Сања Атанасовска
Сања Атанасовска — македонска новинарка и поетеса, родена е на 21 декември 1985 година во Куманово[1].
Сања Атанасовска | |
---|---|
Занимање | поет, новинар |
Националност | Македонка |
Државјанство | македонско |
Животопис
уредиГимназиско образование завршила во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Образованието го продолжила во Школата за новинарство при Македонскиот Институт за медиуми во Скопје. Работела во повеќе медиуми, меѓу кои и во Националната телевизија А1.
Во 2015 година ја објави збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која ја доби наградата Лесновски ѕвона за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година ја објавува електронската книга поезија „Тапија од животот“ на Фондација Македоника, а истата година ја доби и наградата Караманов за збирката поезија „Стаклена градина“. Стихозбирката „Стаклена градина“ има и аудио верзија[2]. Во 2017 година го освоила третото место на книжевниот фестивал Панонски галеб во Суботица, Србија. Во 2019 година авторката била на книжевна резиденција во Цетиње, Црна Гора[3]. Во 2019 година Атанасовска ја објави збирката поезија „Шафране мој“ во издание на Слово љубве - букви букс од Скопје, а во 2020 година ја објави стихозбирката „Афродита трча по ветерници“ кај истиот издавач. Поетесата објавува поезија во повеќе списанија во регионот и пошироко.
Дела
уреди- Писмото на десетте прсти, поезија, 2015 година:
- Тапија од животот, поезија, (електронска книга), 2017 година;
- Стаклена градина, поезија, 2017 година;
- Шафране мој, поезија, 2019 година;
- Афродита трча по ветерници, поезија, 2020 година.
Награди
уреди- Наградата Лесновски ѕвона;
- Наградата Караманов;
- Третета награда на меѓународниот книжевни фестивал „Панонски галеб“ - Суботица
Наводи
уреди- ↑ Шафране мој, поезија, Слово љибве - Буквибукс, Скопје, 2020
- ↑ https://nssrm.org.mk/staklena-gradina-sanja-atanasovska/
- ↑ https://kumanovskimuabeti.mk/kumanovskata-poetesa-sanja-atanasovska-na-knizhevna-rezidencija-vo-cetinje/