Михаил Плетњов
Михаил Василевич Плетњов (рус. Михаил Васильевич Плетнёв; р. 14 април 1957 во Архангелск) — руски пијанист, диригент и композитор.
Роден е во мошне музикално семејство; татко му свирел и предавал армоника, а мајка му пијанo.[1] Се запишал на Централното музичко училиште на возраст од 13 години, а во 1974 влегол во Московскиот конзерваториум, во класата на славните пијанисти и учители Јакоб Флир и Лав Власе. На 21 годишна возраст го добил Златниот медал на VI Меѓународен натпревар „П.И. Чајковски“ во 1978, со што се здобил со меѓународно признание и привлекол големо внимание ширум светот[2]. Предавал на Московскиот конзерваториум и транскрибирал и изведувал транскрипции на симфониски и балетски дела од Чајковски.
Плетњов има договор како ексклузивен пијанист за „Дојче Грамофон“.
Награди и признанија
уреди- Греми за најдобра изведба на камерна музика:
- Марта Аргерич и Михаил Плетњов за Прокофиев (аранж. Плетњов): Свита Пепелашка за две пијана/Равел: Мојата мајка гуска (2005)
Наводи
уреди- ↑ Fanning, David. "Pletnev, Mikhail." Grove Dictionary of Music and Musicians. 2001.
- ↑ Jean-Pierre Thiollet, 88 notes pour piano solo, "Solo nec plus ultra", Neva Editions, 2015, 51. ISBN 978 2 3505 5192 0.
Надворешни врски
уреди- Михаил Плетњов на Ризницата ?
- Неофоцијален портал на Михаил Плетњов (англиски)