Божидар Видоески
Божидар Видоески — (Звечан, Порече, 8 јуни 1920 - Сремска Каменица, 16 мај 1998) – македонски јазичар, македонист, славист, основоположник на современата македонска дијалектологија и ономастика, дописен член на МАНУ (1969) и редовен (1974), странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) (1986), на Полската академија на науките и уметностите (ПАНУ) (1994), на САНУ (1997) и почесен доктор на Шлeскиот универзитет (Śląski Uniwersytet) во Катовице (Полска). За својата научна работа и за заслугите околу организацијата на науката во Македонија добитник е на високи награди и признанија.[1]
Божидар Видоески | ||
Роден | 8 ноември 1920 Звечан, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 мај 1998 Сремска Каменица, Србија, СР Југославија срцев удар | (возр. 77)|
Занимање | јазичар, дијалектолог |
Животопис
уредиРоден е на 8 ноември 1920 година во село Звечан, Порече, Македонија. Тој е познат јазичар, македонист и се смета за татко на македонската дијалектологија. Завршил филологија и докторирал на скопскиот универзитет. Бил долгогодишен професор и шеф на катедрата на Филолошкиот факултет во Скопје. Починал на 16 мај 1998 година од срцев удар.
Творештво
уреди- Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик, ИМЈ, Скопје 1953;
- Кумановскиот говор, ИМЈ, Скопје 1962;
- Дијалектите на македонскиот јазик I–III, МАНУ, 1998–1999;
- Фонолошките бази на говорите на македонскиот јазик, МАНУ 2000;
- Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик, МАНУ 1999;
- (избор на трудови во превод на полски јазик:) „Slavia Meridionalis“, 2, Macedonica, Tom poswiecony Bozydarowi Vidoeskiemu, Insttut Slawistyki PAN, Warszawa, 1999;
- Прашалник за собирање материјал за македонскиот дијалектен атлас, ИМЈ 2000; Dialects of Macedonian, Slavica, Bloomington, Inidiana, 2005;
- (со З.Тополињска:) Од историјата на словенскиот вокализам, МАНУ, 2006.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 275. ISBN 978-608-203-023-4.