Даниел Ли "Дани" Роуз (роден на 2 јули 1990 година во Донкастер) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Тотенхем и на англиската репрезентација.

Дани Роуз
Лични податоци
Роден на 2 јули 1990(1990-07-02)(34 г.)
Роден во Донкастер, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција лев бек, лево крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 3
Младинска кариера
Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 0 (0)
2007- Тотенхем Тотенхем 121 (8)
2009Вотфорд Вотфорд 7 (0)
2009Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 6 (0)
2010-2011Бристол Сити Бристол Сити 17 (0)
2012-2013Сандерленд Сандерленд 27 (1)
Репрезентација
2009-2012 Англија Англија 21 25 (3)
2012 Обединето Кралство Велика Британија 4 (0)
2016- Англија Англија 25 (0)
* Ажурирано на: 26 јули 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Лидс Јунајтед

уреди

Роден во Донкастер, Јужен Јоркшир, Роуз е производ на младинската школа на Лидс Јунајтед.

Тој бил повикан на клупата за резерви за првиот тим на Лидс во натпревар против Барнет во Лига купот на 20 септември 2006 година. Сепак, менаџерот Кевин Блеквел кој го повикал Роуз за овој натпревар, бил отпуштен веднаш по неговиот крај. Роуз не добил шанса повторно во првиот тим на Лидс до крајот на таа сезона, а по нејзиниот крај Лидс испаднал од Чемпионшип лигата во Лига Еден и поради административни проблеми Роуз бил продаден за да се заработат средства кои биле од витално значење за клубот во тој период.

Тотенхем

уреди

На 25 јули 2007 година, Роуз потпишал за Тотенхем во трансфер вреден 1.000.000 £. Во првата сезона тој бил регистриран со можност за настап и во резервите и за првиот тим на петлите. Роуз бил неискористена замена во натпреварот од Премиер лигата против Сандерленд во јануари 2008 година. Неговиот напредок бил привремено ограничен, поради тоа што тој се здобил со сериозна повредата на коленото во септември истата година.

Сезона 2008-2009; Заемот кај Вотфорд

уреди

Во март 2009 година, Роуз заминал на позајмица во Вотфорд за да го доигра тука остатокот од сезоната 2008-2009. Менаџерот на Вотфорд Брендан Роџерс го опишал Роуз како "високо талентиран, играч за врска", кој поседува "добра енергија и вистинска интелигенција со топката". Тој го направил своето деби во победата на Вотфорд со 2-1 нагости кај Донкастер Роверс на 4 април 2009 година.

Сезоната 2009-2010

уреди
Заемот кај Питерборо Јунајтед
уреди

На 29 септември 2009 година, Роуз им се приклучил на Питерборо Јунајтед на заем до јануари 2010 година. Веќе истата вечер тој играл во нивниот натпревар против Плимут, кој тие го загубеле со 2-1 на домашен терен. Роуз се вратил во Тотенхем на 11 ноември 2009 година по заминувањето на менаџерот на Питерборо Дарен Фергусон.

Враќање во Тотенхем
уреди
 
Роуз на загревање со Тотенхем пред натпреварот против Виган во 2010.

Роуз го направил своето деби за Тотенхем во ремито 2-2 во натпревар од ФА Купот против неговиот поранешен клуб Лидс. Своето лигашко деби за клубот го направил во април 2010 година во Северно-Лондонското дерби против Арсенал на Вајт Харт Лејн. Тој го постигнал првиот гол во натпреварот по десет минути игра и му помогнал на Тотенхем да го победи Арсенал со 2-1, за првпат во лигата по една деценија. Неговиот погодок дошол откако топката била исчестена од шестнаесетникот на Арсенал по нафрлувањето од корнер, и таму ја начекал Роуз кој шутирал веднаш и со прекрасен волеј-удар ја погодил мрежата на гостите со што ја испратил домашната публика во дилириум. Токму овој негов погодок бил избран подоцна за гол на сезоната, со најмногу освоени гласови на Sky Sports и на вебстраната на Тотенхем. Така, Роуз го добил своето прво големо признание.

На почетокот од сезоната 2010-2011 тој бил позајмен кај второлигашот Бристол Сити со можност за враќање во својот матичен клуб ако менаџерот има потреба од него. Токму тоа и се случило, па менаџерот на Тотенхем Хари Реднап го повикал назад во својот тим поради повредата на стандарниот лев бек на тимот Беноа Асу Екото.

Роуз се вратил во Тотенхем во пролетта 2011 година и бил стартер на позицијата лев бек против Блекпул, позиција на која претходно не бил користен од ниту еден претходен менаџер. Иако, играл на позиција која му била непозната тој добро се снашол во новата улога и бил специјално пофален од страна на менаџерот Реднап за неговиот настап во натпреварот што завршил со резултат 1-1. Реднап додал дека ако тој сака да биде топ играч, позицијата лев бек со сигурност ќе биде неговата постојана позиција. Дани продолжил да ја пополнува оваа позиција и во преостанатите три натпревари од сезоната, покажувајќи одлични перформанси во тесниот пораз од Манчестер Сити и победите над Ливерпул и Бирмингем Сити.

Сезоната 2012-2013; Заемот кај Сандерленд

уреди

На 31 август 2012 година, Роуз му се приклучил на Премиер лигашот Сандерленд на заем за една сезона од Спарс. Својот деби натпревар за новиот клуб го одиграл против Ливерпул на 15 септември 2012 година во натпревар што завршил 1-1. Тој се утврдил во Сандерленд како редовен член во почетната постава на позицијата лев бек. Својот прв погодок за Сандерленд го постигнал на 29 април 2013, во катастрофалниот пораз со 6-1 на гостувањето кај Астон Вила. Откако бил прогласен за Млад играч на сезоната на Сандерленд, Роуз се вратил во Тотенхем за да се оперира од повредата на рачниот зглоб во мај 2013.

Сезоната 2013-2014; Пробивот во првиот тим

уреди
 
Роуз играјќи за Тотенхем во 2013.

На 22 август 2013, на почетокот на сезоната, Тотенхем играл против Динамо Тбилиси во Грузија во плејофот за Лигата на Европа каде Роуз бил еден од стрелците за петлите во високата победа со 5-0.[1] Тотенхем се квалификувал за групната фаза од Лигата на Европа и во септември, во нивниот прв домашен натпревар против Тромсо Роуз претрпел нова повреда.[2] Таа повреда го оневозможила да тренира сè до средината на декември.[3]

Роуз го пропуштил натпреварот во кој Тотенхем доживеал катастрофален пораз на домашен терен од Ливерпул со 0-5, по што менаџерот Андре Виљаш-Боаш бил набрзо отпуштен.[4][5] На 22 декември, откако Виљаш Боаш заминал од клубот, Роуз се вратил во првиот тим на Тотенхем под водството на Тим Шервуд, во натпреварот против Саутхемптон во кој Тотенхем победил со 3-2.[6]

Кон крајот на сезоната по шест натпревари без победа, Роуз го постигнал единствениот погодок во натпреварот против Стоук Сити со удар со глава во 33-тата минута со кој му помогнал на Тотенхем да заработи три бода.[7] На 31 јули 2014 година, Роуз потпишал нов петгодишен договор со Тотенхем.[8] Во летниот преоден рок Тотенхем го потпишал Бен Дејвис, кој би бил конкуренција на позицијата лев бек, како и покритие доколку Роуз се повреди.[9]

Сезоната 2014-2015

уреди

На 1 јануари 2015 година, Роуз го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 5-3 над Челси во Лондонското дерби на Вајт Харт Лејн.[10] Неколку дена подоцна, Роуз повторно постигнал гол за Тотенхем во третото коло од реваншот на ФА купот против Барнли на домашен терен, поставувајќи го конечниот резултат во победата со 4-2.[11] На својата сметка тој додал нов гол во Премиер лигата, кога на 22 февруари против Вест Хем Јунајтед го постигнал првиот гол за Тотенхем во ремито 2-2.[12] На 1 март, тој го започнал во почетните единаесет на Спарс финалето на Лига купот во кое Тотенхем загубил од Челси со 2-0 на Вембли.[13] На 16 мај, Роуз го постигнал својот последен гол за сезоната во победата со 2-0 над Хал Сити.[14]

Сезоната 2015-2016

уреди

Роуз бил назначен за капитен на Тотенхем од страна на менаџерот Маурисио Почетино за првпат во својата кариера на натпреварот од ФА Купот против Лестер Сити на 10 јануари 2016 година.[15] На 28 февруари 2016 година, Роуз го постигнал победничкиот гол во победата со 2-1 над Свонзи Сити, помагајќи му на Тотенхем да го намали јазот во однос на водачот во лигата Лестер Сити. Ова било исто така неговиот прв и единствен гол за сезоната.[16]

Сезоната 2016-2017

уреди

На 22 септември 2016, Роуз потпишал нов договор со клубот до 2021.[17] Својот прв гол за сезоната го постигнал на 27 август во ремито 1-1 против Ливерпул.[18] Тој продолжил да игра силно за Спарс, правејќи многу добри изведби во првата половина на сезоната, а на 18 декември тој го постигнал победничкиот гол во победата со 2-1 против Барнли по одличното еден-два проигрување со новото засилување Муса Сисоко.[19] На 31 јануари 2017 година, во натпреварот Сандерленд-Тотенхем од Премиер лигата, Роуз претрпел сериозно оштетување на коленото.[20] Во месец март Evening Standard објавил дека се очекува Роуз да се врати во акција на почетокот на април.[21] Иако сè уште бил повреден, Роуз бил избран за лев бек во ПФА Тимот на годината на 20 април 2017 година, за втора сезона по ред.[22] Во мај 2017 година, Тотенхем објавил дека Роуз "бил подложен на операција на неговото лево колено" и нема да се врати до следната сезона.[23]

Сезоната 2017-2018

уреди

Во октомври 2017 година, Роуз се вратил на својот прв тренинг по пауза од повеќе од 9 месеци.[24] Тој го направил своето прво појавување за сезоната 2017-2018 влегувајќи како замена во натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој завршил со нерешен резултат 1-1.[25] Својот прв старт за сезоната го имал во домашната победа со 1-0 против Кристал Палас во почетокот на ноември.[26]

Репрезентативна кариера

уреди

Младински репрезентации

уреди

Роуз ја претставувал Англија речиси во сите младински селекции почнувајќи од репрезентацијата под 16 години, па потоа под 17 години, под 18 години, под 19 години и под 21 година.

На 1 јуни 2009, Роуз бил повикан во репрезентацијата под 21 година за Европското првенство 2009 на местото на повредениот Дани Велбек.[27] Своето деби за англиската репрезентација под 21 година го направил непосредно пред почетокот на првенството, на 8 јуни 2009, во победата со 7–0 над Азербејџан во пријателски натпревар.[28] На Европското првенство на кое Англија стигнала до финалето каде била поразена убедливо од Германија, тој забележал само еден настап во третиот натпревар од групната фаза, играјќи од почеток до крај во ремито 1-1 против Германија.[29]

Роуз го постигнал својот прв гол за Англија У-21 на 14 ноември 2009 година во квалификациите за Европското првенство 2011 против Португалија.[30] Неговиот втор гол дошол во победата со 2-0 над Узбекистан на 10 август 2010 година.[31] Во јуни 2011, Роуз играл за Англија на своето второ Европско првенство за играчи под 21 година во Данска, каде настапил на сите три натпревари на Гордиот Албион но репрезентацијата била елиминирана веќе во групната фаза.

 
Роуз играјќи за Англија на Светското првенство 2018.

На 16 октомври 2012 година, Роуз добил црвен картон за време на бараж натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2013, откако ја шутнал топката на трибините по завршувањето на натпреварот.[32] Роуз почувствувал дека бил расно малтретиран од припадниците на трибините во текот на натпреварот и по натпреварот додека ја славел победата со своите соиграчи од Англија, што предизвикало масовна тепачка меѓу играчите и тренерскиот персонал на двете екипи.[33] Откако, Англија се пласирала на Европското првенство 2013, Роуз бил повикан да настапи на своето трето младинско првенство. Тој одиграл два од трите натпревари на Англија на првенството, кое завршило катастрофално за англичаните со сите три порази и последно место во групата.

Бкупно за репрезентацијата под 21 година Роуз одиграл 29 натпревари и постигнал 3 гола.

Олимписка репрезентација на Велика Британија

уреди

На 2 јули 2012, Роуз бил избран во конечниот состав од 18 играчи на Стјуарт Пирс, селекторот на Олимписката фудбалската репрезентација на Велика Британија за Летните олимписки игри 2012.[34]

Сениорска репрезентација

уреди

На 28 август 2014 година, Роуз за првпат бил повикан во сениорската репрезентација на Англија, за пријателскиот натпревар против Норвешка и квалификацискиот за Евро 2016 против Швајцарија, но не настапил. Своето деби, Роуз го имал на 26 март 2016, играјќи како стартер во победата со 3-2 над Германија во пријателски натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Берлин.[35]

Тој бил избран во 23-члениот состав на Англија за Светското првенство 2018 во Русија,[36] на кое Гордиот Албион стигнал до четвртото место.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]]
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
26-3-2016 Берлин [[ фудбалска Selezione {{Naz/Германија  |d}}|{{Naz/Германија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Германија  |ssb}}px 0px {{Naz/Германија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Германија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Германија  |c}}|20x16px]] 2 – 3 <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] Пријателска -
29-3-2016 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Холандија|ssb}}px 0px {{Naz/  Холандија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Холандија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Холандија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Холандија|d}}|{{Naz/  Холандија|c}}]] Пријателска -   58'
22-5-2016 Манчестер [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Турција|ssb}}px 0px {{Naz/  Турција|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Турција|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Турција|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Турција|d}}|{{Naz/  Турција|c}}]] Пријателска -
2-6-2016 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Португалија|ssb}}px 0px {{Naz/  Португалија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Португалија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Португалија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Португалија|d}}|{{Naz/  Португалија|c}}]] Пријателска -
11-6-2016 Марсеј [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Русија|ssb}}px 0px {{Naz/  Русија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Русија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Русија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Русија|d}}|{{Naz/  Русија|c}}]] Евро 2016 - Прва фаза - дет.
16-6-2016 Ленс [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Велс|ssb}}px 0px {{Naz/  Велс|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Велс|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Велс|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Велс|d}}|{{Naz/  Велс|c}}]] Евро 2016 - Прва фаза - дет.
27-6-2016 Ница [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Исланд|ssb}}px 0px {{Naz/  Исланд|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Исланд|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Исланд|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Исланд|d}}|{{Naz/  Исланд|c}}]] Евро 2016 - Осминафинале - дет.
4-9-2016 Трнава [[ фудбалска Selezione {{Naz/Словачка  |d}}|{{Naz/Словачка  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Словачка  |ssb}}px 0px {{Naz/Словачка  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Словачка  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Словачка  |c}}|20x16px]] 0 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] Квал. за СП 2018 -
8-10-2016 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Малта|ssb}}px 0px {{Naz/  Малта|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Малта|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Малта|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Малта|d}}|{{Naz/  Малта|c}}]] Квал. за СП 2018 -   19'
11-10-2016 Љубљана [[ фудбалска Selezione {{Naz/Словенија  |d}}|{{Naz/Словенија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Словенија  |ssb}}px 0px {{Naz/Словенија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Словенија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Словенија  |c}}|20x16px]] 0 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] Квал. за СП 2018 -
11-11-2016 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 3 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Шкотска|ssb}}px 0px {{Naz/  Шкотска|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Шкотска|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Шкотска|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Шкотска|d}}|{{Naz/  Шкотска|c}}]] Квал. за СП 2018 -
15-11-2016 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Шпанија|ssb}}px 0px {{Naz/  Шпанија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Шпанија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Шпанија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Шпанија|d}}|{{Naz/  Шпанија|c}}]] Пријателска -   45+2'   79'
10-11-2017 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 0 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Германија|ssb}}px 0px {{Naz/  Германија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Германија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Германија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Германија|d}}|{{Naz/  Германија|c}}]] Пријателска -   71'
14-11-2017 Лоднон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 0 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Бразил|ssb}}px 0px {{Naz/  Бразил|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Бразил|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Бразил|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Бразил|d}}|{{Naz/  Бразил|c}}]] Пријателска -   90+1'
23-3-2018 Амстердам [[ фудбалска Selezione {{Naz/Холандија  |d}}|{{Naz/Холандија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Холандија  |ssb}}px 0px {{Naz/Холандија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Холандија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Холандија  |c}}|20x16px]] 0 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] Пријателска -   71'
27-3-2018 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Италија|ssb}}px 0px {{Naz/  Италија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Италија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Италија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Италија|d}}|{{Naz/  Италија|c}}]] Пријателска -   60'
2-6-2018 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Нигерија|ssb}}px 0px {{Naz/  Нигерија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Нигерија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Нигерија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Нигерија|d}}|{{Naz/  Нигерија|c}}]] Пријателска -   68'
7-6-2018 Лидс [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 2 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Костарика|ssb}}px 0px {{Naz/  Костарика|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Костарика|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Костарика|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Костарика|d}}|{{Naz/  Костарика|c}}]] Пријателска -
24-6-2018 Нижни Новгород [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 6 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Панама|ssb}}px 0px {{Naz/  Панама|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Панама|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Панама|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Панама|d}}|{{Naz/  Панама|c}}]] СП 2018 - Прва фаза -   70' дет.
28-6-2018 Калининград [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 0 – 1 <span style="margin:0px {{Naz/  Белгија|ssb}}px 0px {{Naz/  Белгија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Белгија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Белгија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Белгија|d}}|{{Naz/  Белгија|c}}]] СП 2018 - Прва фаза - дет.
3-7-2018 Москва [[ фудбалска Selezione {{Naz/Колумбија  |d}}|{{Naz/Колумбија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Колумбија  |ssb}}px 0px {{Naz/Колумбија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Колумбија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Колумбија  |c}}|20x16px]] 1 – 1 прод.
(3 - 4 пен.)
<span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] СП 2018 - Осминафинале -   102' дет.
11-7-2018 Москва [[ фудбалска Selezione {{Naz/Хрватска  |d}}|{{Naz/Хрватска  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Хрватска  |ssb}}px 0px {{Naz/Хрватска  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Хрватска  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Хрватска  |c}}|20x16px]] 2 – 1 прод. <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] СП 2018 - Полуфинале -   91' дет.
14-7-2018 Санкт Петербург [[ фудбалска Selezione {{Naz/Белгија  |d}}|{{Naz/Белгија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Белгија  |ssb}}px 0px {{Naz/Белгија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Белгија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Белгија  |c}}|20x16px]] 2 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Англија|ssb}}px 0px {{Naz/  Англија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Англија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Англија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Англија|d}}|{{Naz/  Англија|c}}]] СП 2018 - за 3. место -   46' дет.
8-9-2018 Лондон [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 2 <span style="margin:0px {{Naz/  Шпанија|ssb}}px 0px {{Naz/  Шпанија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Шпанија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Шпанија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Шпанија|d}}|{{Naz/  Шпанија|c}}]] УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   53'   90+4'
11-9-2018 Лестер [[ фудбалска Selezione {{Naz/Англија  |d}}|{{Naz/Англија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Англија  |ssb}}px 0px {{Naz/Англија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Англија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Англија  |c}}|20x16px]] 1 – 0 <span style="margin:0px {{Naz/  Швајцарија|ssb}}px 0px {{Naz/  Швајцарија|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Швајцарија|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Швајцарија|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Швајцарија|d}}|{{Naz/  Швајцарија|c}}]] Пријателска -   79'
Вкупно Настапи 25 Голови 0

Наводи

уреди
  1. Magowan, Alistair (22 August 2013). „Dinamo Tbilisi 0–5 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 21 May 2017.
  2. Chase, Graham (19 September 2013). „Tottenham 3–0 Tromso“. BBC Sport. Посетено на 27 May 2017.
  3. Hookham, Richard (11 December 2013). „Tottenham injury boost as Danny Rose and Christian Eriksen return to training“. Metro. London. Посетено на 27 May 2017.
  4. Magowan, Alistair (15 December 2013). „Tottenham Hotspur 0–5 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 27 May 2017.
  5. „Andre Villas-Boas: Tottenham sack manager“. BBC Sport. 16 December 2013. Посетено на 27 May 2017.
  6. Emons, Michael (22 December 2013). „Southampton 2–3 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 27 May 2017.
  7. Sanghera, Mandeep (26 April 2014). „Stoke City 0–1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 21 May 2017.
  8. „Rose deal“. Tottenham Hotspur F.C. 31 July 2014. Посетено на 1 August 2014.
  9. „Ben Davies & Michel Vorm join Spurs, Swansea sign Sigurdsson“. BBC Sport. 23 July 2014. Посетено на 1 April 2016.
  10. Shemilt, Stephan (1 January 2015). „Tottenham Hotspur 5–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 4 January 2016.
  11. Hytner, David (14 January 2015). „Tottenham ignite their FA Cup fire after Burnley's blistering start“. The Guardian. London. Посетено на 18 April 2017.
  12. Raynor, Dominic (22 February 2015). „Tottenham Hotspur 2–2 West Ham United“. BBC Sport. Посетено на 1 April 2016.
  13. McNulty, Phil (1 March 2015). „Chelsea 2–0 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 16 December 2017.
  14. Osborne, Chris (16 May 2015). „Tottenham Hotspur 2–0 Hull City“. BBC Sport. Посетено на 1 April 2016.
  15. Kilpatrick, Dan (11 January 2016). „Spurs' Danny Rose thought captaincy was Mauricio Pochettino joke“. ESPN FC. Посетено на 11 January 2016.
  16. Whalley, Mike (28 February 2016). „Tottenham Hotspur 2–1 Swansea City“. BBC Sport. Посетено на 5 November 2017.
  17. „Tottenham Hotspur – Timeline | Facebook“. Facebook. Посетено на 22 September 2016.
  18. "Tottenham 1–1 Liverpool". BBC Sport. 27 August 2016. Retrieved 19 December 2016.
  19. "Tottenham Hotpsur 2–1 Burnley". BBC Sport. 18 December 2016. Retrieved 19 December 2016.
  20. Bevan, Chris (31 January 2017). „Sunderland 0–0 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 29 April 2017.
  21. Collomosse, Tom (7 March 2017). „Tottenham expect Danny Rose to return from knee injury in early April“. London Evening Standard. Посетено на 29 April 2017.
  22. „PFA teams of the year: Chelsea and Tottenham dominate Premier League XI“. BBC Sport. 20 April 2017. Посетено на 6 May 2018.
  23. „Danny Rose: Tottenham left-back undergoes surgery on knee injury“. BBC Sport. 16 May 2017. Посетено на 16 May 2017.
  24. „Danny Rose and Erik Lamela return to Tottenham first-team training“. BBC Sport. 11 October 2017. Посетено на 18 October 2017.
  25. Wallace, Sam; Tweedale, Alistair (17 October 2017). „Real Madrid 1 Tottenham 1: Hugo Lloris earns Spurs historic point on action-packed night at the Bernabeu“. The Daily Telegraph. London.
  26. Hafez, Shamoon (5 November 2017). „Tottenham Hotspur 1–0 Crystal Palace“. BBC Sport.
  27. „England calls for Rose and Stearman“. football365.com. 1 June 2009. Архивирано од изворникот на 5 June 2009. Посетено на 1 June 2009.
  28. „Danny makes England U21 bow“. Tottenham Hotspur F.C. 8 June 2009.
  29. Germany join England in last four uefa.com
  30. "Danny Rose edges England Under-21s past Portugal". The Guardian. London. 14 November 2009. Retrieved 17 October 2012.
  31. "England 2–0 Uzbekistan". The Football Association. 10 August 2010. пристапено 17 октомври 2012.
  32. "Serbia U21 0–1 England U21". BBC Sport. 16 October 2012. Retrieved 17 October 2012.
  33. "England victory over Serbia marred by racism and violence". BBC Sport. 16 October 2012. Retrieved 17 October 2012.
  34. Kelso, Paul (2 July 2012). „London 2012 Olympics: Stuart Pearce names Team GB football squad“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 5 November 2017.
  35. McNulty, Phil (26 March 2016). „Germany 2–3 England“. BBC Sport. Посетено на 27 March 2016.
  36. „England World Cup squad: Trent Alexander-Arnold in 23-man squad“. BBC Sport. 16 May 2018. Посетено на 17 May 2018.

Надворешни врски

уреди