Горазд Чепишевски
Горазд Чепишевски — македонски пливач, кој настапува за пливачкиот клуб „Вардар“ од Скопје.
Животопис
уредиКариера
уредиВо октомври 2014 година, на пливачкиот митинг во Зрењанин, Србија, пливајќи во мал базен (25 м.), во трката на 200 метри градно, Чепишевски поставил апсолутен рекорд на Македонија, со време од 2:03, 42 минути. Притоа, тој го соборил македонскиот рекорд што една недела порано го поставил Марко Блажевски.[1]
На Светското првенство во пливање на 25-метарски базени, одржано во декември 2014 година, во Доха, Чепишевски поставил два државни рекорда на Македонија, и тоа: на 50 метри грбно (25,56 секунди) и на 100 метри грбно (56,70 секунди).[2]