Винер Нојштат
Винер Нојштат е град кој се наоѓа јужно од Виена, во сојузната покраина Долна Австрија, во североисточна Австрија.
Винер Нојштат | ||
---|---|---|
Градската катедрала | ||
Локација во Австрија | ||
Координати: 47°49′N 16°15′E / 47.817° СГШ; 16.250° ИГД | ||
Држава | Австрија | |
Покраина | Долна Австрија | |
Округ | Статутарен град | |
Управа | ||
• Градоначалник | Клаус Шнебергер | |
Површина | ||
• Вкупна | 60,93 км2 (2,353 ми2) | |
Надм. вис. | 265 м | |
Население (1 јануари 2014) | ||
• Вкупно | 42.273 | |
• Густина | 690/км2 (1,800/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски факс | 2700 | |
Повик. бр. | 02622 | |
Регист. таблички | WN | |
Мреж. место | wiener-neustadt.gv.at |
Градот е статутарен, и е седиште на областната администрација на округот Винер Нојштат-Ланд. Винер Нојштат е местото каде што се наоѓа една од најстарите светски воени академии, Терезијанската воена академија, која била основана од царицата Марија Терезија во 1752 година за обучување на офицери за австриската војска.
Историја
уредиОбласта некогаш припаѓала на грофовијата Питен, која била наследена од маркгрофот Отокар III од Штаерска во 1158 година. Откако династијата на отакарите исчезнала со смртта на неговиот син Отокар IV, Војводството Штаерска било предадено на австриската династија Бабенберг во согласност со георгенбергскиот договор. Војводата Леополд V го основал градот во 1194 година[1] и финансирал изградба на тврдина близу до унгарската граница со откупнината платена за англискиот крал Ричард I, кој претходно го заробил и го држел како заложник во замокот Дирнштајн. Во 1241 година, мал монголски ескадрон упаднал во Нојштат за време на монголската инвазија на Европа.
Винер Нојштат, што значи повеќе или помалку „Нова Виена“ („Виенски Новград“), се стекнал со важни привилегии кои му биле доделени со цел да се овозможи неговиот развој. Тој останал дел од Штаерска, која по Битката на Моравското поле од 1278 година потпаднала под Хабсбуршката династија и во 1379 година станал составно војводство на Внатрешна Австрија. Во 15. век, Винер Нојштат доживеал популациска експанзија, кога царот Фридрих III подигнал живеалиште тука и основал Епархија на Винер Нојштат во 1469 година. Неговата сопруга, Елеонора-Елена Португалска, починала во Винер Нојштат во 1467 година. Неговиот син Максимилијан I го одржал неговиот дворец во Винер Нојштат и е погребан тука во катедралата „Св. Ѓорѓи“. Тогаш градот имал значајна еврејска заедница во која рабинот Израел Исерлајн бил нејзин најзначаен член, но по наредба на царот Максимилијан I, сите евреи биле протерани во 1496 година.
Долгогодишниот противник на династијата Хабсбург, унгарскиот крал Матија Корвин го окупирал градот во август 1487 година откако го држел под двегодишна опсада. Максимилијан I успеал повторно да го освои родниот град во 1490 година. Во 16. век, Винер Нојштат го изгубил својот статус како империска резиденција и голем дел од својата важност. Сепак, тој сè уште ја имал фунцијата на одбранбен ѕид против Турците и куруците.
Во 1751 година градот добил големо внимание кога царицата Марија Терезија одлучила да создаде воена академија во внатрешноста на царскиот замок. Во 1752 година, Терезијанската воена академија започнала да фунционира, што продолжила до денес со само неколку прекини (Ервин Ромел бил назначен за командант по австрискиот Аншлус во 1938). Во 1768 година, Винер Нојштат бил уништен од земјотрес кој го уништил замокот, којшто бил повторно изграден според планови на архитектот Николо Пакаси.[2] Во 1785 година, царот Јосиф II ја префрлил епископската столица од Винер Нојштат во Санкт Пелтен.
Во 19. век, градот се индустријализирал, посебно по отворањето на австриската јужна железница во 1841 година. Во 1909 година, „првата официјална австриска воздушна база“ била отворена северно од градот.[3] Таа служела како терен за обука на пионерите на летањето Иго Етрих, Карл Илнер и Адолф Вархаловски, кои тука спроведувале тестови.
Во текот на втората светска војна, стратешки цели во Винер Нојштат, вклучувајќи ги ранжирните станици, фабриката за воени авиони,[4] и два погони на фабриката за локомотиви биле повеќекратно бомбардирани. Бомбашките операции како Pointblack оставиле само 18 неоштетени објекти од вкупно 4,000.[5]
Партнерства
уреди- Монхајм на Рајна, Германија
- Дезенцано дел Гарда, Италија
- Харбин, Кина
Значајни личности
уреди- Максимилијан I, римски цар
- Албрехт VII, австриски владетел
- Израел Исерлејн, словенечки и германски рабин[6]
- Кралица Маријана од Шпанија, шпанска кралица
- Јоана Бајштајнер, класична гитаристка
- Јозеф Матијас Хауер, композитор
- Карл Меркац, глумец
- Михаел Ханеке, филмски режисер
- Вернер Шлагер, професионален пингпонгар
- Доминик Тим, професионален тенисер
Наводи
уреди- ↑ Buttlar, Gertrud (1993). Wiener Neustadt Geschichte, Kunst, Kultur, Wirtschaft. стр. 3. ISBN 978-3-7003-1032-7.
- ↑ Gerhartl, Wiener Neustadt, p. 332
- ↑ „Cradle of the Austrian aviation“. Wiener Neustadt history. stadtmuseum.wm.at. Посетено на 2009-09-15. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ Wernfried, Haberfellner; Schroeder Walter (1993). Wiener Neustädter Flugzeugwerke. Entstehung, Aufbau und Niedergang eines Flugzeugwerkes. Weishaupt Verlag, Graz. ISBN 978-3-7059-0000-4.
- ↑ „Wiener Neustadt - Flugzeugwerk“. Архивирано од изворникот на 2008-04-17. Посетено на 2016-10-10.
- ↑ Israel Isserlein
Надворешни врски
уреди„Винер Нојштат“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Wiener Neustadt. |