Портал:Шах
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
уреди
ШАХШах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“). Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век). Прочитајте повеќе
уреди
Избрана статија
Проблем со осум дами — шаховско-математичка загатка, која се состои во поставување на осум дами на една шаховска табла, така што ниту една од дамите да не биде нападната и да не напаѓа друга дама според шаховските правила. Бојата на фигурите е безначајна и се претпоставува дека сите фигури меѓусебно се противници. Со други зборови, со проблемот се бара да нема две или повеќе дами по ист ред, линија или дијагонала на шаховската табла. Проблемот може да се постави на шаховска табла со која било големина, па така n дами треба да се постават на табла со димензии n×n. На вообичаена шаховска табла, каде што n=8, проблемот има 92 различни решенија. Доколку се анемарат решенијата кои се разликуваат само со пресликување и ротација, остануваат само 12 решенија. Прочитајте повеќе уреди
Избрано делоСредишница. Комбинација — шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Книгата е напишана на руски јазик и има 225 страници. Прочитајте повеќеуреди
Избрана сликауреди
Дали сте знаеле...
уреди
Шаховски отворањаШпанска партија | Италијанска партија | Кралев гамбит | Сицилијанска одбрана | Француска одбрана | Одбрана Каро-Кан | Руска партија | Филидорова одбрана | Централно отворање | Отворање со кралски коњ | Отворање со ловец | Виенска партија | Отворање со три коња | Понцијаниево отворање | Латвиски гамбит | Дамин гамбит | Чигоринова одбрана
уреди
Избрана биографијаМакс Еве (1901 — 1981) — холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор. Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии. Прочитајте повеќеуреди
Избрана композиција
уреди
Категории |