Шаховски турнир во Дортмунд
Шаховскиот турнир во Дортмунд (официјално Dortmunder Sparkassen Chess Meeting), познат и како Шаховски турнир Шпаркасен е еден од најпрестижните и најсилни шаховски турнири во светот. Турнирот е супер турнир на ФИДЕ и се одржува секоја година во текот на летото. На турнирот секоја година учествуваат врвни велемајстори, па турнирот секоја година е еден од најсилните во светот, во група со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Линарес. Покрај главниот турнир, во рамките на настанот, секоја година се организираат турнири за шахисти во сите класи и категории. Во последните неколку години, турнирот се одржува во просториите на Дортмундскиот театар.
На турнирот може да бидат поканети само најдобрите шахисти во светот (со најголем реjтинг), но исклучок од ова е покана до победникот на Аерофлот тунирот, кој секоја година се одржува во Москва, а на кој може да учествуваат шахисти со Ело рејтинг помал од 2550 бода.
Турнирот, обично се игра во Бергеров систем, при што секој учесник треба да одигра две партии (една со бели и една со црни фигури).
Историја
уредиСтатии од категоријата Шах |
---|
Основи |
---|
Теорија |
Отворање · Средишница |
Натпреварувања |
Олимпијада |
Организации |
|
Списоци |
Поими · Книги · Партии |
Првиот турнир се одржал во 1973, како меѓународниот германско првенство, а прв победник бил Ханс-Јоаким Хехт. Но, во Дортмунд, во 1928, 1951 и 1961 се одржале три значајни турнири, кои важат за предвесници на турнирот. За некои шахисти, овој турнир бил почеток на успешна кариера, а меѓу нив се вбројуваат: За неколку од светската елита играчи, на турнирот означени почетна точка на својата кариера: Петар Леко (за првпат учествувал во 1991) и Владимир Крамник (на турнирот во 1992 ја исполнил велемајсторската норма). Турнирот во 1992 бил најсилниот шаховски турнир којшто нкогаш бил организиран во Германија. На турнирот победил светскиот првак Гари Каспаров, иако загубил две партии (против Гата Камски и Роберт Хибнер). Во 2002, турнирот претставуваше турнир на кандидатите, на кој победникот Петар Леко го предизвика светскиот првак според ПША Владимир Крамник на меч за светски првак, кој се одржа во 2004.
Во 2005, турнирот достигна 19. категорија, што значи дека просечниот Ело рејтинг на учесниците изнесуваше 2700 бода. на турнирот, изнeнадувачки победи младиот германски велемајстор Аркадиј Најдич, којшто со 19 години е најмладиот победник на турнирот досега. Најмногу победи на турнирот воопшто има Владимир Крамник, кој бил победник 9 пати.
Во 2006, турнирот се одржа од 28 јули до 6 август, а учествуваа шест од најдобрите 10 шахисти според ранг списокот на ФИДЕ во светот. На турнирот победи Владимир Крамник, а ист број на победи имаше и Петар Свидлер.
Турнирот во 2007, се одржа од 23 јуни до 1 јули. На турнирот учествуваа Ананд, Крамник, Мамедјаров, Леко, Гелфанд, Најдич, Карлсен и Алексеев. Просечниот Ело рејтинг на турнирот изнесуваше 2727 бода, па турнирот беше од 20. Победник беше Крамник со резултат 5/7.
Во 2008, учествуваа Крамник, Мамедјаров, Леко, Иванчук, Најдич, Густафсон, Непомнијашиј и Ван Вели. Турнирот се одржа од 28 јуни до 6 јули, а победник на турнирот беше Петар Леко, кој оствари резултат 4,5/7. Владимир Крамник, кој победи на турнирот во претходните две години оствари невообичаено лош резултат 3/7.
Во 2009, турнирот се одржа од 2 до 12 јули. На турнирот учествуваа Крамник, Леко, Карлсен, Јаковенко, Бакро и Најдич. на турнирот победи Крамник со резултат 6,5/10, пред Карлсен, Леко и Јаковенко со по 5,5 бода. секоја со 5,5 бода. Ова беше деветтата рекордна победа на Крамник на овој турнир.
Победници на турнирот
уредиПред 1973
уредиГодина | Победник | Земја |
---|---|---|
1928 | Фриц Земиш | Германија |
1951 | Алберик О'Кели де Голвеј | Белгија |
1961 | Марк Таиманов | СССР |
По 1973
уредиНадворешни врски
уреди- Sparkassen Chess Meeting (германски)
- Jan van Reek: Шаховски турнир во Дортмунд Архивирано на 18 август 2016 г. (англиски)
- TeleSchach: Dortmunder Schachtage seit 1973 (Berichte, Tabellen und Fotos) (германски)