Ол Доињо Ленгаи — активен стратовулкан, најмладиот во планинскиот масив Вирунга, еден од бројните активни и заспани вулкани, расфрлани по должината на Источноафриканскиот расед. Вулканот се наоѓа во Северна Танзанија над алкалното езеро Натрон, на 160 километри од Килиманџаро и на 70 километри од границата со Кенија. Од неговиот врв често се слушаат експлозии, што потврдува дека вулканот е во активна фаза. Ол Доињо Ленгаи е еден од најпознатите вулкани на планетата со единствена според вид на лава. Тој е исклучително непредвидлив, а квалитетите на лавата често ги збунуваат вулканолозите од целиот свет.[2]. Масаите вулканот го нарекуваат „Божја планина“ или „Планина на црниот бог[3][4]

Ол Доињо Ленгаи
Највисока точка
Надм. вис.3,188 м [1]
Координати02°45′52″S 35°54′58″E / 2.76444° ЈГШ; 35.91611° ИГД / -2.76444; 35.91611
Географија
Ол Доињо Ленгаи на карта

Карта

Матичен венецИсточноафрикански расед
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув2011 до 2013
Искачување
Најлесен патScramble

Параметри

уреди

Ол Доињо Ленгаи претставува речиси идеален конус со пречник на основата од 12 километри[5]. Стрмните и симетрични падини се издигаат од 2.962 метри надморска височина и на околу 2.000 метри над околните територии.[2][6]. Поради големиот наклон на падините до 42°, неговиот врв е особено тежок за икачување[7]. Вулканот има два кратери - северен и јужен, а само северниот е моментално активен[3]. Пречникот на горниот раб варира од 270 до 310 метри. Неговата длабочина е 110-122 метри, а карпите се креваат од дното на височина од околу 2/3 од неговата длабочина. Ѕидините на кратерот се спуштаат многу стрмно под агол од не повеќе од 30°. Грлото на кратерот има приближен пречник од 200 метри, а дното зазема површина од 3,26 хектари[8]. Магматскиот резервоар се наоѓа на приближна длабочина од 60 километри, а на врвот има мало лавино. Во фаза на ерупција висината од пепел понекогаш достигнува до 120 километри во пречник[2], и често се исфрлува карбонатитни тефри[6].

Геологија

уреди

Изградбата на вулканскиот конус започнала пред околу 370.000 години и завршила пред 15.000 години. Потоа следувало периодичното испуштање на натрокарбонатни и неплатински тефри за време на холоценот. Историските ерупции се состоеле од слаби и кратки ерупции, при кои биле исфрлувани мали количества на лава, и останувале само на врвот, а понекогаш и по горниот дел на падините. Ол Доињо Ленгаи се формирал при сложена низа од настани, вклучувајќи експлозивни ерупции на вулкански туфи и агломерација и ерупции на лава.[9]. Карактеристично за него е ерупцијата на течна лава, која образувала лавино езеро и предизвикала ефузија, како и ерупции од кои бил изграден пепелскиот конус[10].

На врвот на вулканот може да се видат широки бели ивици кои се исушиле по изливањето на лава од кратерот. Бледосива, светлокафеникава до бела пепел, образувана само од слаби празнења на пареа од бројните солфатари, ги покрива горните падини. Континуираното тресење на врвот ја крие лавата под неа. Постои црна лава низ многубројни мали пукнатини. Постои длабок расед, по кој земјата е жешка. Цврста вулканска лава е варовник богат со калциум, натриум и јаглерод[2].

Повеќето карпи содржат 10-14% фенокристали и микрофенокристали, вклучувајќи нефелин, егирин, шорломит, меланин, титаномагнетит, воластонит, апатит, малку содалит, титанит и санидин. Се среќаваат исто така и кристален вишневит[5].

Во 2010 година мерењата на содржината на гас биле направени со користење на рачни уреди. Тие биле спуштени во нискотемпературните пукнатини на врвот на кратерот и не бил откриен јаглерод диоксид. Нулта вредност била добиена при спуштањето во плитки јами во јужниот кратер, од каде гасовите можат да се утврдат. Овие отвори се толку плитки, со длабочина максимум 60 сантиметри, што ветрот на врвот веројатно брзо спречува таложење на каков и да е гас.[8]

Лава

уреди
 
Лава на врвот од вулканот
 
Отвор со црна лава
 
Кратерот во јануари 2011 година

Лавата на вулканот е единствена од ваков вид во светот, бидејќи е изградена главно од натриумкарбонати со многу ниска вискозност. Тие се богати со калциум, натриум и калиум, но имаат ниска содржина на Силициум диоксид (SiO2).[3][10] Лавата е изградена главно од калциум (CaCO3) и натриум карбонат ((Na2CO3)) со слабо присуство на магнезиум. Поради речиси целокупниот недостаток на Силициум диоксид, температурата на лавата е најниска во светот, доста пониска и од онаа на базалтовите видови[7][10]. Овој тип лава не емитува доволно светлина за да биде видлив во текот на денот, но ноќе сјае во портокалова боја. Нејзината осветленост не е толку силна како онаа на силициумската основа, бидејќи не е толку жешка. Во текот на денот таа изгледа како многу црн мазут или темнокафеава пена, во зависност од содржината на гас во неа.

Во почетокот лавата е црна и содржи кристали кои блескаат светло на сонце. Поради хемиските реакции кои се одвиваат кога лавата апсорбира вода, за околу три часа за време на дожд оваа боја многу брзо и драматично осветлува додека да стане снежно бела. При суво време, само од влагата во воздухот, се одвива истата промена, но побавно - трае помеѓу три дена и неколку недели, во зависност од дебелината на потокот. Во некои делови на кратерот, кои биле неактивни за неколку месеци, земјата е светлокафеава до бела и доста мека. Ол Доињо Ленгаи е единствениот вулкан во светот кој има таква лава со богата содржина на натриумкарбонат. Исклучително течната лава формирала на врвот тврд слој со дебелина од 6 метри, кој произведува трипати повеќе јаглерод диоксид во споредба со други вулкани[2].

Карбонатитот е карактеристичен за раседниот тип магматизам, а натрокарбонатитот само и единствено за Ол Доињо Ленгаи. При ерупција температурата на лавата е релативно ниска, достигнува до 500°-600 ° С[11]. Натрокарбонатитот се среќава многу ретко и тоа само кај вулкани од зоната на раседот, а потеклото на типот лава сè уште останува мистерија. Во оваа зона постоеле и други вулкани од овој тип, но тие одамна се изгаснати. Особено нејзиниот хемиски состав води до исклучително ниска вискозност, која е многу блиска до онаа на водата, односно - ја прави најголема течната лава во светот. Благодарение на тоа, се движи многу побрзо од онаа на останатите вулкани, поради што е исклучително деструктивна и смртоносна[3][11].

Хемискиот состав на лавата, испитуван во 2008 година е следниот[12]:

Na2O – 32,22%
CO2 – 31,55%
CaO – 14,2%
K2O – 8,38%
SO3 – 3,72 %
Cl – 3,40%
F – 2,50%
BaO – 1,66%
SrO – 1,42%
P2O5 – 0,85%
H2O+ – 0,56%
MnO – 0,38%
MgO – 0,38%
Fe2O3 – 0,28%
SiO2 – 0,16%
TiO2 – 0,02%

Геолошки стадиуми на развој

уреди

Во 1960 година, Џон Бери Досон го одбележал вулканот и идентификувал 7 стратиграфски елементи што го карактеризират. Од третиот до седмиот, елементите се резултат на ерупции од северниот кратер. Подредени последователно од порано до подоцна, тие се[5][9]:

  • Главниот дел од вулканот е составен од туфи и агломерација, кои содржат кристали на нефелин и пироксен и одделни финозрнести честички кои работат како врзивно средство од жолт зеолит, лимонит и карбонати. Потоците на лавата се пирокластични, составени од нефелин и фонолит. Нивната возраст е од 15.000 до 4.000 години[5][9]
  • На надворешните падини на вулканот се појавиле паразитски конуси и дополнителни кратери кои содржат низи од постараата агломерација. Тие се состојат од туфи и лапил. Други се кристални туфи, кои се состојат главно од лискун, пироксен, нефелин и кристален оливин[5][9].
  • На длабоко ерозирална површина на жолтите пирокласти се додадени црните пукнатини и агломерати. Тие се појавиле во долниот дел на планината и високо на западните и северозападните падини. Вклучени се кристални туфи од нефелин, пироксен, лискун и постари туфи, формирани како шепи од нефелин, јолит и фенил. Агломератите и масивните блокови имаат речиси ист состав со додавање уретит и други алкални карпи. Овие туфи се поврзани со пепелта во клисурата Олдувај која е датирана на околу 1.250 година[5][9].
  • Се создале три наоѓалишта на надворешните падини на вулканот, претставувајќи меланито-нефелинови формации создадени при течењето на лавата од паразитските конуси[5][9].
  • Се појавуваат застанато и скаменето туфи со дебелина до еден метар, се состојат од нефелинови шепи и лискун плочи, цементирање од карбонати. Тие покриваат голема количина дрва и се претпоставува дека нивното уништување се случило при ерупцијата во 1917 година, при што загина голем дел од шумите за надворешни падини на вулканот[5][9]
  • На северните, западните и јужните падини се појавила лоша зацврстена покривка од пепел и сиви туфи, какви што се забележани и во клисурата Олдувај, 70 километри југозападно. Таму пепелта формирала спектакуларни дини. Нивното создавање му се припишува на ерупцијата во 1940-1941 година[5][9].
  • На јужниот ѕид на кратерот се појавиле светлозелени, розови и бели депозити од сода со дебелина до 6 метри. Се верува дека е формирана за време на ерупцијата од 1954-1955[5][9].

Северен кратер

уреди
 
Северен кратер
 
Сателитска слика од 2009

Длабочината и морфологијата на северниот кратер се сменила драстично во текот на серијата ерупции, започнувајќи од стрмните ѕидови на кратерот, и достигнувајќи до околу 200 метри длабочина во средината на XX век, и се стигнало до плитките платформи кои денес пополнуваат дел од него[6]. Пред некое време било потребно спуштање до кратерот до 100 метри за да се достигне до неговото дно[2].

Во денешно време, кратерот редовно се полни со лава, а неговите ѕидови се распаѓаат до езерото. Во 2010 година лавата не била видлива, а дното било попрскано со камени остатоци, од кои некои имаат импресивни димензии. Нова, раскошна лава, над која не се наоѓа пепел, зафаќа околу 1,37 хектари, или 40% од дното. Тука е и најмладиот конус - хорнито[8]. Лавата полека се лизга низ пукнатините, надувајќи ги дупчените прскања и слоеви едни врз други. Исто така се излева и преку една мала пукнатина во едниот крај на врвот на вулканот и при бавното стационирање на лава во една иста точка, постепено се формирало дебел шуплив конусен столб, наречен хорнито. Тој не се издига над главниот вентилатор, туку е странично поставен. Принципот на неговото формирање е ист како и секој вулкан. Таквите столбови можат да достигнат висина од неколку десетици метри, но нивните животи не се долги. Засега, на врвот има неколку такви скали со различни големини и висини.

Во близина на големиот конусен столб се формирале прекрасни сталактити со должина од нешто над 2 метри. Тие можат да бидат формирани на два начина. Првиот е кога нивото на лава се искачува доволно високо, при нејзиното исфрлање нагоре, достигнувајќи до сводот. Вториот е доколку лавата биде исфрлена од хорнито и во пукнатините во сводот на пониско сместена пештера започне капка по капка да се впива надолу. Бидејќи вулканската лава е речиси водена густина, доволно е лесно да се пробие преку многу мали пукнатини[2].

На дното на кратерот може да се слушне и најмала бучава. Звукот го издава плискањето на лавата во малите отвори со чести барабански удари. Има мал мирис на водороден сулфид.[8].

Јужен кратер

уреди

Јужниот кратер, кој не е активен, е исполнет со вулканска пепел и со дополнителни мали и плитки кратерски отвори со пречник до 1,5 метри. Нивниот број е над 200. Се претпоставува дека се појавиле како последица од еруптивната активност на вулканот во 2007 година.[8]

Вулканска активност

уреди

Кај Ол Доињо Ленгаи се забележуваат фази на експлозивна активност, при што составот на лава може да содржи многу повеќе силикатни материјали кои ја зголемуваат нејзината вискозност. Во оваа фаза, нема течна лава, а активноста се претвора во ерупција на пепел придружена со исфрлање на вулкански бомби од различни големини. Сепак, почетните фази на експлозивни ерупции може да вклучуваат силни лавини фонтани[3].

Наводните ерупции на вулканот поминале во 1550 г.пр.н.е., 50 г.пр.н.е., 700 и 1350 година. Слаба активност била забележана во 1880, 1882, 1907, 1914, 1916, 1921, 1926 , 1940, 1954, 1955, 1958, 1960, 1967, 1983, 1994, 2006, 2007, 2010[4]. Првите описи на ерупција на вулканот се однесуваат на 1883 година. Периоди на поголема активност биле забележани во 1904, 1910, 1913 и 1915 година[11].

1917-1940

уреди

Во јуни 1917 година се случила силна ерупција, каде што вулканската пепел била фрлена на растојание од 48 километри од врвот на вулканот.[11] Растителноста на падините била речиси уништена, а жешката пепел ги уништила и околните пасишта и предизвикала смрт на целото стадо говеда од добитокот. Слично силно ерупција била забележана и во 1926 година. Во периодот јули-декември 1940 година ерупцијата продолжила цели 6 месеци и исфрлила пепел во полупречник од 100 километри[7][11].

1960 - 1966

уреди

Во почетокот на 1960 година, за време на фазата на ерупција, кратерот на вулканот се урнал навнатре, а потоа моќната ерупција формирала нов кратер на местото на стариот со длабочина од околу 100 метри. Колапсната зона ги следела контурите на поранешниот кратер[2]. Експлозивната ерупција од 14 август 1966 година е подробно опишана од геолозите Џон Даусън и Г. Кларк кои се искачиле до кратерот една недела откако таа завршила.

1980 - 1998 година

уреди
 
Ерупцијата во 1966 година
 
Кратерот во 2006 година.
 
5 март 2008 година.

Од средината на 1980-тите, била набљудувана слабо течение на лава, и во помала мера, се појавиле експлозивни ерупции. Долгорочното ниско ниво на лава на врвот на вулканот започнало во 1983 година. На почетокот на годината лава започнала да го исполнува кратерот на конусот, формиран за време на експлозивната ерупција во 1966 година. Со текот на времето таа го исполнила целосно и создала голема рамна платформа. До крајот на векот лавата постепено и бавно го исполнила северниот кратер и од 1998 година започнало да се излева надвор од неговите рабови на север и исток. Во текот на последните 30 години, истекувањето на лавата речиси постојано се забележувало од дупките во внатрешноста на кратерот, што понекогаш се прелевала преку работ[4].

2006 година

уреди

Во март 2006 година зголемената активност на вулканот ги принудила селаните кои живеат во близина да се евакуираат. Се слушнало гласно тркалање, а Ол Доињо Ленгаи започнал да фрла пепел и лава. Во рок од неколку часа, уште 3.000 луѓе од месното население ја напуштиле областа. Меѓу 25 март и 5 април бил регистриран најголем прилив на натрокарбонатитна лава. На 4 април, на западната падина на вулканот и во клисурата се видол голем поток на лава, но нема докази дека сè уште е жешко. На 7 и 8 април активната лава се појавила во новото лавино езеро. Тоа е поврзано со падот на еден од шупливите конусни столбови од кои започнал да се прелива. Таа многу бргу ја покрил една третина од кратерот, а трикилометарска лава течела низ западните падини[13]. Ерупцијата била проследена со проширување на самиот кратер. Имало извештаи за загадени извори на вода и уништена растителност, но немало смртни последици или повреди[7][13].

2007 - 2008 година

уреди

Последната експлозивна ерупција на вулканот се случила во 2007 година и продолжила во 2008 година, со исфрлање на илјадници тони вулканска пепел. Не е јасно зошто честите мали потоци од лава биле проследени со експлозивна активност и како тоа може да се поврзе со серијата мали земјотреси во регионот на вулканот во претходните два месеци. По главната експлозивна ерупција во јуни 2008 година, биле откриени драматични промени во активниот кратер и биле забележани значителни и интересни сличности со ерупцијата во 1966 - 1967[3]. Во 2008 година, ерупцијата била забрзана.[4].

Активирањето на вулканот започнало на 19 јули 2007 година и принудило околу 1.500 жители од блиската област да ги напуштат своите домови. Имало и земјотреси, се слушал силен татнеж, а вулканот започнал да исфрла лава и пепел. Имало извештаи за оштетено училиште и двајца повредени, но немало смртни случаи. Кратерот на врвот останал недопрен, ерупциите биле ограничени само во неговиот реон и било исфрлено некое количество пепел. Но, сеизмичкиот бран предизвикан од нејзината ерупција се почувствувал во главниот град на Кенија, Најроби[7].

На 4 септември вулканот повторно исфрлил големо количество вулканска прашина кој се протегнала во полупречник од 18 километри и паднал врз земјата во текот на 12 часа. Преку работ на кратерот на падините имало лава што не достигнала до подножјето. На 23 октомври, во текот на два дена, вулканот еруптирал ново количество пепел, која достигнал висина од 3,2 - 4,6 километри, а излевањето на лавата продолжило до 6 ноември. Следниот ден бил изграден нов прав столб, кој овој пат достигнал до 3,2 - 3,5 км и ерупцијата продолжила до 10 ноември. Сите пилоти добиле предупредување за да се избегне близина на вулканот. На 13 декември облакот достигнал висина од 6,1 км.[13].

Во јануари активноста продолжила, а на 16 јануари биле исфрлени вулкански бомби на растојание од 50 метри од врвот, а протокот на лава ја променил својата насока. Помеѓу 6 и 12 февруари биле набљудувани неколку експлозивни ерупции, висината од пепел се издигнала на 11,6 км. На 21 февруари, тој веќе достигнал висина од 18,3 км. Потоа, облакот од пепел полека започнал да ја намалува својата висина, која за малку повеќе од еден месец варирала помеѓу 10 и 14 км. На 18 јуни, станало јасно дека на дното на кратерот се формирал нов вулкански конус, кој се издигнал на 30 m над неговиот раб, а во септември биле активни само два од малите хорнито. Вулканот се смирил и се вратил во нормална состојба до октомври 2008 година.

Наводи

уреди
  1. „Tanzania in figures 2012, National Bureau of Statistics, Ministry of Finance, June 2013, page 9“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-26. Посетено на 2017-12-01.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Путешествия и туризм/Оль Дойньо Ленгаи уникальный вулкан
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Ol Doinyo Lengai, The Mountain of God/2011
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Volcano Discovery/Ol Doinyo Lengai volcano
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 Alan Robert Woolley – Alkaline Rocks and Carbonatites of the World: Africa
  6. 6,0 6,1 6,2 „Global Volcanism Program/Ol Doinyo Lengai“. Архивирано од изворникот на 2012-09-16. Посетено на 2017-12-01.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 John Seach Volcano Live/Ol Doinyo Lengai Volcano
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 David R. Sherrod (U.S. Geological Survey, Vancouver, Washington, USA), Kisana Mollel (Dorobo Safaris Inc., Arusha, Tanzania), Olemelok Nantatwa (Guide, Engare Sero village, Tanzania) – Oldonyo Lengai: Trip Report March 12 – 14, 2010
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 Ol Doinyo Lengai, a unique volcano/Formation & History
  10. 10,0 10,1 10,2 „News and Information About Geology and Earth Science/Ol Doinyo Lengai Volcano – Eruption Effects“. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2017-12-01.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Все о геологии/Вулкан Ол Доньо Ленгаи
  12. „Le Ol Doinyo Lengaï (Tanzanie)“. Архивирано од изворникот на 2012-06-22. Посетено на 2017-12-01.
  13. 13,0 13,1 13,2 Global Volcanism Program/Ol Doinyo Lengai/Smithsonian/ USGS Weekly Volcanic Activity Reports

Надворешни врски

уреди