Бранислав Саркањац
Бранислав Саркањац (р. Скопје, 14 април 1958) — македонски филозоф, професор, социополитички аналитичар и колумнист од конзервативно убедување.
Животопис
уредиСаркањац е роден во Скопје во 1958 година каде што ги завршил сите степени на своето образование. По татко има српско и шокачко потекло од Барања, Хрватска, додека по мајка води потекло од Миравци, Гевгелиско и од Кукуш. Во 1987 година истражува во Лондон, во Британската библиотека. Во 1989 година е во Лајпциг каде што најмногу работи во Германската национална библиотека. Интересно е неговото сведоштво од Источна Германија во таа историска година. Како што вели самиот: „Целата 1989 година, во Лајпциг, Берлин и Дрезден го гледав подготвувањето на рушењето на Берлинскиот ѕид“,[1] Ги издвојува Серен Кјеркегор и Лудвиг Витгенштајн како мислители кои најмногу го одредиле неговиот начин на аргументација. Самиот укажува дека студијата на Даниел Канеман и Амос Тверски, од 1974 година, за тоа како луѓето донесуваат судови во услови на неодреденост, ја нашол најголемата поддршка во истражувањето на односот на поединецот спрема идеологијата. Бранислав Саркањац, заедно со Небојша Вилиќ и Бојан Иванов, се јавува како еден од иницијаторите и основачите на интелектуалната групација 359 степени – Мрежа за локални и субалтерни херменевтики чија основна цел е „пренасочување на императивните дискурси на Исток-Запад кон локалната сцена и нејзината локална прагматика“, како и „промоција на локалните и сопствените ресурси и нивно поставување“,кои не се во функција на западните интерпретативни методологии“ [2]. Денес Саркањац е редовен професор на Филозофскиот факултет[3] во Скопје каде ги предава предметите „Филозофија на политиката“, „Социологија на медицина“, „Социологија на здравјето и болеста“ и „Современи теории на управување“. Работел и како советник во македонската влада[4]. Активен е во локалната власт како советник и претседател на комисијата за образование во Општина Центар[5]. Неделниот весник Глобус го вбројува меѓу стоте највлијателни луѓе во Македонија [6].
Библиографија
уреди- „Дома — Идејата на конзервативизмот“, Макавеј, Скопје, 2011.
- „Социологија на здравјето и болеста“, Скопје, 2010 (соавтор Стефан Костовски)
- „Идеологијата и поединецот“, Макавеј, Скопје, 2009
- „По свое – македонски катахрезис или како да се зборува за Македонија“, „Макавеј“, Скопје, 2009
- Komsi-Kapicik Oltre il multiculturalismo. Politica e cultura a cura di Branislav Sarkanjac Архивирано на 7 мај 2006 г.
- „Македонски катахрезис“, 359, Скопје, 2001
- „Корени и ризоми“, 2001 (коедитор со Б. Иванов)
- Комши-капиџик. Култура и Политика (приредувач), 359° - Мрежа за локални и субалтерни херменевтики, Скопје, 2000.
- „Јавно здравје и здравствена реформа - Политички и социолошки перспективи“[мртва врска], Филозофски факултет - Институт за здравје и општество Скопје, 2008
- [1] Архивирано на 12 декември 2010 г. Branislav Sarkanjac, On Regional Identity
- „Социологија на медицината“, 1999 (соавтор со С. Костовски)
- „Идеологијата и субјективитетот“, Скопје, 1993
Преводи
уреди- Лудвиг Витгенштајн, „Јазикот и јазичните игри“ во: Иван Џепароски (приредил), Естетика на играта, Култура, Скопје, 2003.
- Лудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Магор, Скопје, 2002 („Подарокот на Витгенштајн“ – предговор кон преводот).
- Валтер Бенјамин, Задачата на преведувачот, објавен во LETTRE INTERNATIONALE 8, 1997, Скопје., стр. 39-46. (превод од германски).
Наводи
уреди- ↑ „Идеологијата и поединецот“. Макавеј, Скопје, 2009. Text "http://www.rastko.rs/cms/files/books/4c292ac54d2ba" ignored (help); Text "(Предговор кон второто издание, стр. 12)" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „Sarajevske sveske NO 1. 2003“ (PDF).
- ↑ „Институт за Филозофија - Наставен Кадар“. Институт за Филозофија - Филoзофски факултет. Архивирано од изворникот на 2009-09-04. Посетено на 2009-11-20.
- ↑ „Панде Лазаревски, Бранислав Саркањац и Жан Митрев, советници на Груевски“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2009-11-20.
- ↑ „С П И С О К НА КОМИСИИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“. Општина Центар. Посетено на 2009-11-20.
- ↑ „СТОТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА“. Глобус. Архивирано од изворникот на 2008-09-26. Посетено на 2008-09-23.
Интервјуа со Саркањац
уреди- Интервју со Бранислав Саркаќац Архивирано на 6 јули 2008 г. за Македонско Сонце
Надворешни врски
уреди- Бранислав Саркањац, НАЗАД КОН МИСИРКОВ Прашањето на народноста[мртва врска]
- Elizabeta Šeleva, "Katahrestički čitajući Sarkanjca"
- Анастасија Ѓурчинова, „Македонија и постколонијалниот дискурс“[мртва врска]
- Зоран Бојаровски - ТВ-графит „Спонтан“[мртва врска]
- Дејан Буѓевац, „Македонската политичко-филозофска ситуација“[мртва врска]