Тимо Вернер (роден на 6 март 1996) — германски фудбалер, напаѓач на Ред Бул Лајпциг и на германската репрезентација.

Германија Тимо Вернер
Лични податоци
Роден на 6 март 1996(1996-03-06)(28 г.)
Роден во Штутгарт, Германија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција напаѓач, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб РБ Лајпциг РБ Лајпциг
Број 11
Младинска кариера
2002-2013 Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2016 Штутгарт Штутгарт 95 (13)
2016- РБ Лајпциг РБ Лајпциг 22 (14)
Репрезентација
2010-2011 Германија Германија 15 4 (3)
2011-2012 Германија Германија 16 5 (2)
2012-2013 Германија Германија 17 18 (16)
2013-2015 Германија Германија 19 11 (9)
2015- Германија Германија 21 8 (3)
2017- Германија Германија 0 (0)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Клупска кариера

уреди

Штутгарт

уреди

Вернер е роден во Штутгарт на 6 март 1996, а започнал да тренира фудбал во 2002 година кога се приклучил на младинската школа на ФК Штутгарт на шестгодишна возраст. Своето деби за првиот тим го имал на 1 август 2013 во квалификациите за Лига Европа против бугарскиот Ботев Пловдив.[1] Вернер тогаш имал само 17 години, 4 месеци и 25 дена што го прави најмладиот играч на Штутгарт кој настапил во некој официјален натпревар за клубот.[2]

Тој го направил своето деби во Бундеслигата на 17 август 2013 година во натпреварот против Баер Леверкузен. На 22 септември 2013 година тој го постигнал својот прв гол во Бундеслигата за Штутгарт против Ајнтрахт Франкфурт во ремито 1-1. На 10 ноември, Вернер постигнал два гола во победата на неговиот тим над Фрајбург со 3-1 реализирајќи за 2-0 и 3-1, и со тоа станал најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој успеал да постигне два гола на еден натпревар. На денот на неговиот 18-ти роденден Вернер го потпишал својот прв професионален договор. Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 34 настапи (30 во Бундеслигата, 2 во Купот на Германија и 2 во Лига Европа) и 4 постигнати гола.

Во неговата последна сезона (2015-2016) во Штутгарт, Вернер постигнал 6 погодоци за клубот завршувајќи како втор најдобар клупски стрелец зад Даниел Дидави кој имал 13. Сепак и покрај неговите добри игри сезоната завршила разочарувачки за Штутгарт, бидејќи клубот испаднал од Бундеслигата по четири децении.

РБ Лајпциг

уреди

По испаѓањето на Штутгарт во Втората Бундеслига, Вернер потпишал четиригодишен договор со новопромовираниот Бундеслигаш Ред Бул Лајпциг. Трансферот бил вреден 10 милиони евра, и со тоа Вернер станал најскапото засилување на РБ Лајпциг во историјата на клубот.

Своето деби за клубот го направил на 20 август 2016 во натпреварот од Купот на Германија против Динамо Дрезден. Осум дена подоцна дебитирал во за клубот во Бундеслигата во играјќи како стартер во ремито 2-2 на гостувањето против Хофенхајм.

Репрзентативна кариера

уреди

Вернер играл за Германија на Европското првенство за играчи под 17 години во 2012.

Во март 2017 тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Јоаким Лев за пријателскиот натпревар против Англија и квалификацискиот за Светското првенство 2018 година против Азербејџан на 22 март и 26 март 2017 година.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 10 март 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014   Штутгарт БЛ 30 4 КГ 2 0 ЛЕ 2[3] 0 - - - 34 4
2014-2015 БЛ 32 3 КГ 1 0 - - - - - - 33 3
2015-2016 БЛ 33 6 КГ 3 1 - - - - - - 36 7
Вкупно Штутгарт 95 13 6 1 2 0 - - 103 14
2016-2017   РБ Лајпциг БЛ 22 14 КГ 1 0 - - - - - - 25 14
Вкупно во кариерата 117 27 7 1 2 0 - - 126 28

Наводи

уреди
  1. „Lineups Botev Plovdiv – VfB Stuttgart“. uefa.com. UEFA. 1 August 2013. Посетено на 1 August 2013.
  2. „Timo Werner on the climb“. vfb.de. VfB Stuttgart. 1 August 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 1 August 2013.
  3. Во квалификациите.

Надворешни врски

уреди