Полска академија на науките
Полска академија на науките или ПАН (полски: Polska Akademia Nauk, PAN) — државна установа во Варшава посветена на развојот на нуката во Полска и нејзино промовирање преку мрежа од истакнати научници.
Polska Akademia Nauk | |
Сташицовиот дворец — дом на академијата | |
Кратенка | ПАН |
---|---|
Основана | 1951[1] |
Вид | национална академија, академија на науките |
Седиште | Варшава |
Регион | Полска |
Претседател | Јежи Душињски |
Мреж. место | pan.pl |
Историја
уредиПАН е основана во 1951 г. со одлука на владата на НР Полска, спојувајќи повеќе научни друштва како Полската академија на знаењето (Polska Akademia Umiejętności, PAU) од Краков и Варшавското друштво на пријателите на науката, основана кон крајот на XVIII век.[1]
Со академијата управува тело од академици кои работат во нејзините институти, како и поединечни стручни комисии. ПАН раководи со работата на поголем број на научноистражувачки институти со преку 2.000 лица. Средствата за работа на институтите доаѓаат од полската држава, која им посветува една третина од буџетот предвиден за научни дејности.[2]
Институти
уредиПАН има голем број институти, меѓу кои и следниве:
- Институт за историја на науките — Варшава
- Институт за економија — Варшава
- Институт за биологија на цицачите — Бјаловјежа
- Институт за математика — Варшава
- Институт за опитна биологија „Марцелиј Ненцки“ — Варшава
- Институт за физичка хемија — Варшава
- Институт за агрофизика „Богдан Добжањски“ — Лублин
- Центар за молекуларни и макромолекуларни изучувања — Лоѓ
- Институт за основни технички проблеми — Варшава
- Институт за металургија и материјално инженерство „Александар Крупковски“ — Краков
- Институт за фармакологија[3] — Краков
- Институт за информатика — Варшава
- Музеј и институт за зоологија — Варшава
Периодика
уредиАкадемијата ги издава слединве стручни списанија:
- Acta Arithmetica
- Acta Ornithologica
- Acta Palaeontologica Polonica
- Acta Physica Polonica
- Annales Zoologici
- Archaeologia Polona
- Fundamenta Mathematicae
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-08-04. Посетено на 2014-08-13.
- ↑ Ustawa z dnia 30 kwietnia 2010 r. o Polskiej Akademii Nauk.
- ↑ Thomas A Ban; Hanns Hippius (6 December 2012). Thirty Years CINP: A Brief History of the Collegium Internationale Neuro-Psychopharmacologicum. Springer Science & Business Media. стр. 153–. ISBN 978-3-642-73956-9.
Надворешни врски
уреди„Полска академија на науките“ на Ризницата ? |
- Полска академија на науките (полски) (англиски)