Очи со боја на чевли
Очи со боја на чевли — роман на Петар Андоновски, објавен во 2013 година.
Содржина
уредиРакописот Очи со боја на чевли од Петар Андоновски е структурно поделен на два дела; првиот дел се состои од четиринаесет, а вториот од деветнаесет куси глави, чијашто должина се движи од половина до две компјутерски страници, формира несекојдневна динамика на дејствијата во романот, но и воспоставува наративната драматика, досега невидена во поновата македонска прозна книжевност[1].
Двата дела од романот се обединети под воведното мото, стихот од македонскиот поет Ацо Караманов: „Гледајте, моите очи имаат блесок на вашите лакирани чевли“, а целиот роман завршува со кусата белешка за мотивацијата зад настанувањето на романот, а имено авторскиот обид наративно да ја протолкува фотографијата на македонскиот фотограф Јанаки Манаки, „Мртва природа со чевли и фотографија“ (1916-19 година).
Првиот дел ја раскажува приказната за Ема, таа е средовечна професорка по книжевност опсесивно преокупирана со машки чевли. Нејзината опсесија ја нагонува да ги следи мажите со убави, чисти чевли, без икаква намера да се вмеша во нивниот живот. Во време кога светот околу неа се урива, кога татко ѝ умира, таа препоѕнава чевли од своите замисли за иделна чистота. Така следењето на тој човек станува единствена цел, единствено дејствие кое во нејзиниот живот има смисла, единствена одбрана од потполно пропаѓање.
Вториот дел на романот му припаѓа на Нестор (оној кој поседува тие идеализирани чевли, оној кој е следен од Ема). Тој е исто така роб на својата животна приказна, своето семејно страдање под грубо влијаније на тетка му, која што го воспитувала и која во своја деспотска желба да создаде човек каков таа смета дека треба тој да стане, создала личност полна со стравови, дури паранои.
Средбата од која тргнува „невиниот“ лов на чистите чевли може да стане нешто друго. Тоа е драма со која Андоновски вешто владее до последен здив на романот.
Ликови
уредиЕма е повлечена, тивка, трагично осамена професорка по книжевност. Таа е преокупирана, всушност, машките чевли се фетиш на нејзиниот живот. Како ќе, рка на, сега пензиониран генерал од ЈНА, кој што своите строги офицерски правила ги спроведувал и во својот дом, со убедување дека добриот генерал е најнапред генерал дома, кој владее во семејството со постојан наредбодавачки однос и непрестајни барања на совршеност, на исполнување на негови побарувања без поговор. Ема е тивка жртва, ќерка која се стреми, која се измачува да стане совршена ќерка, добро дете што ќе измами задоволство на неговото лице. Една од неговите наредби, нардеба чевлите да бидат постојано чисти ќе стане нејзина опсесија. Таа опсесија ќе ја нагне да ги следи луѓето со чисти чевли, без никаква намера да им се доближи, да ги контактира, едноставно таа ги следи чевлите.
Нестор е пак жртва на опсесии на неговата тетка, жената што го исчувала и воспитувала. Со слични животни надзори како и таткото на Ема, тетка му на Нестор создала човек кој не умеел поинаку, тој морал да носи чисти чевли, кои исто така станале и негова опсесија. Нестор е израснат под строгата рака на жената која за секаков прекршок или неисполнување на нејзиното сфаќање на добро, го казнувала Нестор си затворање во темнива (во шкаф) барајќи од него во темнината да смисли добра приказна. Третманот вродува со плод, Нестор создава свој прв роман, но неговиот првенец не наидува на прифаќање од страна на политичките структури, па писателот завршува во затвор.
Сега, на слобода, Нестор прави очајнички напори да ги напише своето второ книжевно дело, но стравот од темнината која од полезна инспирација што ја применувала тетка му, станала сурова казна, наместо награда за напишаното дело, тој е во постојан конфликт со себеси.
Во Ема, која го следи, почнува да гледа истражител, кодош, агент кој ќе му нанесе зло. Неговиот страв прераснува во силна параноја. Судир на две совршено втемелени опсесии создава простор за трагичен расплет во кој двајцата ќе впаднат.
Дела од истиот автор
уреди- Ментален простор (2008, поезија);
- Телото во кое треба да се живее (2015, роман),
- Страва од варвари (2018, роман)