Планински масив

(Пренасочено од Масив)

Планински масив или само масив[1] — место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. При поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба.

Масивот Шара во северозападна Македонија.

Во планинарството и алпинизмот, под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина.[2]

Зборот потекнува од францускиот поим massif, каде означува голема маса од планини или збиена група од поврзани планини што сочинуваат независен дел од венецот. Еден од најзабележителните примери во Европа е Централниот Масив во регионот Оверњ, Франција.

Пример за вонземски масив е т.н. „Лице на Марс“ во регионот Кидонија.[3] (40°44′N 9°28′W / 40.74° СГШ; 9.46° ЗГД / 40.74; -9.46 (Лице на Марс))

Масивите се образуваат и под вода, во самото море. Таков пример е подводниот вулкан Таму во северозападниот Тихи Океан — најголем вулкан на Земјата.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. масивДигитален речник на македонскиот јазик
  2. Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.
  3. Britt, Robert Roy (2006-09-21). „Mars Face Makeover: Controversial Formation Observed from New Angles“. Space.com. Посетено на 2009-05-04.
  4. Howard, Brian Clark (2013-09-05). „Новооткриениот џиновски вулкан под морето е најголем во светот“. National Geographic. Посетено на 2013-09-07. (англиски)