационален парк Јелоустоун
Геологија
Старост на карпата2.100.000–70.000 години[3]
Видкалдера[2] и супервулкан
Искачување
Најлесен патПешачење/автомобил/автобус
Голем призматичен извор

Јелоустоунска Калдеравулканска калдера во Националниот парк Јелоустоун во Соединетите Американски Држави. Калдерата се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг, а нејзиниот најголем дел го зафаќа паркот Јелоустоун.

Според проценките пречникот на калдерата се движи од 55 км до 72 км кој го утврдил Геолошкиот институт на САД со геолошки испитувања на теренот кои ги спровела екипа која ја предводел Боб Кристијансен во 60-тите и 70-тите години на XX век.

После емисијата во рамките на научната програма на Би-би-си во 2005 година, кога е скован поимот супервулкан, оваа калдера се нарекува и Јелоустоунски Супервулкан.

Откривање

уреди

Геологот Боб Кристијансен и неговата екипа го испитале подземјето на Јелоустоун и наишле на значајни количини на стврдната пепел со дебелина од околу 30 сантиметри. Кристијансен заклучил дека пепелта мора да потекнува од ерупција на некој вулкан кој денес не постои, бидејќи во Јелоустоун не успеал да најде никаков угасен вулкан, ниту негова калдера. Сепак почна да се сомнева дека Јелоустоун е дел на некој стар вулкански систем, но за тоа немал докази.

Во 1973 година, професорот Боб Смит, вулканолог од универзитетот во Јута, го проучувал местото каде го поминал поголемиот дел од својата служба. Од еден остров во езерото Јелоустоун забележал две појави кои го збуниле. Прво, еден понтон, кој порано се користел за премин, се нашол под вода, и второ, на јужниот крај на езерото стеблата на дрвјата потонале во езерото за околу 30 сантиметри.

За откривањето на калдерата придонела НАСА која го избрала Јелоустоун како показно место за испитување на нов модел на инфрацрвен фотоапарат наменет за испитување на Месечината. Нешто подоцна негови слики се добиени од сателитот Лендсат.

На снимките калдерата е воочена како огромно слегнување меѓу планинските вериги и се простирала од североисток кон југозапад неверојатни 70 х 30 км. Професорот Смит побарал од НАСА детално да се испита целото подрачје. Милиметарски точните испитување покажале дека површината на паркот, од првите мерења изведени во 1923 година, се подигнала за цели 74 сантиметри. Постоело само едно објаснување за таквата појава – голем резервоар на магма под земјата на Јелоустоун. Скриен и притаен супервулкан.

Потоа Кристијансен открил остатоци на дури три калдери. Со различна старост, буквално биле насложени една преку друга. Дошол до докази дека последната ерупција на Јелоустоун се одиграл пред околу 630.000 години и дека тогаш со пепел ја посипала половината од површината на денешните САДСоединетите Американски Држави. Втората ерупција била пред 1,2 милиони, а третата пред 1,8 милиони години. Ова откритие предизвикало особено внимание и злослутни претпоставки во јавноста кога се сфатило дека се наоѓаме токму во времето кога би требало да дојде до нова ерупција на Јелоустоун. Односно, ерупцијата веќе требало да се случи, но од некои причини доцни. Се работи за ерупција која со својата снага би можела да ги уништи не само САД, туку, можеби да го загрози и целото човештво.

Опасност

уреди

Стручњаците на НАСА утврдиле дека под Јелоустоун, на длабочина од 8.000 метри, се наоѓа најголемата комора на магма која е откриена. Исполнета со магма и гас под голем притисок, полека го турка тлото на калдерата нагоре. Боб Смит потоа открил дека на длабочина од 5.000 метри температурата е 350 °C (температурата на магмата е околу 1500 степени). Хидротермалните извори и гејзирите, распространети по скоро цела површина на Јелоустоун, не се ништо друго туку пукнатини низ кои овој супервулкна дише и го ослободува вишокот притисок. Секоја година ова подрачје го погодуваат меѓу 1.000 и 2.000 потреси, за среќа со не голем интензитет. Тие укажуваат на активноста на супервулканот.

Студиите и анализите покажуваат дека најголемиот ризик доаѓа од хидротермалната активност која се случува независнот од вулканската активност. Преку 20 големи кратери се добиени во последните 14.000 години од ледниците со повлекување од Јелоустоун.

Понатамошните истражувања покажале дека Јелоустоун предизвикува и потреси на големи далечини, како што во 1992 година земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала во калифорниската пустина Мохаве покренал серија потреси – во Денала оддалечена 1300 км и на Алјаска оддалечена 3200 км – што довело до засилена активност на многу гејзири и изливање на врела вода и неколку месеци после земјотресот.

Управникот на Јелоустоунската опсерваторија, Џек Лоунстерн предложил засилен надзор од страна на Геолошкиот институт на САД и класификација на Јелоустоун како закана со највисок ризик.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. USGS. „Yellowstone Volcano Observatory“. United States Geological Survey.
  2. „Yellowstone“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  3. Lowenstern, Jacob B.; Christiansen, Robert L.; Smith, Robert B.; Morgan, Lisa A.; Heasler, Henry (May 10, 2005). „Steam Explosions, Earthquakes, and Volcanic Eruptions—What's in Yellowstone's Future? – U.S. Geological Survey Fact Sheet 2005–3024“. United States Geological Survey. Наводот journal бара |journal= (help)