Санта Марија (вулкан)

Санта Марија, Сантиагуито
Областа Сантиагуито била уништена од ерупцијата 1902 година. Витлите разнесуваат змии по речните долини - лево на сликата
Фотографија од конусниот врв на Санта Марија
Највисока точка
Надм. вис.3772 м
Координати14°45′20″N 91°33′06″W / 14.75556° СГШ; 91.55167° ЗГД / 14.75556; -91.55167
Географија
Санта Марија, Сантиагуито is located in Гватемала
Санта Марија, Сантиагуито
Санта Марија, Сантиагуито
Кецалтенанго Област, Гватемала
Санта Марија, Сантиагуито на карта

Карта

Матичен венец    Сиера Мадре
Геологија
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасВулкански појас во Средна Америка
Последен избувод 1922 до денес
Санта Марија — еден од најголемите активни вулкани кој се простира на западниот дел од висорамнините на Гватемала, поточно во областа Кецалтенанго близу до градот Кецалтенанго. Вулканот бил познат под името Гагзанул (на локалниот к'иче јазик) сè до освојувањето на регионот од шпанските колонизатори во 16-иот век.[1]

Во 1902 година се случила една од трите најголеми ерупции во 20-иот век со индекс на експлозивност VEI-6. Поголеми ерупции единствено имале вулканите Новарупта во 1912 година и планината Пинатубо во 1991 година. Може да се спомене и дека оваа ерупција е една од петте најголеми во последните 200 години (а веројатно и 300 години).[2]

Геолошка историја уреди

Вулканот Санта Марија е дел од планинскиот појас Сиера Мадре кој се протега на западниот дел на Гватемала одделен од Тихиот Океан со широка рамнина. Со геолошкиот процес на субдукција на Кокосовата плоча под Карибската плоча се формирал вулканскиот појас во Средна Америка.[3]

Се претпоставува дека ерупциите на Санта Марија почнале пред околу 30,000 години. Во период од неколку илјади години ерупциите биле мали и чести, градејќи голем конус на вулканот кој достигнал надморска височина од 1400 м на која е сместен и градот Кецалтенанго. Следејќи ги ерупциите кои го изградиле конусот, се чини дека шаблонот на активноста се сменил по долгите години поминати во мирување проследени со емисија на мали лавини текови од отворите на планината.

Ерупцијата во 1902 година уреди

Првата ерупција на вулканот Санта Марија која е заведена се случила во октомври 1902 година. Пред тоа вулканот бил во хибернација околу петсто а можеби и неколку илјади години, додека неговото будење било иницирано од сеизмички промени во регионот кои почнале во јануари 1902, што вклучувало и голем земјотрес во април истата година. Ерупцијата започнала на 24 октомври, а најголемите експлозии се случувале во текот на наредните два дена исфрлајќи околу 5,5 кубни километри (1,3 кубни милји) на магма. Ерупцијата била една од најголемите во 20-иот век со нешто помала магнитуда од вулканот на планината Пинатубо што се случил во 1991 година. Ерупцијата била „колосална“ и имала показател на вулканска избувност од 6.[4]

Пемјата формирана при климакталната ерупција паднала на површина од околу 273,000 квадратни километри (105,000 квадратни милји), додека вулканскиот пепел паднал дури до Сан Франциско, изразено во бројки бил распространет до 4,000 километри (2,500 милји). Ерупцијата откорнала големо парче од југозападниот дел на вулканот, оставајќи кратер од околу 1 километар (0.6 милји) во диаметар и околу 300 метри (980 стапки) длабочина, протегајќи се малку подолу од врвот на 2,300 метри (7,500 стапки). Првиот знак на избув било попрскување на песок над градот Кецалтенанго. Потоа ветерот го сменил својот правец и почнал да дува од југ кон исток носејќи го пепелот во насока кон плантажата на кафе Хелветиа која се наоѓала на 6 милји од вулканот, во правец на југозапад.

Поради немањето на доволно информации за еруптивноста на вулканот Санта Марија, месното население не ги препознало сеизмичките процеси и другите знаци на предупредување пред ерупцијата. Имало најмалку 5,000 жртви како резултат на ерупцијата додека во подоцнежната појава на маларија згаснале уште многу животи.
 

Низа на настани при ерупцијата 1902 година[5] уреди

  • 24 октомври: 17:00 ч: Во Сан Фелипе се слушнал звук сличен на водопад во правец на вулканот; меѓутоа маглата околу вулканот не овозможувала директно надбљудување на она што се случувало.
  • 24 октомври: 18:00 ч: Пепел почнал да паѓа над градот Кецалтенанго.
  • 24 октомври: 19:00 ч: Сведоците на ерупцијата изјавиле дека виделе молња и силна црвена светлина од вулканот пропратена со бучава слична на онаа на индустриските печки.
  • 24 октомври: 20:00 ч: Од Сан Фелипе можел да се види црн џиновски пепел со бројни витли, заедно со илјадници громови и искривени линии на црвена светлина. Целата област околу вулканот постојано се тресела и можеле да се слушнат големи експлозии во полупречник од 60 километри; силните ветрови носеле пепел и остатоци и над 800 километри во далечина; дел од облакот лебдел над конусот кој бил обвиен во црн чад.
  • 25 октомври: 1:00 ч: Ерупцијата станала понасилна и големите карпи од вулканот почнале да паѓаат и до 14 километри во полупречник, уништувајќи ги градовите и селата во тие области.
  • 26 октомври: 12:00 ч: Вулканот конечно се смирил.
  • 26 октомври: 3:00 ч: Уште една ерупција, но овој пат тоа била бела пена која всушност се состоела од водена пареа.

Фотографии од ерупцијата 1902 година уреди



Во времето на катастрофата, регионалните власти на градот Кецалтенанго морале да преземат одговорност, бидејќи централната влада била фокусирана на прославата на „Fiestas Minervalias“, најголемиот пропаганден фестивал на режимот на претседателот Мануел Естрада Кабрера; покрај тоа, централната власт била толку фокусирана на фестивалот што се обидле да го минимизираат влијанието на ерупцијата и отишле толку далеку со пропагандата што им кажале на граѓаните дека тоа не се случило во Гватемала, туку во Мексико.[6] Понатаму, властите во Кецалтенанго добиле службен одговор од владата дека нема средства за санација на штетата од ерупцијата, бидејќи тие веќе биле потрошени за помош по земјотресот во април 1902 година.[7] Во такви околности, регионалните власти во градот Кецалтенанго објавиле дека се уништени сите земјоделски насади во западната зона, и се предвидувал глад поради недостаток на храна; исто така, добитокот бил зафатен од катастрофата, многу грла угинале, и се предвудувал недостаток од месо. За среќа централната власт им дозволила да увезуваат брашно без даноци во сладните неколку месеци.

За месното население последиците од ерупцијата биле катастрофални; тие не само што ги изгубиле роднините, пријателите, домовите, и полињата, туку биле и принудени да работат бесплатно за земјопоседниците кои биле компензирани за направената штета со конфискувани поседи од локалните комунисти во областа Сан Мигел Успантан Киче, областа Панам во Сучитепеге и областа Солола.

Сантиагуито уреди

По ерупцијата во 1902 година следеле 20 години мирување. Во 1922 година почнале нови ерупции со екструзија на лава од куполата во кратерот направен 1902 година. Лава куполата во кратерот била дацитска во составот.[8] Растот на куполата бил и егзоген и ендоген. Активноста била концентрирана на неколку различни отвори со што Сантиагуито добил неколку куполи кои се преклопуваат. Моментално активен вентил е само Ел Калиенте. Има уште три други вентили и тоа Ел Брухо, Ел Митад и Ел Моње.[9]

Иако најголем дел од еруптивните активности на Сантиагуито се умерени, забележани се и повремени поголеми експлозии. Во 1929 година, дел од куполата се распаднал, генерирајќи пирокластични текови кои во околината убиле од неколку стотици до 5.000 луѓе.[10] Повремените одрони создале помали пирокластични текови, додека вертикалните ерупции на пепел до височина од неколку километри над куполата биле вообичаени.

Вулкански опасности на Санта Марија уреди

 
Областите на југ од Санта Марија се значително погодени од активноста на вулканот. Во моментов, најчестите вулкански опасности во Санта Марија се лахари, кои често се случуваат во дождовната сезона поради обилните дождови кои паѓаат на лабавите вулкански наоѓалишта. Градот Ел Палмар кој се наоѓа на 10 километри (6 милји) од Сантиагуито, е на двапати уништен од лахарите што ги принудило жителите да го преселат градот во сегашниот Нуево Ел Палмар во кој инфраструктурата, како што се патиштата и мостовите се постојано оштетени. Лахарите ги имаат погодено и реките на кои теченито им се протега сè до Тихиот Океан.

 
Жежок лахар паѓа во реката близу Ел Палмар 1989 година.
Лавините текови не се случуваат често од Сантиагуито, и имаат тенденција да се протегаат не повеќе од неколку километри од куполата. Магмата во Сантиагуито е богата со силикати, и затоа е високо вискозна.
 
Затоа, тековите на лава се движат бавно и имаат мала опасност по човечкиот живот, иако се случува оштетување на имот. Може да се случат брзи пирокластични текови, и тие може да патуваат неколку километри од куполата.

Една опасност која би можела да биде катастрофална е колапсот на самата Санта Марија. Кратерот од 1902 година кој се наоѓа на јужниот дел од планината се има извишено над просечната граница и доколку дојде до нов земјотрес или ерупција во областа може да предизвика огромно лизгање на земјиштето кое може да покрие до 100 квадратни километри (39 квадратни милји). Сепак, ова се смета дека е малку веројатно да се скучи во блиска иднина.

Иако вулканот Санта Марија претставува закана за месното население, сепак е прогласен за вулкан на декадата, кој е идентификуван како мета за одредена студија од страна на вулканолозите со цел на ублажување на сите идни природни катастрофи предизвикани од вулканите.

Наводи уреди

Белешки
  1. „Гагзанул“. Oregon State University. Архивирано од изворникот на 2018-02-27. Посетено на 2017-12-01.
  2. „Големи вулкански ерупции“. Smithsonian Institution. Посетено на 12 октомври 2008.
  3. „Геолошки процеси“. Geology.com.
  4. „Санта Марија“. Global volcanism program. Архивирано од изворникот на 2007-08-20. Посетено на 20 август 2007.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Кога денот стана ноќ“: Revista Estudios Digital.
  6. „Реакција на властите“: Tipografía Nacional. стр.64
  7. „Реакција на властите“: Tipografía Nacional. стр.67
  8. „Ерупција секој час“. National Geographic. Посетено на 27 јануари 2017.
  9. „Вулкански вентили“. Еаrth Маgazine. Посетено на 28 септември 2014.
  10. „Пирокластични текови“: Сапер и Термер, 1930 г.
Литература

Надворешни врски уреди