Весна Мојсова-Чепишевска

Весна Мојсова-Чепишевска (10 април 1967) — македонски книжевен теоретичар, критичар и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“[1].

Весна Мојсова-Чепишевска
Занимањепрофесор
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ПредметСовремена македонска книжевност; Книжевност за деца
Книжевно движењемакедонска книжевност, книжевна теорија

Животопис

уреди

Весна Мојсова-Чепишевска е родена на 10 април 1967 година во Скопје. Tаа е ќерка на Љубица Мојсова (1945), родена Ивановска и на Сократ Мојсов (1942), познатиот фудбалер и е еден од неколкуте легенди на ФК Вардар (за кого дебитира во првиот тим со свои неполни осумнаесет години, а се издвојува со 362 одиграни натпревари и 166 голови), но и за францускиот ФК Рен (во сезоните 1971-73). Од својата десетта па сè до својата осумнаесетта година, таа е член на Детското драмско студио при Македонската радио-телевизија. Уште додека студира на Филолошкиот факултет во Скопје, работи како презентер и водител во истата телевизиска куќа.

Кариера како предавач / универзитетски професор

уреди

По дипломирањето, од 1990 година, Весна Мојсова-Чепишевска предава група предмети од областа на современата македонска книжевност, a од 2010 година ги предава и предметите Книжевност за деца 1 и 2, како и предмети од областа на македонската култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012 година е избрана за редовен професор на истиот факултет, а во 2017 година и по вторпат за редовен професор во трајно звање. Од ноември 2004. до октомври 2008 година ја обавува функцијата продекан за настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и надворешен член на Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков”. Во периодот 2013- 2016 година, таа е раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а од март 2014 година и член на Извршниот одбор на Универзитетскиот спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2002 година, две децении работи и како лектор по македонска литература на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Од октомври 2019 година до септември 2023 година е директорка на МСМЈЛК при УКИМ.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на Македонскиот славистички комитет (МСК), од 2009 година. Од 2018 година е член на Претседателството на ДПМ. Била член и на Советот за македонски јазик при Министерството за култура на Р Македонија (2012-2016).

Творештво

уреди

Нејзиниот работен стаж на Универзитетот е во знакот на нејзиното учество на бројни научни и стручни конференции, семинари и симпозиуми, како и на над 400 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија, од кои голем дел со меѓународна редакција. Автор е на научните книги / монографски публикации (8):

како и на антологиите (3):

Се јавува и како соавтор на антологиите (5):

  • Vesna Mojsova-Čepiševska, Boguslaw Zieliński, Lech Miodyński. ŽEGLARZE PAMIĘCI (Antologija wspólczesnej literatury macedońskiej). Poznań: Uniwesytet Im. Adama Mickiewicza, 2009, 500[8].
  • Angelina Banović-Markovska / Vesna Mojsova-Čepiševska. DON’T YOU FYROM ME (Suvremena makedonska pričа) vo Književna revija. Osijek: Matica Hrvatska, 2009, god.49, br.2-3, 243.
  • Весна Мојсова-Чепишевска / Иван Антоновски. „Ветерот носи убаво време“ (Антологија на најмладата македонска поезија и проза). Скопје: Матица македонска, 2012, 337.[9]
  • Весна Мојсова-Чепишевска / Иван Антоновски. „Од чежње до ероса“ (Антологија македонске љубавне лирике). Ниш: Нишки културни центар, 2014, 312.[10]
  • Весна Мојсова-Чепишевска / Иван Антоновски „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“. Скопје: ПНВ Публикации, 2023, 208. [1]

Мојсова-Чепишевска е авторка и на првиот и досега единствен учебник по македонска литература и култура за странци „Везилка“ Архивирано на 23 април 2022 г. (Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2019, 158)[11]. Во 2022 година е објавено второ, дополнето и изменето издание на учебникот „Везилка“ Архивирано на 20 ноември 2022 г. (Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2022, 188).[12]

Второто издание на учебникот по македонска литература и култура за странци „Везилка“ е достапно и како аудиокнига.[13]

Соавторка е и на една белетристичка книга:

Оваа книга, во 2021 година е поставена на платформата „Самоглас“[14] во аудиоформа.

Награди

уреди

За антологијата „Од чежње до ероса“ во февруари 2015 година ја добива наградата „Светосавски печат“ за посебна книга како исклучителен авторски и издавачки потфат на XI Светосавскиот саем на книга во Ниш. Во мај 2015 година ја добива и меѓународна награда „Ана Франк“ за афирмација на литературата за деца и млади на фондацијата „Македонија презент“ и на издавачкатата куќа „Феникс“. Во февруари 2016, за нејзината книга „Семеен албум“ е наградена со наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра книга критики и есеи[15].

Во 2022 година, на Весна Мојсова-Чепишевска ѝ е доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата[16].

Приватен живот

уреди

Весна Мојсова-Чепишевска е сопруга на Стефан Чепишевски кој во јавниот живот е познат како Стево, македонски машки (придружен) вокал кој има голем број музички снимки и јавни радио и ТВ настапи, како и настапи на голем број на живи свирки и на концерти на познати македонски бендови и пејачи, еден од ретките кој има дури три настапи на Евровизија. Весна Мојсова-Чепишевска е мајка на Сара Чепишевска-Витларова, некогашната голема ТВ ѕвезда од музичката серија на МРТ „Дајте музика’ (1993), а потоа и во емисијата „Сител бамбини“. Денес таа како дипломиран дефектолог-логопед и магистер по филолошки науки од областа на психолингвистиката и македонистиката, работи на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје .Весна Мојсова-Чепишевска е мајка и на Горазд Чепишевски, инженер-металург и познат пливач кој како член на ПК Вардар и на македонската репрезентација сè уште држи некои рекорди во помалите категории на 50, 100 и 200 метри грбно во мали и големи базени и е апсолутен рекордер на Р Македонија во истите дисциплини. Мојсова-Чепишевска е и горда баба на Илина и Дарија, ќерките на Сара Чепишевска-Витларова.

Наводи

уреди
  1. Весна Мојсова –Чепишевска, Игра и симулации, Галикул, Скопје, 2011
  2. „Мал книжевен тестамент“. kupikniga.mk. Посетено на 2022-05-26.[мртва врска]
  3. Весна Мојсова Чепишевска, Семеен албум, Матица македонска, Скопје, 2017
  4. „КЛУЧ ВО КЛУЧАЛКАТА НА ДЕТСТВОТО МАТИЦА - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2021-08-18. Посетено на 2022-05-26.
  5. „„Конески како тестамент"-нова книга од Весна Мојсова Чепишевска“. Независен Весник. 2021-10-26. Посетено на 2022-05-26.
  6. „КОНЕСКИ КАКО ТЕСТАМЕНТ - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2021-10-17. Посетено на 2022-05-26.
  7. „Пишувачот“. Македоника Литера. Пристапено на: 26.5.2022. Посетено на 2022-05-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Żeglarze pamięci. Antologia współczesnej literatury macedońskiej“. press.amu.edu.pl (полски). Архивирано од изворникот на 2022-06-02. Посетено на 2022-05-26.
  9. „„Ветерот носи убаво време". goodreads.com. Пристапено на: 26.5.2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Нишки културни центар - Градска установа културе“. Нишки културни центар - Градска установа културе (српски). Архивирано од изворникот на 2022-06-02. Посетено на 2022-05-26.
  11. Мојсова-Чепишевска, Весна (Пристапено на: 26.5.2022). „Учебник по современа македонска литература и култура „Везилка" (PDF). ukim.edu.mk. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-04-23. Посетено на 2022-05-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Мојсова-Чепишевска, Весна (Пристапено на: 14.11.2022). „Учебник по современа македонска литература и култура „Везилка" – второ, дополнето и изменето издание“ (PDF). ukim.edu.mk. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-11-20. Посетено на 14.11.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Vesna Mojsova-Chepishevska - Vezilka | UKIM Audiobooks - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2022-11-20.
  14. „Самоглас“. www.samoglas.mk (англиски). Посетено на 2022-05-26.
  15. „ДПМ ги соопшти добитниците на петте годишни награди за 2015“. А1он (англиски). 2016-02-03. Посетено на 2022-05-26.
  16. „Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот“. Независен Весник. 2022-11-14. Посетено на 2022-11-20.