Лоренс Оливие

британски глумец, режисер и продуцент (1907–1989)

Сер Лоренс Кер Оливие (22 мај 1907 - 11 јули 1989) — англиски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и продуцент. Во кариерата долга над шеесет години играл најразлични улоги - од ликови од грчки и Шекспирови трагедии, ексцентрични и гротескни негативци, до јунаци на романтични комедии. Се смета за најдобар глумец на ликови од Шекспировите драми.[1][2] Најпознат е по улогите во филмовите Оркански височини (1939), Ребека (1940), Бани Лејк исчезна (1965), Принц и танчерка (1957), Отело (1965), Маратонец (1976) и Момчињата од Бразил (1978). Добил два почесни Оскари за животно дело и голем придонес кон филмската уметност, како и Оскар за најдобар главен глумец за улогата во Хамлет.

Оливие со Мерл Оберон во филмот Оркански височини (1939г.)

Оливие бил номиниран за тринаесет Оскари. Добитник е на сребрена мечка на Берлински филмски фестивал на Златниот лав на фестивалот во Венеција, а добил и ѕвезда на Холивудската патека на славните. Тој е прв глумец во историјата на филмот кој добил благодарна титула. Американскиот филмски институт го вклучил меѓу дваесетте најголеми глумци на сите времиња. Се смета за најдобар британски глумец на дваесеттиот век.[3]

Лоренс Кер Оливие е роден 1907 во Доркинг. Неговиот татко, Џерард Оливие, бил свештеник, па Лоренс израснал во смирена и религиозна фамилија. Бегајки од строгоста и религиозноста на својот татко, Лоренс многу се зближил со мајка му, Агнес Луиз. Меѓутоа, Агнес починала многу рано, на четириесет години и нејзината смрт многу го потресла дванаесетто годишниот Лоренс. Останал со својот брат Ричард и сестра му Сибил во Олд Ректориј ( дел од училиштето Свети Кристофер ), а неговиот тако се преселил во Хрдфордшир. Во текот на шеестогодишната кариера, Лоренс Оливие играл во околу 130 претстави, 63 фимови и во 26 ТВ серијали. Првите глумечки чекори Оливие ги стекнал 1930 година во Англија. Десет години подоцна, благодарение на холивудските хитови Оркански височини и Ребека, неговото име станало познато во светот на филмовите. Значајни улоги на телевизија имал во осумдесеттите години на 20 век.  

Наводи

уреди
  1. „Richard III - Movie info: cast, reviews, trailer on mubi.com“. Посетено на 24 јули 2011.
  2. „www.britishcinemagreats.com“. Посетено на 24 јули 2011.
  3. „BBC NEWS | UK | Magazine | The great pretender“. Посетено на 24 јули 2011.

Надворешни врски

уреди