Тунгуски јазици
Тунгуските јазици се јазично семејство кое се зборува во источен Сибир во Русија и во Манџурија во Кина. Поголем број од јазиците се загрозени и иднината на семејството е несигурна. Традиционално, јазичарите ги сметаат тунгуските јазици за дел од алтајските јазици, заедно со туркиските и монголските јазици.
Тунгуски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Русија (Сибир), Кина (Манџурија) |
Класификација: | алтајски (спорно)[1]
|
Гранки: |
северни
јужни
|
ISO 639-5: | tuw |
Јазици
уредиЈазичарите кои работаат на тунгуските јазици предложиле поголем број класификации засновани на различни критериуми, меѓу кои морфологијата, лексиката и фонологијата. Најприфатлива класификација на тунгуските јазици е таа на јужни и северни тунгуски јазици (Георг, 2004):
- северни
- евенски јазик - се зборува во источен Сибир
- евенкиски
- евенкиски јазик - јазикот се зборува во централен Сибир и североисточна Кина.
- орочонски јазик
- солонски јазик - често се смета за дијалект на евенкискиот.
- негидалски јазик
- ?килиски јазик - често се смета за дијалект на нанајскиот јазик
- удегејски
- јужни
- манџурски
- џурченски и манџурски јазик - јазиците се зборуваат во Манџурија, Кина.
- сибенски јазик - во Сјинџанг
- џурченски и манџурски јазик - јазиците се зборуваат во Манџурија, Кина.
- нанајски
Особености
уредиТунгуските јазици се аглутинативни јазици. Некои од јазиците имаат сложен падежен систем и сложени системи за времето и аспектот. Исто така, јазиците имаат сложен систем на гласовна хармонија. Исто така, покрај граматичките сличности, овие јазици споделуваат и сличен зборовен фонд.
Сродност со останатите јазични семејства
уредиТрадиционално, тунгуските јазици биле сврзувани со туркиските и монголските јазици од јазичното семејство на алтајски јазици. Според други тези, тунгуските јазици можеби се сродни со ајнски, корејскиот и јапонските јазици.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Kane, Daniel. The Sino-Jurchen Vocabulary of the Bureau of Interpreters. Indiana University Uralic and Altaic Series, Volume 153. Bloomington, Indiana: Indiana University Research Institute for Inner Asian Studies, 1989. ISBN 0-933070-23-3.
- Lewis, M. Paul (ed.). "Altaic" in Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International, 2009. ISBN 978-1-55671-216-6.
- Miller, Roy Andrew. Japanese and the Other Altaic Languages. Chicago: The University of Chicago Press, 1971.
- Poppe, Nicholas. Vergleichende Grammatik der Altaischen Sprachen [A Comparative Grammar of the Altaic Languages]. Wiesbaden: Otto Harrassowitz, 1960.
- Tsintsius, Vera I. Sravnitel'naya Fonetika Tunguso-Man'chzhurskikh Yazïkov [Comparative Phonetics of the Manchu-Tungus Languages]. Leningrad, 1949.
- Stefan Georg. "Unreclassifying Tungusic", in: Carsten Naeher (ed.): Proceedings of the First International Conference on Manchu-Tungus Studies (Bonn, August 28 – September 1, 2000), Volume 2: Trends in Tungusic and Siberian Linguistics, Wiesbaden: Harrassowitz, 45-57
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Тунгуско јазично семејство Архивирано на 15 март 2012 г.
- Monumenta Altaica Архивирано на 16 јули 2011 г.—алтајска лингистика
- Тунгуска истражувачка група Архивирано на 6 октомври 2012 г.
- (шпански) Тунгуски јазици