Византијци
Византијци или Pомеи (Рωμαίοι = Римјани) — гркојазичните поданици на Римското Царство, а подоцна и на Источното Римско Царство (средновековната Романија), наречена постфактум од историчарите „Византија“, по името на градот Византион (Βυζάντιον), односно Цариград, кој станал престолнина на Римското Царство во 330 година. Под поимот не се подразбира етничка припадност, туку политичка. Латинојазичното население како во римскиот запад, така и во римскиот исток било нарекувано Романи (Romani = Римјани)[1][2].
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Византија (Мала Азија, Балкан) | |
Јазици | |
средновековен грчки јазик | |
Вероисповед | |
православие |
Mакар и релативно ретко во источноримските хроники пред 1453 година (падот на Цариград), под стилизираниот поим „Византијци“ (Βυζάντιοι) се подразбирале само и единствено жителите на Цариград. Жителите на тој град, сепак, се сметале себеси како Римјани, а не како „Византијци“, поим кој не бил актуелен во тогашната реалност. Поимот „Византијци“ може со полно право да се смета за неологизам, кој потекнува дури од 1557 година, односно се користи за првпат од западната историографија еден век по падот на Цариград и негово освојување од Османлиите.
Поимот „Ромеи“ (во ред со „Романи“ на латински јазик, „Рум“ на персиски, арапски и турски јазик) всушност сам по себе се јавува како политоним, а не како етноним. По 212 година, етничкото потекло повеќе не било од суштинско значење за поданиците на Римското Царство[3] Во секој случај постепени промени имало и до 330, кога Константин I го изградил Цариград или Цариград како свој престолен град, а процесот на хеленизација, и христијанизација веќе бил во голем замав.
Во 395 година, римската држава била поделена на два дела: Западно Римско Царство, со седиште во Рим и Источно Римско Царство, со престолнина во Цариград. Тогаш била создадена и посебна црква на чело со епископ, а од 451 година со патријарх. Во 596 година патријархот на Цариградската патријаршија бил прогласен за вселенски. Грчкиот јазик бил прогласен за службен јазик на исто ниво со латинскиот на почетокот на 7 век. На почетокот на 8 век, латинскиот јазик конечно бил изместен од грчкиот, како официјален. Сѐ до 1453, жителите на Византија себеси се сметале и се нарекувале како Ромеи, а јазикот што го зборувале - Ромејски ('Ῥωμαιϊκή') или „римјански јазик“.
Иако и поданици на царот, на пример Евреите и Муслиманите не влегувале во социјалната и правна структура на општеството, и не се нарекувале себеси како Ромеи, бидејќи тие не биле христијани. Исповедањето на Јудаизмот и Исламот не било забрането, но тие не можеле да ги уживаат сите права во една христијанска држава. Интересен бил правниот статус на Ерменците, Асирците и Коптите со нивните посебни Христијански цркви. Верските противречности акумулирани меѓу власта во Цариград и овие три народи, довеле до средновековен национализам и верска дискриминација.
Ромеите се идентификувале како нашенци, во смисла на опозиција на странци, како политички следбеници на Рим, на Апостолите и на културата од Хеленистичкиот период.
Наводи
уреди- ↑ Harrison 2002, стр. 268 : "Roman, Greek (if not used in its sense of 'pagan') and Christian became synonymous terms, counterposed to 'foreigner', 'barbarian', 'infidel'. The citizens of the Empire, now predominantly of Greek ethnicity and language, were often called simply ό χριστώνυμος λαός ['the people who bear Christ's name']."
- ↑ Earl 1968, стр. 148 .
- ↑ Charanis, Peter (1959). "Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century". Dumbarton Oaks Papers (Dumbarton Oaks, Trustees for Harvard University) 13: 23–44. JSTOR 1291127.