Вулканска купа

(Пренасочено од Вулкански конус)

Вулканска купа (вулкански конус) — елементарен облик на вулкански релјеф. Претставен е со возвишување настанато со таложење на пирокластичен материјал и изливање на лава при вулканските ерупции. На неговиот врв се наоѓа отвор во облик на инка кој се нарекува кратер. Големината на купата, нејзиното создавање и разорување зависат од неколку чинители, на прво место од ерупцијата и интензитетот и траењето на вулканската работа. Кај купата се разликуваат апсолутна и релативна висина. За вулканите е поважна релативната висина, т.е. висината од подножјето на купата до нејзиниот врв. На пример вулканот Чимборасо е висок 6.272 метри, но купата има само 2.400 метри.

Везув — купата и кратерот
Вулканот Мајон на Филипините има симетрична вулканска купа

Поделба

уреди

Купите може да бидат прости или сложени. Простите се состојат од едно правилно возвишение, најчесто во облик на заоблен конус. Сложените купи се асиметрични, неправилни и имаат два или повеќе кратери. Тие понатаму може да се поделат на „споредни вулкански купи“ (помали и помлади купи кои настанале во средиштето на поголем и постар кратер) и „паразитски“ (бочни, адвентивни) вулкански купи кои се јавуваат на боковите на вулканите и настануваат при прскање заради притисокот.

Кај мешаните вулкани се развиваат стратовулкански купи со наизменично таложење на растресит материјал и лава.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Петровић Д. и Манојловић, П. (2003): Геоморфологија, Географски факултет, Београд