Сократ Мојсов
Сократ Мојсов (1 март 1942, Сетина, Егејскиот дел на Македонија) — поранешен македонски фудбалер. За репрезентацијата на Југославија настапил трипати. Важел за еден од најдобрите македонски играчи од југословенската ера (пред 1992). Забележлив бил по неговата способност за играње со глава и индивидуалните вештини со топка.
Сократ Мојсов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 март 1942 | ||
Роден во | Сетина, Царство Бугарија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | Напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1958–1971 | ФК Вардар | 213 | (67) |
1971–1972 | ФК Рен | 23 | (8) |
Репрезентација | |||
1964–1966 | Југославија | 3 | (0) |
Клупска кариера
уредиКариерата ја започнал во Вардар како младинец, а брзо стигнал во сениорскиот тим. За Вардар одиграл 362 натпревари и постигнал 166 гола во сите натпреварувања.[1] Две години играл во Франција за ФК Рен, во Лига 1 [2] и се пензионирал во 1973 година.
Меѓународна кариера
уредиЗа сениорската репрезентација на Југославија дебитирал на пријателскиот натпревар против Бугарија во април 1964 година, вкупно настапил на 3 натпревари, без постигнати голови. Неговиот последен меѓународен настап биил пријателскиот натпревар против Советскиот Сојуз во септември 1966 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Сократ Мојсов (profile) – FK Vardar (на македонски)
- ↑ Sokrat Mojsov (player profile) – Stade Rennais (на француски)
- ↑ „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-25.
Надворешни врски
уреди- Сократ Мојсов на National-Football-Teams.com
- Profile on Serbian federation official site[мртва врска]