Пинк флојд

англиски рок-група
(Пренасочено од Пинк Флојд)

Пинк флојд (англиски: Pink Floyd) — англиски рок-група, препознатлива по психоделичната или спејс рок музика, и, со текот на времето, по нивната прогресивна рок-музика. Групата е позната по филозофските текстови, експериментирањето, иновативните корици на албумите и ненадминливите настапи во живо. Едно од нивните најголеми достигнувања во рок-музиката, е продажбата на повеќе од 200 милиони албуми низ светот,[1][2] вклучувајќи 74,5 милиони албуми само во САД.[3]

Пинк флојд
Пинк Флојд во 1968 со (Л–Д): Ник Мејсон (Nick Mason), Сид Берет (Syd Barrett), Дејвид Гилмор (David Gilmour), Роџер Вотерс (Roger Waters) и Ричард Рајт (Richard Wright)
Животописни податоци
Жанровиарт рок, прогресивен рок, психоделичен рок, спејс рок, хард рок
Период на активност1964–денес
ИздавачиHarvest, EMI, Capitol, Tower, Columbia
Мреж. местоwww.pinkfloyd.co.uk
Членови
Дејвид Гилмур
Ричард (Рик) Рајт
Ник Масон
Поранешни членови
Роџер Вотерс
Сид Берет
Боб Клос
Pink Floyd (1973)

Во доцните 1960-ти, Пинк Флојд била една од најпопуларните групи на лондонската андерграунд музичка сцена, предводени од Сид Берет (Syd Barrett), кој поради непредвидливото однесување бил заменет со гитаристот и пејачот Дејвид Гилмор (David Gilmour). По заминувањето на Берет, пејачот и басистот Роџер Вотерс (Roger Waters) постепено станал доминантен член на групата во доцните 1970-ти, сè до неговото заминување во 1985 година. Групата снимила повеќе албуми, од кои најголем успех постигнале: „Темната страна на месечината“ (The Dark Side of the Moon) од 1973 година, „Посакувам да беше овде“ (Wish You Were Here) од 1975 година, „Животни“ (Animals) од 1977 година и „Ѕид“ (The Wall) од 1979 година. Во 1985 година, преостанатите членови на групата, предводени од Гилмор, продолжиле да снимаат и да настапуваат под истото име, и покрај тоа што биле обвинувани од Вотерс во врска со правата на името. По долг период, без судска одлука, тие добиле согласност од Вотерс за користење на името „Пинк флојд“, а Вотерс настапил со групата, по пауза од 24 години, на 2 јули 2005 година, на концертот London Live 8. Со поставата без Вотерс, групата доживеала светски успех со албумите A Momentary Lapse of Reason (1987) и The Division Bell (1994).

Историја на групата

уреди

Ерата на Сид Берет: 1964–1968

уреди

Пинк Флојд се зачнати од поранешен рок бенд, формиран во 1964,[4][5] кој бил познат по повеќе имиња и тоа Sigma 6, the Meggadeaths, The Tea Set (или The T-Set), The Architectural Abdabs, The Abdabs и The Screaming Abdabs. Кога бендот се растурил, некои од членовите — гитаристите Боб Клос (Bob Klose) и Роџер Вотерс (Roger Waters), тапанарот Ник Масон (Nick Mason), и клавијатуристот Ричард Рајт (Richard Wright) — формираат нов бенд наречен "Tea Set". По несогласувањата со водечкиот вокал Крис Денис (Chris Dennis),[6] блуз и фолк гитаристот и вокал Сид Берет се приклучува на бендот, со тоа што Вотерс се префрла на бас.[7]

Кога The Tea Set сфатија дека функционираат како друг бенд под истото име, Берет доаѓа со алтернативно име The Pink Floyd Sound, добиено од имињата на двајца блуз музичари, Пинк Андерсон (Pink Anderson) и Флојд Консил (Floyd Council) (двете имиња ги видел во белешките на албумот Blind Boy Fuller).[8][9] Името уште некое време варирало помеѓу The Tea Set и The Pink Floyd Sound, но подоцна второто било избрано. Зборот Sound бил отфрлен уште на почетокот, но The сè уште бил употребуван сè до 1970. Остварувањата на групата во Велика Британија во времето на Сид Берет се потпишани како The Pink Floyd како и првите два синглови во САД. Албумите од 1969 More и Ummagumma се дело на Pink Floyd, а продукцијата е на The Pink Floyd, додека на албумот од 1970 Atom Heart Mother бендот е именуван како The Pink Floyd, а продукцијата е на Pink Floyd. Дејвид Гилмур е познат по тоа што претпочитал името на бендот да ја има претставката The сè до 1984.[10]

Џез - ориентираниот Клос го напушта бендот само по снимањето на демо,[11] оставајќи зад себе стабилна постава со Берет на гитара и водечки вокал, Вотерс на бас гитара и следечки вокал, Масон на тапани и перкусија, и Рајт на клавијатура и следечки вокал. Берет наскоро почна со пишување на негови песни, под влијание на американскиот и англискиот психоделичен рок но на негов начин со вметнување на неговиот хумор. Пинк Флојд станаа омилени на андеррграунд движењето, свирејќи на привлечни места како УФО Клубот (UFO Club), Марки Клубот (the Marquee Club) и Раундхаус (the Roundhouse).

На крајот од 1966 бендот бил поканет да направи музика за филмот на Питер Вајтхед (Peter Whitehead) Tonite Let's All Make Love In London; Во јануари 1967 тие снимиле две песни за филмот и тоа ("Interstellar Overdrive" и "Nick's Boogie"). Покрај тоа сета музика што била направена за овој филм е издадена во 2005, а изданието носи наслов "London '66/'67".

Како што растела нивната популарност, членовите на бендот во октомври 1966 го формирале Блекхил Ентерпрајсис (Blackhill Enterprises), односно бизнис партнерство со нивните менаџери Питер Џенер (Peter Jenner) и Ендрју Кинг (Andrew King),[12] издавајќи ги сингловите "Arnold Layne" во март 1967 и "See Emily Play" во јуни 1967. "Arnold Layne" го достигна 20 место на Британската Сингл Листа (UK Singles Chart), додека "See Emily Play" го достигна шестото место,[13] гарантирајќи му го на бендот првиот настап на националната телевизија во шоуто Топ оф д Попс (Top of the Pops) во јули 1967. (Бендот имал претходен настап на ТВ, изведувајќи ја "Interstellar Overdrive" во UFO Клубот, во краток документарец со име "It's So Far Out It's Straight Down". Ова било прикажувано само на регионот што го опфаќала англиската телевизија Гранада.).

Дебитантскиот албум на бендот The Piper at the Gates of Dawn излегува во август 1967, и до денес се смета како пример за Британската психоделична музика,[14] а истовремено бил добро прифатен од музичката критика во тоа време. Во денешно време овој албум, од многу критичари е сметан како еден од најдобрите дебитантски албуми на сите времиња.[15] Песните на албумот, претежно напишани од Берет, искажуваат поетични текстови и еклектична комбинација на музика, од авантгарда која се сретнува во песната во слободна форма "Interstellar Overdrive" до импулсивни песни како што е "The Scarecrow", инспирирана од Фенландската фолк музика, рурален регион кој се наоѓа северно од Кембриџ (Cambridge), (родниот град на Берет, Гилмур и Вотерс). Текстовите во овој албум се најчесто нереални (надреалистички) и често имаат врска со фолклорот, како што е "The Gnome". Во музиката се рефлектира користењето на новите технологии во електрониката како што е употребата на стерео панинг, обработка на снимките, ехо ефекти (постигнати со Binson) и електронски клавијатури. Албумот беше хит во Англија каде го достигна шестото место, но не успеа добро во САД каде беше дури на 131-вото место,[16] и тоа одкога бил повторно издаден во времето на комерцијалниот пробив на бендот во седумдесеттите. За време на овој период, бендот имал турнеи со Џими Хендрикс (Jimi Hendrix), што им помогнало за зголемувањето на нивната популарност.

Заминувањето на Берет

уреди

Како што бендот стануваше се попопуларен, стресовите од животот поминат во патување, притисоците од издавачката куќа во врска со издавањето на хит синглови, и прекумерното земање на психоделични дроги битно влијаеа на Берет, чие ментално здравје се влошуваше веќе неколку месеци.[17] Во јануари 1968, гитаристот Дејвид Гилмур се приклучи на бендот за да ги замени должностите на Берет, макар што, по кажувањата на Гилмур, и Џеф Бек (Jeff Beck) бил во игра за тоа место.[18]

Со тоа што однесувањето на Берет стануваше се помалку предвидливо, а со неговото речеси секојдневно користење на ЛСД, тој стана многу нестабилен, одвреме-навреме се губеше (трипуваше) додека остатокот од бендот настапуваше. За време на некои концерти, тој едноставно ќе повторуваше само еден акорд за време на целиот концерт, или ненадејно почнуваше да ја расштимува гитарата.[19] Тој исто така беше ератичен (расеан, нестабилен) и за време на пробите; за време на пробите пред снимање, како што кажуваат членовите на бендот, тој бил совршено подготвен и готов за снимање, но по почнувањето на снимањето тој почнувал да гледа во неодредена точка. Кога снимањето ќе прекинело, тој се претворал, по опишувањето на Вотерс, во “вообичаеното момче кое лесно потскокнува на неговите стапала“. Изгубениот поглед во неговите очи го инспирирал Вотерс, подоцна во 1975, да го напише текстот за "''Shine On You Crazy Diamond''", "Now there's that look in your eyes/ Like black holes in the sky". Концертите на бендот станаа премногу неподносливи, сè додека, другите членови од бендот престанаа да го земаат на концерти. Последниот концерт во кој настапуваше Берет беше на 20 јануари 1968 на Хастингс платформата. Најпрвин се надеваа дека Берет ќе пишува песни а Гилмур ќе ги изведува, но премногу тешките композиции на Берет, како што е "Have You Got It, Yet?", го натера бендот да се откаже.[20] Кога заминувањето на Берет веќе беше формално во април 1968, продуцентите Џенер и Кинг одлучија да останат со него, Блекхил партнерството беше раскинато.[20] Бендот го зеде Стив О`Рурк (Steve O'Rourke) како менаџер, и тој остана со Пинк Флојд сè до неговата смрт во 2003.[21]

По снимањето на два соло албуми (The Madcap Laughs и Barrett) во 1970 (со ко-продукција и понекогаш вклучување на Гилмур, Вотерс и Рајт) со половичен успех, Берет се повлече од јавноста. Враќајси го своето вистинско име, Роџер, тој се врати во својот роден град Кембриџ и живееше повлечен живот сè до неговата смрт на 7 јули 2006.

Застанување на сопствени нозе: 1968–1970

уреди

Ера на пробивање: 1971–1975

уреди

Ерата на Роџер Вотерс: 1976–1985

уреди

Ерата на Дејвид Гилмур: 1987–1995

уреди

Самостојни проекти и друго: 1995–

уреди

Идни насоки

уреди

Концерти во живо

уреди

Влијание

уреди

Дискографија

уреди

Албуми

уреди

ДВД и видео

уреди

Филмови за Пинк флојд

уреди
  • „Приказната за Пинк Флојд: Кој е пинк?“ (The Pink Floyd Story: Which One Is Pink?) - британски документарен филм од 2007 година, во режија на Крис Родли.[22]

Членови

уреди

Претходни членови

уреди

Извори

уреди


Надворешни врски

уреди

Официјални сајтови

уреди

Други врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Times-20 јули 2006“. Архивирано од изворникот на 2012-03-13. Посетено на 2008-07-22.
  2. BBC News release 2006
  3. RIAA, retrieved 22 април 2006
  4. „Pink Floyd online“. Архивирано од изворникот на 2008-02-26. Посетено на 2008-07-22.
  5. Infoplease
  6. Mason, p. 21
  7. Schaffner, p. 25
  8. Mason, p. 30
  9. Uncut, September 2006, p. 54
  10. Schaffner, p. 276
  11. The complete guide to the music of Pink Floyd. London: Omnibus. 1995. стр. 150. ISBN 071194301x Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  12. Schaffner, p. 30
  13. Schaffner, p. 320–321
  14. „allmusic (((Pink Floyd > Discography > Main Albums)))“. Посетено на 2006-02-16.
  15. Rolling Stone, 26 октомври 1968
  16. Pink Floyd & Co. discography Архивирано на 28 мај 2008 г., retrieved 15 февруари 2006
  17. The Observer, 6 октомври 2002
  18. Pinnell, B. (1980). „Australian Radio Interview, David Gilmour“. Архивирано од изворникот на 2008-04-24. Посетено на 2007-08-24.
  19. Schaffner, p. 105
  20. 20,0 20,1 Schaffner, p. 107–108
  21. [1] Архивирано на 28 февруари 2008 г., 11 април 2003
  22. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017.