Книга

(Пренасочено од Книги)

Книга е збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници, изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал, обично прицврстени заедно од едната страна. Секоја страна на лист од книгата се нарекува страница. Книга направена во електронска форма е позната како електронска книга или скратено е-книга. Книгите исто така се однесуваат и на литературни творби. Во библиотеките постои разлика меѓу периодичните часописи, магазини или весници и книгите. Една книга може да се подели во неколку тома или секции, и тогаш секоја од нив се нарекува исто така книга, но содржи и број, на пример прва книга, втора книга, итн. Вљубеникот во читање книги се нарекува библиофил. Местото каде се купуваат и се продаваат книгите се нарекува книжарница, а местото од каде што се позајмуваат книгите се нарекува библиотека.

Во 2010 година Гугл проценил дека постојат околу 130 милиони наслови на книги во светот.[1]

Историја на книгата

уреди

Антика

уреди

Кога е измислено пишувањето во древните цивилизации, било користено речиси сè што може да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча, кора од дрво и друго. Користење на азбука се појавува во Египет пред околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на папирус, растение кое расте покрај реката Нил. На почеток зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично.

Свиток

уреди
 
Египетски папирус на кој е прикажан богот Озирис и вагање на срце.

Папирусот се користел за пишување во древен Египет, најверојатно уште во текот на првата династија, но првите зачувани докази датираат од времето на петтата династија (околу 2400 п.н.е.).[2] Листовите од папирус биле залепени заедно во форма на свиток. Се користела и кора од липа.[3]

Според Херодот (Историја 5:58), Феникијците ги донеле пишувањето и папирусот во Грција околу десеттиот или деветтиот век пред нашата ера. Грчкиот збор за папирусот како за материјал на кој се пишува бил библион (biblion) а за книга библос (biblos), а доаѓал од феникискиот град-пристаниште Библос (Byblos), од каде се извезувал папирусот за Грција.[4] Од грчкиот јазик исто така доаѓа и зборот том (грчки: τόμος), или на латински јазик томус (Tomus), со значење посебна книга која е дел од целината на повеќе книги.

Свитоците биле често користена форма за книги во хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура. За време на Римското Царство е развиен нов формат на составување на книгите, познат како кодекс.

Кодекс

уреди
 
Жена која држи книга (или восочни табли) во форма на кодекс. Ѕидна слика од Помпеја, пред 79 година.

Свитоците од папирус биле користени и во првиот век од нашата ера, за што сведочат пронајдоците од Помпеја. Првата книга направена во форма на кодекс е од крајот на првиот век. Но, кодексот не се здобил со голема популарност во тоа време.[5] Постепено бил прифаќан поради неколку економични причини. Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се пишува, понекогаш дрвени таблички натопени во восок. Тие биле полесни за носење, за ракување и за криење, но исто така ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор за употреба на овој формат во школите како и при водење белешки.

 
Кинеска книга од бамбус

Во 5 век, Исидор од Севиља во својата книга Етимологија (Etymologiae, VI.13) ја објаснува врската меѓу кодекс, книга и свиток: „Кодексот е составен од многу книги, а книга е еден свиток.“

Среден век

уреди

Ракописи

уреди

После падот на Римското Царство во 5 век, станало тешко да се набави папирус, заради намалените контакти со Египет, па така пергаментот станал главен материјал на кој се пишувал. Во тоа време манастирите ја продолжиле традиција на пишување, односно препишување на текстови.[6] Пред појавата на печатарските машини, сите книги биле препишувани рачно, што ги правело книгите да бидат скапи, но и во многу мал тираж. До 9 век, поголемите колекции на книги броеле околу 500 книги, а кон крајот на средниот век библиотеката на папата во Авињон како и библиотеката во Париз на Сорбона содржеле само околу две илјади наслови.[7] Местото во манастирите каде се препишувале книгите e наречено скрипториум (scriptorium). Било забрането користење на вештачко осветлување од страв да не се запалат ракописите. Учесниците во препишувањето ја делеле работата на петмина:

  • Калиографи (Calligraphers), кои ја завршувале крајната копија
  • Кописти (Copyists), кои препишувале
  • Коректори (Correctors), кои ја споредувале книгата со ракописот од кој била препишана
  • Илуминатори (Illuminators), кои ги цртале сликите, илустрациите
  • Рубрикатори (Rubricators), кои ги боеле црвените букви

Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен. Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подготвувале страниците, па се препишувал текстот. Препишувачот оставал празни места за илустрациите и за големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На крајот книгата се поврзувала.[8] Биле користени неколку видови на мастило. Текстот бил пишуван во темнокафеава или црна боја, а се користела црвената и златната боја за украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се користеле повеќе бои. Понекогаш пергаментот се обојувал во темновиолетова боја, а текстот бил пишуван со сребрена или златна боја.[9]

Ирските монаси први започнале со оставање празно место меѓу зборовите во седмиот век, но ова не било прифатено како општа употреба сè до 12 век.[10]

Кориците на книгите биле правени од дрво, пресвлечени со кожа. Бидејќи пергаментот има тенденција да се врати во формата која ја имал пред оформувањето во книга, односно страниците се виткале по некое време, на кориците имало игли за стегнување на листовите.

Книги од хартија

уреди
 
Адам и Ева, илустрација од „Книга на претскажувања“ од околу 1550 година. Употребени се живописни бои, мастило и златна боја

Арапите го развиле производството на книгите во нивната „златна ера“. Тие биле први кои произвеле книга од хартија, откако го научиле правењето на хартијата од Кинезите во 8 век.[11] Книгите кои ги правеле тие, биле сошиени со свила и корица од кожа. Бидејќи хартијата е поотпорна на влага, не биле потребни прицврстувачи. Производството на книги станало вистинска индустрија, а во градовите имало улици со книжарници, како на пример во Маракеш, каде само во една улица имало повеќе од 100 книжарници во 12 век. Познатата џамија Кутубија е наречена така поради нејзината местоположба на оваа улица. Според зборовите на Дон Бејкер:

Светот на Исламот ги произвел најубавите книги направени било кога. Потребата од пишување на Откровенијата кои пророкот Мухамед ги примил, ја предизвикувала и желбата да се разубави книгата која ги содржи тие зборови. Освен можеби во Кина, само во исламскиот свет кон производството на книга се пристапувало со почит. Биле ставани прекрасни илустрации со златни и живи бои, а целата книга убава корица.[12]

Исламскиот свет во средниот век исто така развил посебна техника за репродукција на копии од книги во големи тиражи, за разлика од ракописите кои во тоа време се правеле во другите земји, каде рачно се препишувала една книга во една копија.[13] Со тој систем, произведувале десеттици или повеќе копии со едно „читање“, а со две или повеќе „читања“, лесно се доаѓало до бројката од сто копии.[14]

Денешните книги се печатат на хартија која е специјално изработена за производство на печатени книги. По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен од другата страница. Хартијата е исто така со одредена тежина. Најчесто се користи 80 грамската хартија (80 g/m²), но сепак се користат различни видови на хартија за различни намени на книгата која се печати.

Книгата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Книгата како мотив во книжевноста

уреди
  • „Книга на мудроста“ - суфиска приказна.[15]
  • „Книга“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[16]
  • „Книгата“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2005 година.[17]
  • „Чинот на книгата“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[18]
  • „Како набавив енциклопедија“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[19]
  • Книга од песок“ - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1975 година.[20]
  • „Книги за добра ноќ“ - кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.[21]
  • „Летаат книги“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[22][23]
  • „Љубов“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[24]
  • „Кабаетлија“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.[25]
  • „Кој ја зел книгата“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.[26]
  • Туѓите книги“ - книга на италијанскиот писател Итало Калвино од 1991 година.[27]
  • Книга на кралевите и будалите“ - (српски: Књига краљева и будала) - расказ на српскиот писател Данило Киш.[28]
  • „Книга полна неизвесност“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[29]
  • Книга на смеата и заборавот“ — роман на чешкиот писател Милан Кундера од 1979 година.[30]
  • „Човекот со книгата“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[31]
  • „Децата што читаа во училишниот двор“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[32]
  • „Неконвенционална промоција на книга“ — расказ на македонскиот писател Стефан Марковски.[33]
  • „Дневна доза проза“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[34]
  • „Расплет“ — краток расказ на Сања Михајловиќ-Костадиновска.[35]
  • „Книга од десет реда“ - книга на Судебе Мохафез.[36]
  • „Мојата прва книга“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[37]
  • „Книгата е живот“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[38]
  • „Староците од Штутгарт“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[39]
  • „И споредните ликови умираат, зарем не?“ — краток расказ на македонската писателка Ќорвезироска од 2021 година.[40]
  • „Мина“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[41]
  • „Толку пати колку што треба“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[42]
  • „Да биде ноќ“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[43]
  • „Расипана витрина“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[44]
  • „Подвиткани книжевни опашки“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[45]
  • „Книги на раката“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[46]
  • „Триесет и една тишина“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[47]
  • „Коријандре, сине мој!“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[48]
  • Книга на страстите“ - роман на германскиот писател Герхарт Хауптман.[49]

Книгата како мотив во популарната музика

уреди
  • „Книга што зборува“ (англиски: Talking Book) — музички албум на американскиот музичар Стиви Вондер (Stevie Wonder) од 1972 година.[50]
  • „Книга и нејзините корици“ (англиски: Book And It's Cover) — песна на американската хард-кор група Ill Repute од 1984 година.[51]
  • „Црна книга“ (англиски: Black Book) — песна на американската рок-група Париз (Paris) од 1976 година.[52]
  • „Отворена книга“ (англиски: Open Book) — песна на англиската рок-група Рејкс (The Rakes) од 2005 година.[53]
  • „Држачи на книги“ (англиски: Bookends) - албум на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.[54]
  • „Книга на брилијантните нешта“ (англиски: Book Of Brilliant Things) — песна на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[55]
  • „Книги“ (англиски: Books) — песна на англиската рок-група The Teardrop Explodes од 1980 година.[56]
  • „Книгата што ја читам“ (англиски: The Book I Read) - песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1977 година.[57]
  • „Книги за НЛО“ (англиски: Books About UFOs) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[58]
  • „Книги за возрасни“ (англиски: Adult Books) — песна на американската рок-група X од 1981 година.[59]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Books of the world“. Google. August 5, 2010. Посетено на 2010-08-15. After we exclude serials, we can finally count all the books in the world. There are 129,864,880 of them. At least until Sunday.
  2. Avrin, Leila (1991). Scribes, script, and books: the book arts from antiquity to the Renaissance. New York, New York: American Library Association; The British Library. стр. 83. ISBN 9780838905227.
  3. Dard Hunter. Papermaking: History and Technique of an Ancient Craft New ed. Dover Publications 1978, p. 12.
  4. Leila Avrin. Scribes, Script and Books, pp. 144–145.
  5. The Cambridge History of Early Christian Literature. Edd. Frances Young, Lewis Ayres, Andrew Louth, Ron White. Cambridge University Press 2004, pp. 8–9.
  6. Leila Avrin. Scribes, Script and Books, pp. 207–208.
  7. Martin D. Joachim. Historical Aspects of Cataloguing and Classification. Haworth Press 2003, p. 452.
  8. Edith Diehl. Bookbinding: Its Background and Technique. Dover Publications 1980, pp. 14–16.
  9. Bernhard Bischoff. Latin Palaeography, pp. 16–17.
  10. Paul Saenger. Space Between Words: The Origins of Silent Reading. Stanford University Press 1997.
  11. Al-Hassani, Woodcock and Saoud, "1001 Inventions, Muslim heritage in Our World", FSTC Publishing, 2006, reprinted 2007, pp.218-219.
  12. Baker, Don, "The golden age of Islamic bookbinding", Ahlan Wasahlan, (Public Relations Div., Saudi Arabian Airlines, Jeddah), 1984. pp. 13-15 [13]
  13. Edmund Burke (June 2009). „Islam at the Center: Technological Complexes and the Roots of Modernity“. Journal of World History. University of Hawaii Press. 20 (2): 165–186 [43]. doi:10.1353/jwh.0.0045.
  14. Edmund Burke (June 2009). „Islam at the Center: Technological Complexes and the Roots of Modernity“. Journal of World History. University of Hawaii Press. 20 (2): 165–186 [44]. doi:10.1353/jwh.0.0045.
  15. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 80.
  16. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  17. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 16.
  18. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 13-14.
  19. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 20-21.
  20. Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.
  21. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  22. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  23. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 48.
  24. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 11.
  25. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 24.
  26. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 70-72.
  27. Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 227.
  28. Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015.
  29. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 44-45.
  30. „Официјално мрежно место на Табернакул“. Архивирано од изворникот на 2018-01-22. Посетено на 2021-08-13.
  31. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 49-50.
  32. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 63-64.
  33. Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 45-46.
  34. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 30-31.
  35. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 38.
  36. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 12.
  37. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 83-85.
  38. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 36.
  39. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 26-27.
  40. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 49-50.
  41. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 61.
  42. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 447-448.
  43. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 445.
  44. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 99.
  45. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 586-587.
  46. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 105-106.
  47. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 246.
  48. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 255.
  49. B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129.
  50. Stevie Wonder – Talking Book (пристапено на 27.3.2024)
  51. Ill Repute – What Happens Next (пристапено на 21.3.2023)
  52. Paris (19) – Paris (пристапено на 26.2.2024)
  53. The Rakes – Capture / Release (пристапено на 31.3.2024)
  54. Discogs, Simon & Garfunkel ‎– Bookends (пристапено на 24.9.2018)
  55. Simple Minds – Sparkle In The Rain (пристапено на 8.3.2024)
  56. Discogs, The Teardrop Explodes ‎– Kilimanjaro (пристапено на 12 март 2021)
  57. DISCOGS, Talking Heads ‎– Talking Heads: 77 (пристапено на 12.5.2021)
  58. Discogs, Hüsker Dü ‎– New Day Rising (пристапено на 1.7.2020)
  59. Adult Books (пристапено на 9.2.2023)