Хрватска академија на науките и уметностите

(Пренасочено од ХАЗУ)

Хрватска академија на науките и уметностите или ХАЗУ (хрватски: Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti, HAZU; латински: Academia Scientiarum et Artium Croatica) — национална академија of Хрватска. Основана е во 1866 г. и претставува најстарата национална академија во Југоисточна Европа.

Хрватска академија на науките и уметностите
Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti
Зградата на академијата на плоштадот „Зрињевац“ во Загреб
КратенкаХАЗУ
Основана1866; пред 158 години (1866)
Виднационална академија
Целнаука, уметност, општествени науки
СедиштеЗагреб, Хрватска
Место45°48′33″N 15°58′43″E / 45.80917° СГШ; 15.97861° ИГД / 45.80917; 15.97861
Членство139 редовни (мај 2016)[1]
ПретседателЗвонко Кусиќ
Главно телоПретседателство на академијата[2]
Буџет68,3 мил. kn (9,1 мил. ) (2016)[3]
Мреж. местоhazu.hr
Палатата на Народниот дом — прво седиште на ЈАЗУ.

ХАЗУ е основана под покровителство на епископот Јосип Јурај Штросмајер под името Југословенска академија на науките и уметностите или ЈАЗУ (Jugoslavenska akademija znanosti i umjetnosti, JAZU) со намера да биде главна културно-научна установа на сите Јужни Словени. Денес нејзини главни цели се поттикнувањето и приредувањето на научна работа, примената на постигнатото, развој на културно-уметничката дејност, старателство над културното наследство на Хрватска и нејзино претставување во светот, објавување на научни трудови и творечки дела и советодавна улога за унапредувањето на науката и уметноста во областите од особено значење за Хрватска.

Академијата има девет одделенија кои претставуваат подрачја на дејност од научен, општествен и творечки карактер. При основањето во 1866 г. имала 16 члена, а денес има околу 160, од кои некои се академици, а некои надворешни соработници и сл.

Историја уреди

Установата е основана во Загреб на 29 април 1861 г. со одлука на Собранието на Хрватска како Југословенска академија на науките и уметностите. За таа цел во 1860 г. епископот Штросмајер основал задолжбина (фонд) како дел од неговите напори за развој на високообразовната дејност, и потоа поднел голем паричен прилог кај тогашниот хрватски бан Јосип Шокчевиќ. Во истиот период, Штросмаер се јавил и како покровител на Зборникот на браќата Миладиновци.

По неколкугодишна расправа во Собранието и консутации со царот Франц Јосиф, во 1866 г. академијата конечно е внесена во законот. Нејзин офицјален добродетел бил Штросмајер, а за прв претседател е поставен истакнатиот хрватски историчар Фрањо Рачки.[4] За генерален секретар е избран Ѓуро Даничиќ, кој одиграл клучна улога во подготовката на капиталното дело „Хрватски или српски речник на ЈАЗУ“.

Воспоставувањето на академијата било проследено со возобновата на Загрепскиот универзитет, основан во 1669, а востановен од Штросмајер во 1874 г. Штросмајер исто така ја отпочнал изградбата на заградата на академијата на плоштадот „Зрињевац“, чија изведба завршила во 1880 г.[4] Во 1884 г. во неа е сместена и познатата „Штросмајерова галерија на старите мајстори“ со 256 дела, претежно уметнички слики.[4] Денес истата претставува најзнаменита ликовна галерија во Загреб.

Во 1867 г. почнала да го издава списанието „Рад“. Во 1882 г. секое поединечно одделение почнало да издава свое списание. Во 1887 г. е издаден првиот „Летопис“ на академијата, како и неколку други дела од историјата и етнологијата.

Некои прочуени членови на ЈАЗУ се Иван Супек, Михаило Петровиќ-Алас, Драгутин Горјановиќ-Крамбергер и Лавослав Ружичка.

Промени на името уреди

За време на Независна Држава Хрватска од 1941 до 1945 г. академијата се нарекувала „Хрватска“ место „Југословенска“.

Со осамостојувањето на Хрватска во 1991 г. акадеимјата е повторно преименувана во „Хрватска“.

Одделенија уреди

 
Главното скалиште на академијата.

ХАЗУ има девет одделенија:[5]

  • Одделение за општествени науки
  • Одделение за математички, физички и хемиски науки
  • Одделение за природни науки
  • Одделение за медицински науки
  • Одделение за филолошки науки
  • Одделение за книжевност
  • Одделение за ликовни уметности
  • Одделение за музичка уметност и музикологија
  • Одделение за технички науки

Завод за историски науки уреди

Една од истражувачките единици на академијата е Заводот за историски науки сместен во ренесансна вила Дубровник и има богата збирка на ракописи и обичен библиотечен фонд. Институтот објавува две рецензирани списанија, целосно достапни на семрежјето: Anali на хрватски и Dubrovnik Annals на англиски.[6]

Членови уреди

Постојат четири вида членови:[7]

  • редовни членови
  • членови-соработници
  • почесни членови
  • дописни членови

Од нив, може да има највеќе 160 редовни и 160 дописни членови, како и 100 соработници.[7] Секое одделение може да има највеќе 24 редовни члена. Само редовните членови го носат звањето „академик“ или „академкиња“.

Досегашни претседатели уреди

 
Фрањо Рачки — првиот претседател на ЈАЗУ.
  • Фрањо Рачки (1866-1886)
  • Павао Мухиќ (1887-1890)
  • Јосип Торбар (1890-1900)
  • Тадија Смичиклас (1900-1914)
  • Томислав Маретиќ (1915-1918)
  • Владимир Мажураниќ (1918-1921)
  • Густав Јанечек (1921-1924)
  • Гавро Манојловиќ (1924-1933)
  • Алберт Базала (1933-1941)
  • Томо Матиќ (1942—1946)
  • Андрија Штампар (1947-1958)
  • Грга Новак (1958-1978)
  • Јаков Сиротковиќ (1978-1991)
  • Иван Супек (1991-1997)
  • Иво Падован (1997-2003)
  • Милан Могуш (2003-2010)
  • Звонко Кусиќ (2011-)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. http://www.jutarnji.hr/vijesti/hrvatska/izabrano-novih-11-redovitih-clanova-hazu-a-svecano-proglasenje-9.-lipnja/3750141/
  2. „Presidency of the Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. Архивирано од изворникот на 24 декември 2008. Посетено на 15 јануари 2009.
  3. „Izmjene i dopune financijskog plana Hrvatske akademije znanosti i umjetnosti za 2016“ (PDF). Croatian Academy of Sciences and Arts. 30 November 2016. Посетено на 2016-12-14.
  4. 4,0 4,1 4,2 „The Founding of the Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2010. Посетено на 17 јануари 2009.
  5. „Classes of Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. Архивирано од изворникот на 24 декември 2008. Посетено на 14 јануари 2009.
  6. About the Institute
  7. 7,0 7,1 „Members of Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. Архивирано од изворникот на 24 декември 2008. Посетено на 14 јануари 2009.

Надворешни врски уреди