Алеутски Острови
островска група во Северниот Тихи Океан
Алеутски острови (англиски: Aleutian Islands, руски: Алеутские острова), или скратено Алеути – архипелаг со околу 150 острови во Беринговото Море, кои се од вулканско потекло. Се наоѓаат на северозападниот брег на Северна Америка меѓу Алјаска и Камчатка. Островите им припаѓаат на САД и Русија[1]. Површината на Алеутските Острови е околу 17.766 км2, и на нив живеат околу 15.000 жители. Развиен е ловот и риболовот. Тука се наоѓа голема воздухопловна и војна поморска база. Највисока точка е вулканот Шишалдин (2.857 м).
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан, Берингово Море |
Вкупно острови | >300 |
Поголеми острови | Унимак, Уналаска, Адак |
Површина | 6.821[1] sq ми |
Должина | 1.200 ми (1.900 км) |
Држава | |
САД, Руска Федерација | Алјаска, Камчатски Крај |
Најголема населба | Уналаска (pop. 4.283) |
Демографија | |
Население | 8.162 (2000) |
Етнички групи | Алеути |
Клима
уредиКлимата на Алеутските Острови е субполарна, со океанско влијание. Просечните температури се -1 °C во јануари и 9 °C во јули.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 The Editors of Encyclopædia Britannica (18 December 2015). „Aleutian Islands“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 6 February 2017.
Надворешни врски
уреди„Алеутски Острови“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Aleutian Islands. |
„Алеутски Острови“ на Ризницата ? |
- U.S. Coast Pilot 9, Chapter 7, Aleutian Islands Архивирано на 9 јануари 2015 г.
- Алеутски Острови — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- Seattle to Aleutian Island Expedition
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |