Фудбалска репрезентација на Англија
Фудбалската репрезентација на Англија ја претставува Англија во меѓународниот фубал и е контролиран од Фудбалската Асоцијација (The FA), власничко тело на фудбалот во Англија. Наспроти повеќето државните репрезентации низ светот, кои заедно претставуваат една држава, четирите држави од Обединетото Кралство се претставуваат посебно во меѓународните турнири.
Прекари(и) | The Three Lions Трите лава | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалската Асоцијација | ||
Селектор | Фабио Капело | ||
Капитен | Џон Тери | ||
Најмногу настапи | Питер Шилтон (125) | ||
Најдобар стрелец | Сер Боби Чалтон (49) | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 7 | ||
Највисок | 4 (Декември 1997/Септември 2006) | ||
Најнизок | 27 (Февруари 1996) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Шкотска 0 - 0 Англија Партик, Шкотска 30 ноември 1872 | |||
Најголема победа | |||
Северна Ирска 0 - 13 Англија (Белфаст, Ирска; 18 февруари, 1882) | |||
Најлош пораз | |||
Унгарија 7 - 1 Англија Будимпешта, Унгарија; 23 мај, 1954) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 12 (Првпат во 1950) | ||
Најдобар резултат | Победници, 1966 | ||
Европско Фудбалско Првенство | |||
Учества | 7 (Првпат во 1968) | ||
Најдобар резултат | Трети, 1968; Полуфинале,1996 |
Англија е една од седумте држави кои го освоиле светското првенство, а тоа тие го направија во 1966, кога беа и деомаќини, со победа во финалето 4-2 над Западна Германија по продолженија. Англија заедно со Франција се двете единствени држави кои го освоиле светското првенство само еднаш и тоа на домашен терен ( Останатите репрезентации го освоиле Светското првенство најмалку двапати и тоа најмалку еднаш на странски терен). Подоцна тие имаат стасано до полуфиналето во 1990, каде изгубија од Западна Германија во полуфиналето. Англија е една од највлијателните репрезентации врз светскиот фудбал и ретко кога е надвор од топ 10 на рангингот од страна на ФИФА и Ело. Англија исто така двапати има стасано до полуфиналето на Европските првенство во 1968 и 1996 (кое беше играно во Англија).
Традиционално, најголеми соперник на Англија е Шкотска, кои беа противници во првиот меѓународен натпревар во 1870.[1] Но првите регуларни натпревари доаѓаат во доцните 1980-ти. Англија исто така има и други големи соперник, како што се[2] : Аргентина и Германија со кои постојано одржува соперничка традиција. Домашен терен на Англиската репрезентација е стадионот Вембли, Лондон