Пирокластичен материјал
Пирокластичните карпи или пирокластите (изведени од грчкиот збор: πῦρ, што значи оган и κλαστός, што значи скршени) — видови на карпи составени само или главно од вулкански материјали. Кога вулканскиот материјал е пренесен и преработен преку механичко дејство, како на пример со ветер или вода, овие карпи се нарекуваат вулкански слоеви. Пирокластичните депозити најчесто се формираат од пепел од воздухот, лапили и бомби или блокови исфрлени од самиот вулкан.
Пирокластите од различни големини се класифицирани како вулкански бомби, лапили и вулканска пепел. Пепелта се смета за пирокластична, бидејќи е направена од вулканска карпа. Една од најспектакуларните форми на пирокластичен депозит се игнимбритите, депозити формирани од високотемпературната гасна и пепелна мешавина на пирокластични текови.
Може да се разликуваат три начини на пренесување: пирокластичен проток, пирокластичен бран и пирокластичен пад. За време на плинските ерупции, пемза и пепел се формираат кога силициската магма е фрагментирана во вулкански канал, поради декомпресија и раст на меури.