Шаховски турнир во Нанѓинг
Шаховски турнир во Нанѓинг, познат и како „Бисерна пролет“ — шаховски турнир кој се одржува еднаш годишно во Нанѓинг, НР Кина. На турнирот учествуваат 6 супер велемајстори, при што секој од нив игра по две партии со секој останат противник, па турнирот добива карактер на Берегровуиот систем. Првиот турнир се одржа во декември 2008, на кој победи Веселин Топалов. Место на одржување на турнирот е хотелот Бисерна пролет во Нанѓинг.
Според Силвио Данаилов, менаџерот и тренер на Топалов, овој турнир „со сигурност ќе биде еден од Гренд слем турнирите“, зборови кои се остварија во 2009.[1][2]
Организација
уредиСтатии од категоријата Шах |
---|
Основи |
---|
Теорија |
Отворање · Средишница |
Натпреварувања |
Олимпијада |
Организации |
|
Списоци |
Поими · Книги · Партии |
Турнирот е организиран од страна на општината на градот Нанѓинг, административниот центар Шах и карти, народната влада на округот Пуку и управата за спорт во Нанѓинг.
Спонзори на турнирот се фармацевтската компанија Џангзу Канион, дневниот весник Јангџи и Манделовиот меѓународниот универзитет за претприемништво.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 250.000 €, од кои победникот добива 80.000 €.
Организацијата на турнирот е поддржана од страна на ФИДЕ, Европската шаховска федерација и Азиската шаховска федерација.
Турнири
уреди2008
уредиПрвиот турнир се одржа од 10 до 22 декември 2008, а на отворањето присуствуваа познати шаховски официјални работници, како претседателот на ФИДЕ Кирсан Иљумжинов, претседателот на Европската шаховска федерација Борис Кутин, претседателот на Азиската шаховска федерација Шеих Султан, генералнот секретар на ФИДЕ Лиан Џиронг, но и канадскиот екоомист и добитник на Нобеловата награда за економија Роберт Мандел. На турнирот учествуваа шест шахисти: Веселин Топалов, Василиј Иванчук, Левон Аронјан, Сергеј Мовсесјан, Петар Свидлер и Бу Сјанџи. Со Ело рејтинг од 2751,6 бода, турнирот беше од највисока, 21. категорија и беше најсилниот турнир кој некогаш се одиграл во НР Кина. Победник на турнирот, а со тоа и прв победник во историјата на турнирот беше Веселин Топалов.
Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Бодови 1 Веселин Топалов * * ½ 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ ½ 7.0 2 Левон Аронјан ½ 0 * * ½ ½ ½ ½ 1 1 ½ ½ 5.5 3 Бу Сјанџи ½ ½ ½ ½ * * ½ 0 ½ 0 1 1 5.0 4 Петар Свидлер 0 0 ½ ½ ½ 1 * * ½ ½ 0 1 4.5 5 Василиј Иванчук ½ 0 0 0 ½ 1 ½ ½ * * ½ ½ 4.0 6 Сергеј Мовсесјан ½ ½ ½ ½ 0 0 1 0 ½ ½ * * 4.0
2009
уредиВо 2009, турнирот се одржа од 27 септември до 9 октомври. Учествуваа шест супер велемајстори: Веселин Топалов, Магнус Карлсен, Дмитри Јаковенко, Тејмур Раџабов, Петар Леко и Ванг Јуе. Турнирот беше со Ело рејтинг од 2761 бод, повторно од 21. категорија и беше вклучен во Гренд-слем шаховските турнири за сезоната 2009-2010. На турнирот доминираше младиот норвешки велемајстор Магнус Карлсен, кој оствари резултат 8/10, со оценет рејтинг од 3002 бода, највисок во историјата на шаховските турнири.[3]
Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Бодови С/Б критериум Оценет рејтинг 1 Магнус Карлсен 2772 * * 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ 1 1 8.0 3002 2 Веселин Топалов 2813 0 ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ 1 ½ 1 5.5 2789 3 Ванг Јуе 2736 ½ 0 ½ ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ ½ 4.5 2735 4 Тејмур Раџабов 2757 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.0 20.00 2695 5 Петар Леко 2762 0 ½ ½ 0 ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.0 19.25 2694 6 Дмитри Јаковенко 2742 0 0 ½ 0 ½ ½ ½ 1 ½ ½ * * 4.0 17.25 2698
2010
уредиНа турнирот во 2010, кој се одржа од 18 до 30 октомври, учествуваа победникот од претходното издание, Магнус Карлсен, светскиот првак, Вишванатан Ананд, како и Веселин Топалов, Вугар Гашимов, Ванг Јуе и Етјен Бакро.[4] На турнирот, победи Карлсен со бод повеќе од Ананд, со што ја одбрани титулата освоена претходната година.[5]
Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Бодови С/Б критериум Оценет рејтинг 1 Магнус Карлсен 2826 * * ½ ½ 1 ½ 1 1 ½ ½ 1 ½ 7.0 2 Вишванатан Ананд 2800 ½ ½ * * 0 1 1 ½ ½ ½ ½ 1 6.0 3 Етјен Бакро 2719 0 ½ 1 0 * * ½ 0 1 ½ 1 ½ 5.0 4 Веселин Топалов 2803 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.5 20.00 5 Вугар Гашимов 2716 ½ ½ ½ ½ 0 ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.5 19.25 6 Банг Јуе 2732 0 ½ ½ 0 0 ½ ½ 0 ½ ½ * * 3.0 17.25
Наводи
уреди- ↑ Топалов победи повторно (и Бу исто така!) Архивирано на 16 април 2009 г. на мрежното место на Chess&Vibes
- ↑ Шагховскиот турнир во нљанџинг стана Гренд-слем Chessdom
- ↑ Магнус, „Црвениот змеј доминира“ во Нанѓинг.
- ↑ „Nanjing Super Chess Tournament 2010“. Архивирано од изворникот на 2017-09-27. Посетено на 2010-10-31.
- ↑ Carlsen wins Pearl Spring 2010 Архивирано на 1 ноември 2010 г., Chessvibes, 29 октомври 2010
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Извештај за турнирот во 2008 на мрежното место на ChessBase
- Извештај за 2009 на мрежното место на ChessBase
- Фотографии од турнирот