Азиска фудбалска конфедерација
Азиска фудбалска конфедерација (AFC) — главно фудбалско тело во Азија, составено од 47 членки.
Кратенка | AFC |
---|---|
Гесло | Азија е иднината |
Основана | мај 8, 1954 |
Вид | Спортска организација |
Седиште | Куала Лумпур, Малезија |
Регион | Азија и Австралија |
Членство | 47 |
Службени јазици | англиски јазик |
Претседател | Салман Бин Ибрахим ал-Калифа |
Потпретседател | See list
|
Генерално Собрание | Виндзор Пол Џон [1][2] |
Матична организација | ФИФА |
Мреж. место | the-afc.com |
Организацијата била основана на 8 мај 1954 во Манила, Филипини, и е една од шестте континентални конфедерации на ФИФА. Седиштето се наоѓа во Букит Јалил, Куала Лумпур, Малезија. Во моментот претседател е Салман Бин Ибрахим ал-Калифа.
Натпревари организирани од АФЦ
уредиАФЦ го организира Азискиот Куп, натпреварување наменето за фудбалските репрезентации од Азија кој се одржува секои четири години, како и Азиските Квалификации за Светското првенство и АФЦ Challenge Cup. Таа исто така ги организира квалификациите во фудбал за Олимписките игри за регионот на Азија. АФЦ организира три различни меѓународни клупски натрпреварувања секоја година. Најзначајно (и најстаро од постоечките клупски натрпреварувања на АФЦ) е Лигата на шампиони на АФЦ, организирано врз основа на Лигата на шампиони од УЕФА, создадена во сезоната 2002/03 со соединување на Азискиот Куп на шампиони и Азискиот Куп на Победници на Купови.
Останатите натпреварувања се создадени во 2004 година кога бил формиран „Vision Asia blueprint“ за развој. Ова довело до тоа 14-те најдобро рангирани АФЦ нации, да ги испратат своите најдобро екипи во Лигата на шампиони на АФЦ. Следните 14 нации, учествуваат со свои екипи во АФЦ купот.
Остатокот од членките на АФЦ го формираат со свои екипи АФЦ Претседателскиот Куп. Екипи кои се квалификуваат од секоја земја за меѓународните натпревари обично се шампионите и победниците на националниот куп. Моментно не постои напредување или пак испаѓање од секое од овие натрпреварувања. Во текот на годините, организацијата започнала реформи, кои вклучувале зголемена транспарентност, зголемување на компететивноста, подобрување на опремата за тренинг и задолжување на лигите да создадат систем за унапредување и назадување. Први 10 лиги кои треба да бидат реформирани се: Австралија, јапонија, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Индија, Иран, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Предлогот предвидел радикални промени во Австралија, каде што професионалните лиги во сите спортови се организирани врз модел на затворено членство и ограничен буџет, систем главно применуван во Северна Америка.
Постојат 12 АФЦ Федерации кои учествуваат во Арапскиот Национален Куп организиран од УАФА (UAFA). Тоа се Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Катар, Оман, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати и Јемен.
Женски фудбал во Азија
уредиАзиската Женска Фудбалска Конфедерација (ALFC) е дел од АФЦ (AFC) кој се занимава со развој на женскиот фудбал во Азија. АЛФЦ е создадена како независна асоцијација во април 1968 година на состанок на кој учествувале Тајван, Хонгконг, Малезија и Сигапур. Во 1986 година АЛФЦ се спојува со АФЦ.[3] Азиската Женска Фудбалска Федерација помогна во организацијата на AFC Азискиот Куп за жени, за првпат одржан во 1975 година, како и на AFC првенство до 19 години за жени и AFC првенството до 17 години за жени.
Членство
уредиАзиска фудбалска конфедерација има 47 членки
- 12 од Западна Азија
- 6 од Средна Азија
- 7 од Јужна Азија
- 10 од Источна Азија
- 12 од Југоисточна Азија
Code | Асоцијација | Репрезентација | Основан | ФИФА прием |
АФЦ прием |
МОК прием |
---|---|---|---|---|---|---|
Западна азиска фудбалска федерација (WAFF) | ||||||
BHR | Бахреин | (М, Ж) | 1957 | 1968 | 1969 | да |
IRQ | Ирак | (М, Ж) | 1948 | 1950 | 1970 | да |
JOR | Јордан | (М, Ж) | 1949 | 1956 | 1970 | да |
KUW | Кувајт | (М, Ж) | 1952 | 1964 | 1964 | да |
LIB | М, Ж) | 1933 | 1936 | 1964 | да | |
OMA | Оман | (М, Ж) | 1978 | 1980 | 1980 | да |
PLE | М, Ж) | 1928 | 1995 | 1995 | да | |
QAT | Катар | (М, Ж) | 1960 | 1972 | 1974 | да |
KSA | Саудиска Арабија | (М, Ж) | 1956 | 1956 | 1972 | да |
SYR | Сирија | (М, Ж) | 1936 | 1937 | 1970 | да |
UAE | Обединети Арапски Емирати | (М, Ж) | 1971 | 1974 | 1974 | да |
YEM | Јемен | (М, Ж) | 1962 | 1980 | 1980 | да |
Централноазиска фудбалска федерација(CAFA) | ||||||
AFG | Авганистан | (М, Ж) | 1933 | 1948 | 1954 | да |
IRN | Иран | (М, Ж) | 1920 | 1948 | 1954 | да |
KGZ | Киргистан | (М, Ж) | 1992 | 1994 | 1993 | да |
TJK | Таџикистан | (М, Ж) | 1936 | 1994 | 1993 | да |
TKM | Туркменистан | (М, Ж) | 1992 | 1994 | 1993 | да |
UZB | Узбекистан | (М, Ж) | 1946 | 1994 | 1993 | да |
Јужна азиска фудбалска федерација (SAFF) | ||||||
BAN | Бангладеш | (М, Ж) | 1972 | 1976 | 1973 | да |
BHU | Бутан | (М, Ж) | 1983 | 2000 | 1993 | да |
IND | Индија | (М, Ж) | 1937 | 1948 | 1954 | да |
MDV | Малдиви | (М, Ж) | 1982 | 1986 | 1984 | да |
NEP | Непал | (М, Ж) | 1951 | 1972 | 1954 | да |
PAK | Пакистан | (М, Ж) | 1947 | 1948 | 1954 | да |
SRI | Шри Ланка | (М, Ж) | 1939 | 1952 | 1954 | да |
Источна азиска фудбалска федерација (EAFF) | ||||||
CHN | Кина | (М, Ж) | 1924 | 1931 | 1974 | да |
GUM | Гуам2 | (М, Ж) | 1975 | 1996 | 1991 | да6 |
HKG | Хонгконг | (М, Ж) | 1914 | 1954 | 1954 | да |
JPN | Јапонија | (М, Ж) | 1921 | 1921 | 1954 | да |
PRK | Северна Кореја | (М, Ж) | 1945 | 1958 | 1974 | да |
KOR | Јужна Кореја | (М, Ж) | 1928 | 1948 | 1954 | да |
MAC | Макао | (М, Ж) | 1939 | 1978 | 1978 | да |
MNG | Монголија | (М, Ж) | 1959 | 1998 | 1993 | да |
NMI | Северни Маријански Острови1,2 | (М, Ж) | 2005 | N/A | 2009 | Не5 |
TPE | Кинески Таипеј3 | (М, Ж) | 1936 | 1954 | 1954 | да |
Фудбалска федерација ASEAN (AFF) | ||||||
AUS | Австралија2,4 | (М, Ж) | 1961 | 1963 | 2006 | да6 |
BRU | Брунеј | (М, Ж) | 1959 | 1972 | 1969 | да |
CAM | Камбоџа | (М, Ж) | 1933 | 1954 | 1954 | да |
IDN | Индонезија | (М, Ж) | 1930 | 1952 | 1954 | да |
LAO | Лаос | (М, Ж) | 1951 | 1952 | 1968 | да |
MAS | Малезија | (М, Ж) | 1933 | 1954 | 1954 | да |
MYA | Мјанмар | (М, Ж) | 1947 | 1948 | 1954 | да |
PHI | Филипини | (М, Ж) | 1907 | 1930 | 1954 | да |
SIN | Сингапур | (М, Ж) | 1892 | 1952 | 1954 | да |
THA | Тајланд | (М, Ж) | 1916 | 1925 | 1954 | да |
TLS | Источен Тимор | (М, Ж) | 2002 | 2005 | 2002 | да |
VIE | Виетнам | (М, Ж) | 1960 | 1964 | 1978 | да |
1: Член на AFC member, не е член на FIFA.
2: Земја или територија на Океанија, но не е член на AFC.
3: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1976–1982), приклучен кон AFC.
4: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1966–2006), приклучен кон AFC.
5: Дел од Олимпискиот комитет на САД.
6: Земјата или територијата на Океанија е член на Националните олимписки комитети на Океанија, наместо Олимписки комитет на Азија.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-29. Посетено на 2017-10-06.
- ↑ Christopher Raj (3 December 2015). „Prime choice to lead FIFA“. The Star. Посетено на 25 March 2016.
Надворешни врски
уреди- Official AFC website (англиски) (арапски)