Ричард Хју „Ричи“ Блекмор (англиски: Richard Hugh "Ritchie" Blackmore) (роден на 14 април 1945 година во Вестон-супер-Мер) е англиски гитарист кој бил основач на хард-рок бендовите Deep Purple и Rainbow.Блекмор го напуштил “Deep Purple” прво во 1975 година, а повторно во 1993 година поради зголемените недоразбирања помеѓу Блекмор и останатите членови на бендот во врска со обновениот комерцијален успех. Неговиот сегашен бенд е под влијание на ренесансата и се вика Blackmore’s Night. Блекмор, според магазинот “Rolling Stone” е рангиран на 55 место на листата за „Најдобрите 100 гитаристи на сите времиња“.

Ричи Блекмор во живо во 2009 година

Детство и понатамошен живот

уреди

Блекмор е роден во приватниот дом за стари лица [“Allandale”] во Вестон-супер-Маре, Англија, но кога имал две години се преселил во Хестон, Мидлсекс. Тој имал 11 години кога ја добил својата прва гитара. Татко му му ја купил под неколку услови: „Тој рече дека ако свирам на гитарата, или ќе најде некој да ме подучува, или ќе ми ја тресне од глава. Всушност, одев на часови една година-за класична музика-и тоа ме нанесе на правиот пат, користење на сите прсти, правилни замавнувања со трзалицата и сите други глупости што одат со тоа“. На училиште бил многу добар во спортот, особено во фрлање копје. На 15 години, Блекмор го напуштил училиштето и почнал да работи како чирак на радио механичар во близина на аеродромот Heathrow. Тој одел на часови по гитара кај Биг Џим Саливан. Ричи, во неговата младост бил инспириран од тогашните рокери како Хенк Марвин и Гене Винсент, а подоцна од свирачите на кантри-музика како Чет Аткинс.Неговото свирење се подобрило и во раните 1960-ти, започнал да работи како привремен свирач во музичките продукции на Џо Мек и свирел во неколку бендови. Тој бил член на малиот џез оркестар “The Outlaws” и ги потпомагал Хајнц (свирел на неговиот хит “Just Like Eddie”), “Screaming Lord Sutch”, Гленда Колинс и Боз. Додека работел за Џо Мек се запознал со инженерот Дерек Лоренс кој подоцна ги создал првите три албуми на “Deep Purple”. Блекмор,заедно со оргуларот Џон Лорд во 1968 година го основале хард-рок бендот “Deep Purple” и бил нејзин член од 1968 до 1975 година и повторно од 1984 до 1993 година. Кариера Блекмор, во 1968 година со Вејн Блејд го основал бендот Roundabout со Крис Куртис (вокал), Дејв Куртис (бас), Џон Лорд (клавијатури) и Боби Вудман ака Боби Кларк (тапани). Подоцна името на бендот било променето во “Deep Purple”,а вокалот,басистот и тапанарот биле сменети со Род Еванс (вокал), Ник Симпер (бас) и Ијан Пејс (тапани). Промена на името во “Deep Purple” било идеја на Блекмор, по најомилената песна на неговата баба. Нивната преработка на песната “Hush” од Џо Саут станала голем хит во САД. По издавањето на три албуми, Еванс и Симпер биле заменети со Ијан Гилан (вокал) и Роџер Гловер (бас). Првиот студиски албум на вториот состав In Rock, го променил стилот на бендот во хард-рок насока. Гитарските рифови на Блекмор, дисторзијата од “Hammond” оргулата на Џон Лорд и тапаните со џез примеси на Ијан Пејс биле надополнети од вокалот на Ијан Гилан за кого Блекмор рекол дека бил „врескач со длабочина и осет за блуз“. Наредното издание било насловено Fireball и продолжило со истиот хард-рок стил истакнат во претходното издание и гитарата на Блекмор која е позната одлика во стилот на бендот. Наредниот албум на “Deep Purple” се викал Machine Head. Бендот имал намера албумот да биде снимен во казино во Mountreux, но вечерта пред снимањето во касиното требало да започне концерт на Френк Запа (со учество на членови од “Deep Purple”) и на концертот, некој од публиката пукнал со сигнален пиштол кој предизвикал пожар во казиното и казиното изгорело. Целата трагедија е документирана во текстот на историската химна на “Deep Purple” Smoke on the Water. Во 1973 година, кратко по излегувањето на албумот “Who Do We Think We Are”, Ијан Гилан и Роџер Гловер го напуштиле “Deep Purple”. Тие биле заменети со поранешниот басист Глен Хјуџис и непознатиот пејач Дејвид Ковердејл. Албумот снимен со новата постава се вика “Burn”. “Deep Purple” продолжиле да одржуваат концерти низ целиот свет, а во 1974 година се појавиле и на “California Jam”, телевизиски концертен фестивал на кој учествувале и многу други познати бендови. Во моментот кога “Deep Purple” требало да се појават на сцената, Блекмор се заклучил во соблекувалната и одбивал да се појави на сцената. Претходните изведувачи завршиле порано и сè уште не било зајдисонце, времето кога тие требало да настапат.Блекмор мислел дека тоа ќе го намали ефектот на нивното лајт шоу. Откако “ABC” донеле шериф за да го уапси, Блекмор се согласил да настапи. На кулминацијата на нивниот настап, Блекмор уништил неколку негови гитари и фрлил една од неговите засилувачки прачки од работ на сцената. Тој исто така со гитара удрил и една од камерите на “ABC” и на снимената видео касета може да се забележи како неговиот екипаж мести пиротехничка направа во еден од засилувачите и се создала голема огнена топка која бргу била изгасната. Бендот бргу, со хеликоптер го напуштил местото избегнувајќи ги офицерите, полицијата и извршните органи на “ABC”. Следниот албум на “Deep Purple”, Stormbringer бил јавно разоткриен од Блекмор лично кој не ги сакал фанки и соул елементите кои Хјуџис и Ковердејл ги внеле во бендот.По издавањето на албумот, Блекмор го напуштил “Deep Purple” за да основа нов бенд “Rainbow”, за кој претходно се мислело дека ќе биде уникатна соработка помеѓу Блекмор и Рони Џејмс Дио-фронтмен на бендот “Elf”, но подоцна се дознало дека е проект за нов бенд.

(1975-84) Првите години на “Rainbow”

уреди

По “Deep Purple”, Блекмор го основал хард-рок бендот “Rainbow”. Името на бендот “Rainbow” било инспирирано од холивудскиот бар и гостилница “Rainbow” кој ги снабдувал со храна рок ѕвездите, придружничките и рок ентузијастите. Таму Блекмор го поминал времето откако го напуштил “Deep Purple” и го запознал вокалистот Рони Џејмс Дио, чиј бенд “Elf” бил на турнеја како предгрупа на “Deep Purple”. Деби албумот на бендот “Rainbow” на Ричи Блекмор, бил издаден во 1975 година. Стилот на бендот се разликувал од стилот на претходниот бенд на Блекмор, а големата инспирација на Блекмор му дошла од неговата љубов кон класичната музика која убаво се поврзала со средновековните текстови на Дио. Блекмор ги отпуштил сите оригинални членови на бендот освен Дио, кратко по снимањето на првиот албум и создал нова постава за снимањето на албумот Rainbow Raising. За наредниот албум, Long Live Rock ‘n’ Roll, Блекмор ги задржал тапанарот Кози Повел и Дио, но ги заменил останатите членови на бендот. На Блекмор му било тешко да најде соодветен басист за оваа снимка, па самиот се погрижил за сите бас делови, освен во три песни: “Gates of Babylon”, “Kill the King” и “Sensitive To Light” (басист во овие три песни бил Боб Дејзли). По издавањето на албумот и турнејата, Рони Џејмс Дио го напуштил “Rainbow” поради „креативни разлики“ со Блекмор. Блекмор продолжил со “Rainbow” и бендот издал нов албум со име “Down To Earth”, во која на бас се појавува неговиот поранешен колега од “Deep Purple” , Роџер Гловер. Албумот го содржел првиот успех на Блекмор на топ листите откако го напуштил “Deep Purple”, песната “Since You Been Gone” (наслов на “Russ Ballard”) со Грем Бонет-вокал, станала огромен хит. Во 1980 година “Rainbow” бил на чело на фестивалот “Monsters of Rock” во замокот “Donington” во Англија. Бонет и Кози Повел после овој настап го напуштиле бендот, Повел им се придружил на поранешните членови на “Deep Purple” во бендот Whitesnake”. Следниот албум на бендот Difficult to Cure го најавил вокалистот Џо Лин Тарнер. Насловна нумера на овој албум била преработка од „Деветтата симфонија“ на Бетовен која му била омилена на Блекмор. Нареден албум на “Rainbow” бил албумот Straight Between the Eyes и го содржел хитот Stone Cold. По овој албум следел албумот “Bent Out of Shape” кој ја содржел песната “Street of Dreams”. Спотот за песната бил забранет од MTV, поради наводно контроверзниот хипнотички видео клип. На турнејата, “Rainbow” се вратиле во В.Б. и во Јапонија каде што настапиле со цел оркестар. До средината на 1980-тите, Блекмор и неговите потанешни колеги од “Deep Purple” ги надминале поранешните несогласувања настанало повторно спојување во успешната “Mark II” постава. Последниот албум на “Rainbow”, Finyl Vinyl бил составен од настапите во живо и „б“ страните од сингловите.

(1984-1993) Вторите “Deep Purple” години

уреди

Во април 1984 година, на Friday Rock Show на радио [“BBC”] било најавено дека поставата Mark Two со Блекмор, Гилан, Гловер, Лорд и Пејс повторно се формирала и дека снимале нов материјал. Бендот потпишал договор со “Polydor” во Европа и “Mercury” во Северна Америка. Албумот Perfect Strangers бил издаден во октомври 1984 година. Потоа следела турнеја прво во Перт, Австралија и низ целиот свет и во Европа за летниот период. Оваа турнеја, била турнеја со највисока годишна заработувачка. Враќањето во В.Б. се покажало мешано бидејќи одбрале да свират само на еден фестивал, The Return of the Knebworth Fayreво паркот Knebworth на 22 јуни 1985 година. И покрај лошите временски услови, 80,000 луѓе присуствувале на настанот на кој помеѓу другите требало да настапат и “Scorpions”, “Mama’s Boys” и “Meat Loaf”. Настанот го емитувало радиото “BBC One”. Во 1987 година, поставата го снимила албумот The House of Blue Light и организирала турнеја за негова промоција. Во 1998 година, бил издаден албумот во живо “Nobody’s Perfect”. Нова верзија на “Hush” (испеана од Гилан кој не бил член на бендот кога била снимена оригиналната верзија), била издадена по повод дваесет годишнината на бендот. Во 1989 година, Ијан Гилан бил отпуштен од бендот поради слабата соработка со Блекмор. Него го заменил поранешниот вокалист на”Rainbow” Џо Лин Тарнер. Тие снимиле албум со име “Slaves & Masters” (1990). Иако албумот му бил омилен на Блекмор, неговите колеги од бендот биле разочарани трудот за албумот и турнејата. Ниту албумот, ниту турнејата не биле критички или рекламно успешни. Следејќи го неговиот заклучок, Тарнер бил отпуштен од бендот. Двајцата, Џон Лорд и Ијан Пејс тврделе дека на “Deep Purple” му треба Ијан Гилан За фронтмен. Блекмор попуштил и Гилан се вратил пред снимањето на “The Battle Rages On” во 1993 година. За време на промотивната тура при крајот на 1993 година , тензијата помеѓу Блекмор и Гилан го постигнала врвот и Блекмор го напуштил бендот засекогаш. Неговиот последен настап со бендот бил во Хелсинки, Финска на 17 ноември 1993 година. Гилан рекол: „Џо Сатриани дојде во последната минута. Блекмор си отиде, а турнејата требаше да продолжи во Јапонија...беше многу драматично. Тој рече: „Добро, ова е крајот на бендот“, и претпостави дека поради неговото заминување, ние ќе се распаднеме.“ На Сатриани му било понудено да биде долготраен член на бендот, но тој морал да одбие бидејќи имал потпишано долг договор за снимање. Трајна замена за Блекмор била најдена во друга гитарска легенда, Стиви Морс од “Dixie Dregs” кој му се придружил на бендот во 1994 година. Ијан Гилан, кој бил цимер со Ричи Блекмор на почетокот од основањето на бендот, во 2006 година изјавил во интервју дека Блекмор „стана многу чуден и денот кога си замина од турнејата,беше денот кога исчезнаа сите облаци и се појави сонцето и оттогаш се немаме свртено наназад.“ Гилан нагласил дека откако Блекмор „си замина, работите се поправија и се средија неверојатно, невидено добро и сега бендот е во одлична форма.“ Тој додал дека „има неколку лични недоразбирања што ги имам со Ричи, а тоа значи дека никогаш повеќе нема да разговарам со него. Нама ништо јавно да дискутирам, но тоа се длабоко лични работи.“

(1993-1997) Втори “Rainbow” години

уреди

Ричи Блекмор, по вторпат го формирал бендот “Rainbow” по второто заминување од “Deep Purple” во 1993 година. Оваа постава, со пејачот Доги Вајт траела до 1997 година и го издала албумот Stranger in Us All. Во годините додека постоел “Rainbow”, Блекмор бил единствениот постојан член. Албумот “Strangers in Us All” не добил многу добра критика и реклама како претходните албуми, можеби поради тоа што во тоа време бил популарен гранџ рокот и поради фактот дека албумот не бил доволно добро објавен. Во 1996 година, тој се појавил на трибут албумот на Хенк Марвин и The Shadows “Twang” на насловот “Pangea” на “Sting” со изведба на “Apache” на Гери Лордан.

(1997- до денес) години во “The Blackmore’s Night”

уреди

Во 1997 година, Блекмор и неговата сегашна жена Кендис Најт го оформиле бендот инспириран од ренесансата Blackmore’s Night. Тие исто така ја изведувале музиката за “MagiQuest”, симулирачка игра во живо сместена во Миртл Бич,Јужна Каролина.Нивниот деби албум “Shadow of the Moon” (1997година) станал златен во Јапонија и постигнал успех во Европа. Во наредните албуми, особено во “Fires at Midnight” (2001 година), имало зголемено влијание на рок гитара во музиката, а притоа задржувајќи го фолк рок правецот.

Музички стил

уреди

Во “Deep Purple” и “Rainbow”, Блекмор свирел исклучително на Фендер стратокастер. Тој исто така е и еден од првите рок гитаристи кој користел „фестониран“ врат за гитара, при што дрвото помеѓу „стапалата“ е вдлабнато. Еден од најпознатите рифови на Блекмор, е рифот од песната “Smoke on the Water”.Тој го свири рифот без трзалица, користејќи два прста за да ги собира жиците по четири. Во неговото соло, Блекмор комбинира блуз скали и фрази со минор скали и идеи од европската класична музика. Додека свири, тој често ја става трзалицата во уста за да свири со прстите. Тој има две негови сола рангирани во списанието “Guitar World” во „Топ 100 најдобри гитарски сола“ (“Highway Star” на 19 место и “Lazy” на 74 место, двете од албумот “Machine Head”).

Опрема

уреди

Во текот на 1960-тите, Блекмор свирел на Gibson ES-335, но подоцна откако на старо купил Стратокастер со врат од Телекастер од организаторот на турнејата на Ерик Клептон, го заменил за Фендер стратокастер. Меѓутоа, поради фактот дека интонацијата на гитарата била премногу слаба за да се поправи, Блекмор сметал дека таа не може повеќе да се користи. Од тогаш па сè до формирањето на “Blackmore’s Night”, Блекмор речиси секогаш користел исклучително Стратокастери. Средниот снимател на звук бил расипан и неупотреблив, само бас и сопран снимателите на звук биле наместени. Блекмор исто така повремено користел и “Thinline” Фендер телекастер за време на снимањата. Во 70-тите, Блекмор користел голем број различни Стратокастери. Меѓутоа, во времето на албумот “Long Live Rock ‘n’ Roll”, Блекмор нашол еден посебен Стратокастер кој го користел до формирањето на “Blackmore’s Night”. Како и повеќето гитари на Блекмор и Стратокастерот бил „фестониран“. Блекмор им додал штимачи на штимерите на Стратокастерот како додаток за да ги нервира и збуни луѓето. Неговите засилувачи биле 200W Marshall Major музички системи кои биле изменети од Marshall со додатен излез на сцена (произведен на речиси 278W) за да ги направат повеќе да звучат како омилениот засилувач на Блекмор Vox AC-30, соо тонот пуштен до крај. Од 1994 година, тој користел “Engl” засилувачи со радио ламби. Една од причините што ги наброил била тоа дека засилувачите “Marshall”, не звучеле толку добро како “Engl” на тивок тон. Блекмор често употребувал ефекти во времето со “Deep Purple” и “Rainbow” (покрај изјавите дека не употребувал). Тој употребувал „Hornby Skewes“ гитарскиот процесор на почетокот на кариерата. За време на „режењето“, тој експериментирал со “EMS Synthi Hi Fli” гитарски синтисајзер. Понекогаш користел ва-ва педал и гитарски процесор со променлива контрола за поддршка. За време на соло деловите, на концертите се користеле бас педали “Moog Taurus”. Тој исто така имал изменет модел на касетофон “Aiwa TP-1011” создаден да поддржува ехо и да ги одложува ефектите. Касетофонот служел и како пред-засилувач. Други ефекти што ги користел Блекмор биле “Schulte Compact Phasing A”, “Unicord Univibe”, “Dallas Arbiter Fuzz Face” и “Octave Divider”. Во 80-тите, тој експериментирал со синтисајзер за гитара “Roland”. Моделот “Roland GR-700” бил виден на сцена најдоцна во 1995-96 година, а подоцна бил заменет со “GR-50”. Гитарски синтисајзери биле користени многу често во “Blackmore’s Night”. Блекмор свири со лизгање, што е најверојатно делот со оргули во “Way to Mandalay”. Жиците што ги користел Блекмор кога бил член на “Deep Purple” и “Rainbow” биле жици од марката “Picato” (.010, .011, .014, .026, .038, .048). Блекмор експериментирал со многу видови на сниматели на звук на својот Стратокастер. Во почетната “Rainbow” ера сѐ уште имало симболични Фендери, подоцна “Dawk” инсталирале превиени, вдлабнати Фендер сниматели на звук. Тој исто така користел и Schecter F-500-Ts, Velvet Hammer "Red Rhodes", DiMarzio "HS-2", OBL "Black Label", Bill Lawrence L-450, XL-250 (bridge), L-250 (neck). Тој неколку години користел „ Seymour Duncan Quarter Pound Flat SSL-4“ и од крајот на 80-тите тој користел „Lace Sensor (Gold)“ „безгласни“ сниматели на звук. Критика Според Ијан Гилан, Блекмор е познат како „тешка“ личност. Гилан изјавил, „Тој е многу тежок, сака се` да биде по негово, не сака да слуша никого, и не сака никој друг да придонесува во музиката, исто како и во откажувањето на турнеи во последната минута.“ Ијан Пејс исто така го опишал како „тежок“, а Џон Лорд коментирал дека знае да биде детинест.

Изјава за плагијат

уреди

Ник Симпер, басист во DP Mk I, изјавил дека тој му го покажал рифот од песната Summertime на Рики Нилсон и дека тоа било база за првиот сингл на Mk II Deep Purple, Black Night. Роџер Гловер во интервју за списанието “Rumba” се согласил со изјавата и рекол дека тој (Гловер) инсистирал да напишат нови зборови и да ги стават во песната како што сакала и издавачката куќа да направат. Како олеснителна околност, тој изјавил дека сите биле пијани. Ник Симпер исто така изјавил дека Bombay Calling на “It’s a Beautiful day” е звукот кој „ Mark II го позајмиле и го претвориле во Child in Time “; Ијан Гилан го потврдил ова во неколку интервјуа. “It’s a Beautiful Day” за возврат го позајмил синглот “Wring that Neck” на “Deep Purple” и го претвориле во “Don And Dewey” на нивниот албум “Marrying Maiden”. Блекмор исто така ги потврдил овие изјави во интервју за јапонска телевизија.

Личен живот

уреди

Блекмор има син, Јурген Р.Блекмор (роден во 1964 година), од неговиот прв брак со германката Маргрит. Нивниот брак завршил во 1969 година. Тој во септември 1969 година се оженил за друга германка, Барбел Харди. Неговиот трет брак, од мај 1981 година со Ејми Ротман, завршил по разводот во 1987 година (тие се разделиле во 1983 година). Тој и неговата колешка од бендот Кендис Најт, живеат заедно од 1991 година (првпат се запознале во 1989 година). Двојката моментално живее во “Mount Sinai”, Лонг Ајленд, Њујорк. На 5 октомври 2008 година, Ричи Блекмор и Кендис Најт се венчале во замокот на Хадсон.

Дискографија

уреди
1963 Just Like Eddie (Heinz)
1963 Heinz (Heinz, EP)
1963 Live It Up (Heinz, EP)
1965 Michael Cox in Sweden (Michael Cox, EP)
1964 Ramona (Houston Wells & The Marksmen, EP)
1965 Tom Jones (Tom Jones, EP)
1965 Glenda Collins (Glenda Collins, EP)
1965 The Tornados (The Tornados, EP)
1965 Screaming Lord Sutch (Screaming Lord Sutch, EP)
1989 Rock Profile (Ritchie Blackmore)
1991 Rock Profile Vol. 2 (Ritchie Blackmore)
1991 The Derek Lawrence Sessions Take 1
1992 The Derek Lawrence Sessions Take 3
1994 Dreams Do Come True - The 45's Collection (Heinz)
1994 Heinz (Heinz, EP)
1994 Take It! Sessions 63/68 (Ritchie Blackmore)
2005 Getaway - Groups & Sessions (Ritchie Blackmore)