Фуџи

планина во Јапонија

Фуџи или „Фуџијама“[4] (јапонски: 富士山, трск. фуџи-сан) — планина на островот Хоншу, највисока во Јапонија со 3.776,24 м.[1] Планината е активен стратовулкан[5][6] кој последен пат избувнал во 1707–08 г. Се наоѓа 100 км југозападно од Токио и се гледа од градот при ведри услови. Има особено симетричен облик, и врвот е покриен со снег неколку месеци во годината. Планината е мошне позната како симбол и присутна во разни уметнички дела, и се вбројува во „трите свети планини“ на Јапонија (заедно со Тате и Хаку). Ужива популарност кај планинарите и посетителите, и е прогласена за место од историско значење и природна убавина. Во 2013 г. добила статус на светско наследство на УНЕСКО како културно богатство [7] како место на вековна инспирација за уметници и поети и место на поклонение. Меѓу посетуваните места на и околу планината се вбројуваат светилиштето Фуџисан Хонгу Сенген Тајша и шест други шинтоистички светилишта, два планинарски дома, езерата Јаманака, Кавагучи, осум топли извори (Осихо Хакај), дрва скаменети од лава, остатоци од култот на планината (Фуџи-ко) во пештерата Хитоана, водопадите Ширајто и боровата корија Михо но Мацубара.[8]

Фуџи
富士山
Фуџи над езерото Јаманака
Највисока точка
Надм. вис.3.776 м [1][2]
Истакнатост3776 м [1]
35-та
Заведена каконајвисока во земјата, ултра, 100 прочуени планини на Јапонија
Друго име富士山
Географија
{{{name}}} на карта

Карта

Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1707-08 г.[3]
Искачување
Прво освојување663 г. од непознат монах
Најлесен патпланинарење

Планината претставува и инспирација за хаику-стихозбирката во „Гулаби над Фуџи“ (2011) од македонскиот писател Александар Кујунџиски.[9][10]

Историја

уреди

Фуџи има правилно обликувана вулканска купа и поради привлечниот изглед честопати се јавува во јапонската уметност, особено по 1600 г, кога градот Едо (денес Токио) станал престолнина. Најпознати дела на кои се јавува Фуџи се „Триесет и шест погледи на планината Фуџи“ од Кацушика Хокусај и неговите „Сто погледи на планината Фуџи“. Планината се споменува во книжевноста низ вековите и е опеана во поезијата.

Се смета дека планината прв ја искачил непознат монах во 663 г. Врвот важел за свето место и бил забранет за жени сè до периодот Мејџи. Во далечното минато, подножјето на планината служело како оддалечено место за обука на самураите (кај денешна Готемба). Во подрачјето на планината, шогунот Минамото но Јоритомо одржувал коњички стрелечки турнири (јабусаме) во почетокот на камакурскиот период (XII-XIV век).

Прв странец што ја искачил планината бил британскиот дипломат Радерфорд Олкок во септември 1868 г.,[11]:427 кој воедно ја популаризирал на западот.[11]:421-7 Прва жена од странство што ја искачила планината била Фани Паркс, сопругата на британскиот амбасадор Хари Паркс (1869).[12] Истата година на врвот се искачил и познатиот фотограф Феличе Беато.[13]

Географија

уреди

Планината Фуџи е мошне препознатлив елемент во географијата на Јапонија. Висока е 3776,24 м и сместена е недалеку од брегот на Тихиот Океан во средишниот дел на Хоншу, западно од Токио. Расположена е на границата на префектурите Шизуока и Јаманаши и окружена со три помали града: Готемба на исток, Фуџијошида на север и Фуџиномија на југозапад. Во околината има и пет езера: Кавагучи, Јаманака, Сај, Мотосу и Шоџи.[14] Планината е дел од националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу.

Клима

уреди

Врвот на планината има тундранска клима (Кепен: ET), со мошне ниска температура и снег неколку месеци во годината. Најниската забележана температура изнесува −38,0 °C (февруари 1981), а највисоката е 17,8 °C (август 1942).[15]

Геологија

уреди
 
Геолошки пресек на вулканот
 
Фуџи прикажана на делото „Големиот бран кај Канагава“ (1823-29) од збирката „Триесет и шест погледи на планината Фуџи“ на Кацушика Хокусај.
 
Облакодери во Токио и Фуџи во позадина

Фуџи се наоѓа на тромеѓето на Амурската, Охотската и Филипинската плоча кои опфаќаат три дела од земјата: западниот, источниот и полуостровот Изу.

Планината настанала четири фази. Првата се состои од андезитно јадро длабоко во планината, по што следи базалтен слој создаден пред неколку стотини илјадници години. Пред околу 100.000 години се појавил претходниот облик на планината. Денешната планина се образувала врз него пред околу 10.000 години.[16]

Денес вулканот е активен, но со низок ризик од избувнување. Последната ерупција се случила 16 декември 1707 г. и траела до 1 јануари 1708 г., за време на периодот Едо.[17] Со ова е создаден нов кратер на половина пат по страната на планината. Исфрлената жар и пепел паѓала како дожд во покраините Изу, Кај, Сагами и Мусаши.[18] Оттогаш до денес планината не дава знаци на избувнување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „富士山情報コーナー“. Постројка „Сабо“ на Фуџи. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 2013-08-30. (англиски)
  2. 2,0 2,1 Станицата за триангулација е 3775,63 м. „Служба за проверка на информациите на станицата за триангулација“. Управа за геопросторно информирање на Јапонија (甲府-富士山-富士山). Посетено на 8 февруари 2011. (јапонски)
  3. „Фуџи: Историја на избувнување“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  4. „Фуџијама“ е застарено западно име кое е нестандардно во јапонскиот јазик
  5. „Активни вулкани во Јапонија“. Геолошка служба на Јапонија (AIST). Посетено на 2011-05-25.[мртва врска]
  6. „Фуџи“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 17 октомври 2009. (англиски)
  7. Планината Фуџи во Јапонија прогласена за светско наследствоChannel NewsAsia (англиски)
  8. „Фуџисан — свето место и извор на уметничка: карти“. Светско наследство. УНЕСКО. Посетено на 2013-07-04. (англиски)
  9. „Гулаби над Фуџи“, најнова збирка на Александар Кујунџиски Архивирано на 5 март 2016 г.МТВ, 7 ноември 2011
  10. Гулаби над Фуџи : (154 хаику песни). Александар Кујунџиски. Скопје: Антолог, 2011.[мртва врска] — библиографски запис во каталогот на НУБСК
  11. 11,0 11,1 Alcock, Rutherford (1863). The Capital of the Tycoon: A Narrative of Three Years Residence in Japan. I. London: Longman, Green, Longman, Roberts & Green.
  12. Cortazzi, Hugh|display-authors= et al. Britain and Japan, 1859-1991, стр. 99-100.
  13. Tucker, Anne Wilkes; и др. (2003). The History of Japanese Photography. стр. 30. ISBN 978-0-300-09925-6.
  14. „Фуџи“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  15. „Рекордни годишни температури“. Метеоролошка агенција на Јапонија. Посетено на 29 јуни 2008. (јапонски)
  16. „Во планината Фуџи откриен трет прастар вулкан“. Japan Times. 4 април 2004. Архивирано од изворникот на 2004-08-03. Посетено на 2013-08-30. (англиски)
  17. Избувнувањето на Фуџи Архивирано на 12 август 2017 г. — Универзитет на Шикуока
  18. Hayashi Gahō, Isaac (1834). Nipon o daï itsi ran. Siyun-sai Rin-siyo. Paris: Titsingh. стр. 416.

Надворешни врски

уреди