Германска култура

(Пренасочено од Култура на Германија)

Германската култура започнала долго пред Германија да стане национална држава и го опфатила целокупното германско говорно подрачје. Од самиот почеток, културата во Германија била формирана од големите интелектуални и популарни движења во Европа, верската и секуларната.

Во минатото Германија ја нарекувале Das Land der Dichter und Denker (Земјата на поети и мислители).[1]

Сојузните држави се одговорни за културните институции. Во Германија има 240 субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и над 25.000 библиотеки. Овие културни манифестации се често посетувани: Во германските музеи има над 91 милион посетители годишно, 20 милиони во театар и опера, 3.6 милиони годишно слушаат симфониски оркестри.[2]

УНЕСКО има запишано 33 германски објекти како светско природно и културно наследство.[3]

Јазик

уреди

Германскиот е службен и доминантен јазик во Германија.[4] Тој е еден од 23 службени јазици во Европската Унија и еден од трите работни јазици на Европската комисија, покрај англискиот и францускиот јазик. Признати малцински јазици во Германија се холандски, лужичко-српски и фризиски. Тие се официјално заштитени од ECRML. Најчесто зборувани доселенички јазици се турски, курдски, полски, балкански јазици и руски.

Spoken German in Goethe's Faust

Западногерманскиот јазик е стандарден јазик кој е тесно поврзан со англискиот, холандскиот и фризиските јазици. Во помала мера, е поврзан со источногерманските (изумрени) и северногерманските јазици. Поголемиот дел од германскиот вокабулар е изведен од германската гранка на индоевропското јазично семејство.[5]

Значаен број на зборови се изведени од латински и грчки, помала количина од француски и од неодамна од англиски (познат како Денглиш). Германскиот јазик се пишува на латиница. Покрај 26 стандардни букви, германскиот јазик има три вокали со преглас, имено а(ä),о(ö) и у(ü), како и цврсто с кое се пишува како "ß".

Германските дијалекти се разликуваат од варијантите на стандардниот германски јазик. Дијалектите се традиционални локални форми кои потекнуваат од германските племиња. Многу од нив тешко се разбираат бидејќи се разликуваат по нивната лексика, фонологија и синтакса.

Германија има приближно 100 милиони луѓе кои говорат на мајчин германски јазик, и околу 80 милиони на кои им е странски јазик.[6] Германскиот е прв говорен јазик на 90 милиони луѓе во Европската Унија (18%). 67% од граѓаните во Германија тврдат дека можат да говорат на најмалку еден странски јазик, а 27% дека покрај мајчиниот, говорат уште два или повеќе странски јазици.[4]

Литература

уреди

Литературата во Германија била најзастапена во Средниот век, а најзначајни писатели во тој период биле: Walther von der Vogelweide и Wolfram von Eschenbach. Nibelungenlied, чиј автор е непознат, како и Thidrekssaga се значајни дела од тој период. Збирките од бајки на Јакоб и Вилхелм Grim биле познати низ целиот свет.

Теологот Лутер, кој ја превел Библијата на Германски, се смета за основач на модерниот "Висок германски" јазик. Меѓу најпознатите германски поети и писатели се ,Лесинг, Гете, Шилер, Клајст, Хофман, Брехт, Хајне and Шмит. Деветмина добиле Нобелова награда за литература: Теодор Момзен, Паул фон Хејз, Герард Хауптман, Томас Ман, Нели Закс, Херман Хесе, Хајнрих Бел, Гунтер Грас и Херта Милер.

Johann Wolfgang v. Goethe
(1749–1832)
Friedrich Schiller
(1759–1805)
Brothers Grimm
(1785–1863)
Thomas Mann
(1875–1955)
Hermann Hesse
(1877–1962)
         

Филозофија

уреди
 
Филозоф Имануел Кант

Подемот на современите природни науки и падот на религијата покренале многу прашања кои се повторуваат во германската филозофија во однос на врската помеѓу науката и верата, разумот и емоциите, како и научни, етички и уметнички начини на гледање на светот.

Германски филозофи помогнале во формирање на западната филозофија уште пред средниот век Алберт Магнус. Подоцна, во 17 век, Лајбниц и Кант одиграле водечка улога во историјата на филозофијата. Шопенхауер и Ниче биле инспирирани од кантианизмот и германскиот идеализам за кого се заземале Фихте и Хегел. Во втората половина на 19 век Маркс и Енгелс развиле комунистичка теорија, додека Хајдегер и Гадамер ја следеле традицијата на германската филозофија во 20 век. Голем број на германски интелектуалци биле влијателни и во социологијата, особено Адорно, Хабермас, Хоркајмер, Луман, Симел, Тенис, и Вебер. Универзитетот во Берлин основан во 1810 година од страна на филозофот Вилхелм фон Хумболт бил пример за голем број современи западни универзитети. Во 21 век Германија била значајна за развој на современата аналитичка филозофија во континентална Европа, заедно со Франција, Австрија, Швајцарија и Скандинавските земји.[7]

Музика

уреди
 
Лудвиг ван Бетовен влијателен германски композитор и пијанист

Во областа на музиката, со германско потекло се некои од најпознатите класични композитори на светот, вклучувајќи ги Бах, Моцарт и Бетовен, кои ја обележале транзицијата помеѓу класичната и романтичната епоха во западната класична музика. Други композитори со Австрогерманско потекло кои се здобиле со меѓународна слава се Брамс, Вагнер, Хајдн, Шумберт, Хендл, Шуман, Лист, Менделсон, Јохан Штраус II, Брукнер, Малер, Телеман, Рихард Штраус, Шенберг, Орф, и од неодамна, Хенц, Лахенман, and Штокхаузен.

Бидејќи од 2006 година Германија е четвртиот најголем музички пазар во светот,[8] таа имала силно влијание врз техно и рок-музиката, и пионерската транс музика. Голем број изведувачи, како што се Херберт Гринмаер, Скоприонс, Рамштајн, Нена, Хавиер Наидо, Дитер Болен, Токио Хотел и Модерн Токинг се стекнале со меѓународна слава. Германски музичари, особено пионерските бендови Tangerine Dream и Kraftwerk исто така придонеле за развојот на електронската музика.[9]

 
Rammstein

Германија е домаќин на многу рок музички фестивали годишно. Rock am Ring фестивалот е најголемиот музички фестивал во Германија, и е еден од најголемите во светот. Германија е домаќин на едни од најголемите готски сцени и фестивали во целиот свет, со настани како Wave- Gotik-Treffen и фестивалот M'era Luna, со посетеност од над 30.000 луѓе.

Од 1970 година, Германија повторно имала просперитетна и популарната култура, но претежно водена од новиот главен град Берлин. Германија е исто така позната по своите реномирани оперски куќи, како што се Semperoper, Komische Oper во Берлин и Staatstheater am Gärtnerplatz. Рихард Вагнер ја изградил Бајројтскиот фестивалски театар. Еден од најпознатите филмски композитори е германецот Ханс Цимер.

Филм

уреди
Податотека:Derblaueengel.jpg
Марлен Дитрих во Синиот Ангел 1930, првиот долгометраен филм со звук во Германија

Германскиот филм датира од времето на режисерот Маx Skladanowsky. Филмот бил особено влијателен во времето на Вајмарската Република со германски експресионисти како што се Роберт Вајн и Фридрих Вилхелм Мурнау. Австрискиот директорот Фриц Ланг , кој станал германски државјанин во 1926 година и чија кариера била на врвот на филмската индустрија во предвоена Германија, се смета за највлијателен човек во Холивудскиот филм. Неговиот филм без звук Метрополис (1927) се смета за основа на модерните научно-фантастични филмови. Основано во 1912 година, филмското студио Бабелсберг е најстарото масовно филмско студио во светот.

Во 1930 година Австро-Американецот Јозеф фон Штернберг го режирал филмот Синиот Ангел , кој бил првиот голем германски звучен филм и ја прославил глумицата Марлен Дитрих.[10] Импресионистичкиот документарец Берлин: симфонија на големиот град, во режија на Волтер Рутман, е истакнат пример на жанрот градска симфонија. За време на нацистичката ера се снимале главно пропагандни филмови иако работата на Лени Рифенштал вовела нова естетика во филмот.[11]

 
Палатата Берлинале за време на Берлински филмски фестивал во февруари 2007

За време на 1970-тите и 80-тите години, некои од поновите германски филмски директори, како што се Фолкер Шлендорф, Вернер Херцог , Вим Вендерс и Рајнер Вернер Фасбиндер со нивните провокативни филмови повторно го вратиле западно германскиот филм на меѓународната сцена.[12] Во поново време, филмовите како Good Bye Lenin! (2003), Head-on Gegen die Wand (Head-on) (2004), Der Untergang (Пропаст) (2004), и Der Baader Meinhof Komplex (2008) постигнале успех на меѓународно ниво.

На доделувањето Оскар за најдобар странски филм во 1979 година, наградата ја добил германскиот филм Die Blechtrommel (Лимениот тапан) , во 2002 година филмот Никаде во Африка и во 2007 година филмот Das Leben der Anderen (Животот на другите).[13] Меѓу најпознатите германски глумци се Марлен Дитрих, Клаус Кински , Хана Шугула, Армин Милер-Стал, Јирген Прохнов, Томас Крешман, Тил Швајгер и Кристоф Валц.

Берлинскиот филмски фестивал , кој од 1951 се одржува секоја година е еден од најдобрите светски филмски фестивали. Меѓународно жири претставува филмови од целиот свет и ги наградува победниците со Златна и Сребрена мечка.[14] Свечената церемонија на доделување на Европски филмски награди се одржува секоја втора година во градот Берлин, каде се наоѓа Европската филмска академија (ЕФА). Студијата Бабелсберг во Постдам се најстарите масовни филмски студија во светот и центри за меѓународна филмска продукција.

Медиуми

уреди
 
Саем на книга Франкфурт 2008 година

Германскиот телевизиски пазар е најголем во Европа, со приближно 34 милиони ТВ - домаќинства. Повеќето локални и национални јавни радиодифузери се организирани во согласност со федералната политичка структура. Околу 90% од германските домаќинства имаат кабелска или сателитска телевизија и гледачите можат да бираат помеѓу различни бесплатни јавни и комерцијални канали. Платените телевизиски услуги не се користат, додека државните телевизииски преноси ZDF и ARD нудат голем број на дигитални канали.[15]

Некои од најголемите светски медиумски конгломерати, како што се Bertelsmann, Axel Springer AG и ProSiebenSat.1 Media потекнуваат од Германија.

Германски издавачи на книги издаваат околу 700 милиони копии на книги годишно, со околу 80.000 наслови, а речиси 60.000 од нив се нови изданија. Германија е на третото место на меѓународната статистика, книжевниот пазар на говорен англиски јазик и Народна Република Кина.[16] Саемот на книга во Франкфурт кој постои повеќе од 500 години е најзначајниот саем на книга во светот за меѓународни договори и трговија.

Архитектура

уреди
 
Bauhaus зградата во Десау, 1925

Архитектонски придонеси од Германија ги вклучуваат стиловите Carolingian и Ottonian, значајни претходници на Романескната архитектура. Во таа област се направени значајни Готски, Ренесансни како и Барокни дела. Од особено значење за Нацијата било раното модерно движење низ Deutscher Werkbund и движењето Баухаус идентификувано со Walter Gropius.

 Нацистите го прекинале ова движење и промовирале неокласицизам.

По Втората светска војна, следни важни структури кои биле изградени се модерната и постмодерната структура, особено по обединувањето на Берлин.

Уметност

уреди

Германската уметност има долга и значајна традиција во визуелнaта уметност, од најраните познати дела на фигуративната уметност па сè до денешната современа уметност. Значајни германски ренесансни сликари се Албрехт Алтдорфер, Лукас Кранах постариот, Матиас Гринвалд, Ханс Холбејн помладиот како и добро познатиот Албрехт Дирер. Најистакнати барокни уметници од Германија се Космас Дамјан Азам. Други уметници се Анселм Кифер, романтичарот Каспар Давид Фридрих, надреалистот Макс Ернст, концептуалистот Јозеф Бојс, Волф Фостел или нео-експресионистот Џорџ Базелиц.

Религија

уреди
 
Бенедикт XVI.

Германската Влада ги ограничила своите задолженија за културата, која им е предадена на државите на Германија, наречени Bundesländer. 64,1 процент од германското население припаѓа на христијански деноминации. 31,4 проценти се католици и 32,7 проценти се поврзани со протестантство[17] (бројките се точно познати, бидејќи Германија наметнува црковен данок на оние кои не припаѓаат на верска припадност, но постојат и многу луѓе, кои се религиозни, но не се запишани).

 
Портрет на Мартин Лутер

Во северниот и источниот дел луќето се претежно протестанти, а на југ и запад католици. Денес постојат атеистички или не-религиозни мнозинства во Хамбург и Источногерманските држави.[18] Германија зазема значителен дел од Римокатоличката Свето Римско Царство, но исто така, била извор на протестантски реформатори како што е Мартин Лутер.

Историски гледано, Германија имала значително еврејско население. Само неколку илјади луѓе со еврејско потекло останале во Германија по Холокаустот, но германската Еврејска заедница сега брои околу 100.000 членови, многу од нив се од Поранешниот Советски Сојуз. Германија, исто така, има значително муслиманско малцинство, од кои повеќето се од Турција. Некои германски теолози се Лутер, Меланхтон, Шлаермахер, Фојербах, and Рудолф Ото. Во Германија исто така има многу мистици вклучувајќи ги Мајстор Екхарт, Рудолф Штајнер, Јакоб Боем и неколку папи (пр. Бенедикт XVI).

Наука

уреди
 
Алберт Ајнштајн на 1921, кога добил Нобелова награда за физика

Германија била дом на многу познати пронаоѓачи и инженери, како што е Јохан Гутенберг, кој е заслужен за измислување на подвижна машина за куцање во Европа, Ханс Гајгер, творецот на Гајгер сметачот и Конрад Цузе кој го направил првиот компјутер.[19]

 Германските пронаоѓачи, инженери и индустријци како што се Цепелин, Дајмлер, Дизел, Ото, Ванкел, фон Браун и Бенцпомогнале да се оформи современиот автомобилски и воздушен транспорт, вклучувајќи ги и почетоците на патувањето во вселената.[20]Грешка во наводот: На ознаката </ref> ѝ недостасува ознака за затворање <ref>. Нив им претходеле истакнати физичари како Херман фон Хелмхолц, Јозеф фон Фраунхофер и Габриел Даниел Фаренхајт. Вилхелм Конрад Рентген ги открил Х-зраците, остварување благодарение на кое тој станал првиот добитник на Нобеловата награда за физика во 1901 година.[21] Во храмот Валхала "за истакнати Германци", кој се наоѓа источно од Регенсбург, Баварија има голем број на научници.[22][23]

Германија е дом на некои од најдобрите академски центри во Европа. Некои познати универзитети се ги оние во Минхен и Берлин, Универзитетот во Тибинген, Универзитетот во Гетинген, Универзитетот Марбург, Универзитетот во Берлин, Академија за рударство, Универзитетот во Фрајбург, како и многу други. Имено, Универзитетот Рупрехт Карл во Хајделберге еден од најстарите универзитети во Европа.

Кујна

уреди
 
A Schwarzwälder Kirschtorte (Колач со шумско овошје)

Германската кујна е различна во различни области. Јужните региони на Баварија и Швабија, ја делат кулинарската култура со Швајцарија и Австрија. Свинско, говедско месо и живина се најмногу конзумирани меса во Германија, а од нив најмногу се употребува свинското месо.[24] Во сите области месото често се конзумира во форма на колбас. Во Германија се произведуваат повеќе од 1500 различни видови на колбаси. Органската храна има стекнато удел на пазарот од околу 3 проценти, а се предвидува да се зголеми уште повеќе.[25]

Германците имаат една популарна поговорка која вели: "Појадувај како император, ручај како цар, и вечерај како просјак." Појадокот е леб со мармалад и мед или филети и сирење, понекогаш со варени јајца. Во Германија ретко се појадуваат житарици или мусли со млеко или јогурт, но се широко распространети. [26] Повеќе од 300 видови на леб се продаваат во пекарниците низ целата земја.[27] Понекогаш појадуваат традиционален појадок како баварскиот "Brotzeit" со Weisswurst , слатко од сенф и пченично пиво, или Bauernfrühstück, кои се многу познати.

 
Типично сирење и месо шведска маса што се сервира на приватни свечености

Како земја со многу доселеници, Германија присвоила многу меѓународни јадења во својата кујна. Италијански јадења како пица и тестенини, турска и арапска кујна како донер кебапи и фалафел , кои се доста распостранети, особено во поголемите градови. Меѓународните синџири на бургери, како и кинески и грчки ресторани, се исто така широко распространети. Едни од позначајните меѓународни кујни во Германија се индиската, тајландската, јапонската, и други азиски кујни. Водичот Мишелин на девет ресторани им доделил по три ѕвезди, што е највисока ознака, додека други петнаесет добиле по две ѕвезди. [28] Германските ресторани и други локали се втори во светот по украсеност, после Франција.[29]

Иако германското вино станува сè попопуларно во многу делови на Германија, сепак, национален алкохолен пијалак е пивото. Иако потрошувачката на германско пиво по лице опаѓа, таа сè уште е меѓу највисоките во светот, со по 116 литри годишно.[30] Некои сорти на пиво се Alt, Bock, Dunkel, Kölsch), Lager, Malzbier, Pils и Weizenbier. Меѓу 18 анкетирани западни земји, Германија е рангирана 14-та на списокот на потрошувачка на безалкохолни пијалаци по жител, додека на трето место е во потрошувачка на овошни сокови.[31] Исто така, газираната минерална вода и Schorle(газирана вода со овошен сок) се многу популарни во Германија.

Спорт

уреди
 
Михаел Шумахер освоил седум првенства во Формула Еден

Спортот претставува составен дел од германскиот живот. Дваесет и седум милиони Германци се членови на спортски клуб и дополнителни дванаесет милиони извршуваат таква активност поединечно.[32] Фудбалот е најпопуларен спорт во Германија. Со повеќе од 6,3 милиони официјални членови, германската фудбалска асоцијација (Deutscher Fußball-Bund) е најголемата спортска организација од ваков вид во светот.[32] Германската бундеслига е втора најпосетена професионална спортска лига во светот. Германската фудбалска репрезентација го освоил Светското Првенство во фудбал во 1954, 1974 и 1990 година и на УЕФА Европското фудбалско првенство во 1972 година, 1980 и 1996 година.

 
Алијанс Арената е домаќин на фудбалскиот клуб Баерн Минхен

Германија била домаќин на Светското фудбалско првенство во 1974 и 2006 година и на УЕФА Европското фудбалско првенство во 1988 година. Меѓу најуспешните и реномирани фудбалери се Франц Бекенбауер, Герд Милер, Јирген Клинсман, Лотар Матеус и Оливер Кан. Други популарни спортови се ракомет, одбојка, кошарка, хокеј на мраз, и тенис.[32]

Германија е една од водечките земји во светот во кои се популарни трките со коли. Многу победници во трки со коли, тимови и возачи потекнуваат од Германија. Најуспешниот возач во историјата на Формула Еден, Михаел Шумахер, има срушено многу рекорди, а освоено повеќе титули во Формула Еден првенства, како и на  повеќе трки во Формула Еден од било кој друг возач уште од деби сезоната во 1950 година. Тој е еден од најплатените спортисти во историјата и станал спортист милијардер.

[33]

  Конструкторите како БМВ и Мерцедес се меѓу водечките производители  во мотоспортот. Покрај тоа, Порше е 16 кратен добитник на 24 Hours of Le Mans, престижна трка на издржливост во Франција, додека Ауди има освоено девет победи. The Deutsche Tourenwagem Masters е популарна серија во Германија.

Историски гледано, едни од најуспешните натпреварувачи на Олимписките игри биле германски спортисти, пласирајки ја Германија на третото место на списокот на освоени медали на Олимписките игри на сите времиња, спојувајќи ги медалите на Источна и Западна Германија. На летните Олимписки игри во 2008 година, Германија се пласирала на петтото место по број на освоени медали,[34], додека на зимските Олимписки игри во 2006 година била на првото место.[35]

Германија двапати била домаќин на Летните олимписки игри, во 1936 година во Берлин и во 1972 година во Минхен. Зимските олимписки игри се одржале во Германија во 1936 година, со седиште во германските градови-близнаци Гармиш и Партенкирхен.

Општество

уреди
 
Културна мапа на светот според испитување на светските вредности, опишувајќи ја Германија како земја со високи "Рационално-секуларни вредности" и средновисоки "вредности на самоизразување".

Германија е современо и напредно општество, обликувана од плуралниот начин на живот и регионален идентитет.[36] Земјата воспоставила високо ниво на родова еднаквост, промовира права на луѓето со пречки во развојот, и е правно и социјално толерантна кон хомосексуалците. Хомосексуалците и лезбејките можат легално да ги посвојат биолошките деца на партнерот.[37] Хомосексуалци се и Министерот за надворешни работи, Гидо Вестервелле и градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт, и тоа не го чуваат во тајност.[38]

Во текот на последната деценија од 20 век, Германија го сменила својот став кон доселениците. До средината на 1990-те години Германија се сметала за земја со мал број на доселеници, иако околу 20 проценти од населението биле со не-германско потекло. Денес Владата и мнозинството од германското општество ги признаваат доселениците, нивните различни етно-културолошки средини се дел од германското општество и сметаат дека контролата на бројот на доселеници треба да се спроведува врз основа на квалификациските стандарди.[39]

Податотека:Kindergartenfrankfurt.jpg
млади Германци

Веднаш по Светското првенство ФИФА во 2006 година се променила сликата на внатрешната и надворешната проценка на Германија.[40] По првенството Германија се рангирала многу повисоко на годишниот национален индекс, спроведен преку глобална анкета. Луѓе од 20 различни држави го оценувале угледот на земјата во поглед на културата, политиката, извозот, народ и дали е привлечна за туристи, доселеници и инвестиции.[41]

 Во 2010 година, во конкуренција од 50 земји, Германија била именувана за втора најценета нација во светот. Друга глобалната анкета за BBC открила дека Германија е призната за земја која има најпозитивно влијание во светот во 2010 година.

Мнозинството од 59 проценти имаат позитивен поглед кон земјата, додека 14 проценти од населението имаат негативен став.[42][43] Со потрошувачка од 67 милијарди евра за меѓународни патувања во 2008 година, Германците потрошиле повеќе пари за патувања од било која друга земја. Најпосетени одредишта биле Шпанија, Италија и Австрија.[44]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Wasser, Jeremy (6 April 2006). „Spätzle Westerns“. Spiegel Online International. Посетено на 28 March 2011.
  2. „Unbelievable Multitude“. Deutsche Welle. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 28 March 2011.
  3. „World Heritage Sites in Germany“. UNESCO. Посетено на 3 October 2010.
  4. 4,0 4,1 European Commission (2006). „Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Survey)“ (PDF). Europa (web portal). Посетено на 3 February 2007.
    European Commission (2006). „Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Executive Summary)“ (PDF). Europa (web portal). Посетено на 3 February 2007.
  5. Европска комисија (2004). „Многу јазици, едно семејство. Јазици во европската унија“ (PDF). Европа (портал). Посетено на 3 февруари 2007.
  6. National Geographic Collegiate Atlas of the World. Willard, Ohio: R.R Donnelley & Sons Company. 2006. стр. 257–270. ISBN Regular:0-7922-3662-9, 978-0-7922-3662-7. Deluxe:0-7922-7976-X, 978-0-7922-7976-1 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  7. Searle, John. (1987). The Blackwell Companion to Philosophy, "Introduction". Wiley-Blackwell.
  8. Music market worth $US32 billion Архивирано на 2 декември 2008 г. P2pnet.net 7 Apr. 2004. Retrieved 2006-12-07
  9. BBC Radio 1 Documentary Retrieved 2006, 10 December
  10. Bordwell, David; Kristin Thompson (2003) [1994]. Film History: An Introduction. The Introduction of Sound (2. изд.). New York City: McGraw-Hill. стр. 204. ISBN 978-0-07-115141-2.
  11. Leni Riefenstahl, Filmbug Movie Stars. Retrieved 13 April 2007.
  12. Rainer Werner Fassbinder Архивирано на 26 октомври 2011 г., Fassbinder Foundation. Retrieved 13 April 2007.
  13. Awards:Das Leben der Anderen, IMDb. Retrieved 13 April 2007.
  14. 2006 FIAPF accredited Festivals Directory Архивирано на 9 јануари 2007 г., International Federation of Film Producers Associations, посетено на 11 December 2006.
  15. Country profile: Germany, BBC News. Retrieved 7 December 2007.
  16. Germany – Land of ideas Архивирано на 29 јуни 2007 г., www.land-der-ideen.de Retrieved 12 December 2010.
  17. „EKD: Evangelische Kirche in Deutschland - Christen in Deutschland 2005“. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2013-05-28.
  18. http://www.ekd.de/download/kimi_2004.pdf page 7
  19. Horst, Zuse.The Life and Work of Konrad Zuse Everyday Practical Electronics (EPE) Online. Retrieved 2007-01-02
  20. Automobile. Архивирано на 29 октомври 2009 г. Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2006. Retrieved 2007-01-02
  21. The Alfred B. Nobel Prize Winners, 1901-2003 History Channel from The World Almanac and Book of Facts 2006. Retrieved 2007-01-02
  22. Walhalla Ruhmes- und Ehrenhalle (германски), Архивирано од изворникот на 2007-10-02, Посетено на 3 October 2007
  23. Walhalla, official guide booklet. p. 3. Translated by Helen Stellner and David Hiley, Bernhard Bosse Verlag Regensburg, 2002
  24. „German food stats“. www.nationmaster.com. Посетено на 26 November 2007.
  25. „Organic Agriculture in Germany“. organic-Europe. Архивирано од изворникот на 2007-11-22. Посетено на 26 November 2007.
  26. Eating the German way, Cultural Profiles Project. Retrieved 2007, 26 November.
  27. 300 Types of Bread, www.germany-tourism.de. Retrieved 2007, 26 November.
  28. Schnitzel Outcooks Spaghetti in Michelin Guide, Deutsche Welle. Retrieved 2007, 26 November.
  29. German cuisine beats Italy, Spain in gourmet stars Архивирано на 10 јануари 2009 г., Reuters India. Retrieved 2007, 26 November.
  30. Europe's largest beer market Архивирано на 7 ноември 2011 г., royalunibrew.com. Retrieved 2007, 26 November.
  31. Soft drink consumption, www.nationmaster.com. Retrieved 2007, 26 November.
  32. 32,0 32,1 32,2 „Germany Info: Culture & Life: Sports“. Germany Embassy in Washington, D.C. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 28 December 2006.
  33. Ornstein, David (23 October 2006). „What we will miss about Michael Schumacher“. The Guardian. London. Посетено на 19 October 2007.
  34. „Beijing 2008 Medal Table“. The Official Website of the Beijing 2008 Olympic Games. Архивирано од изворникот на 6 September 2008. Посетено на 8 September 2008.
  35. „Turin 2006 Medal Table“. International Olympic Committee. Посетено на 28 December 2006.
  36. Society The German Mission to the United states. Retrieved 16 October 2010.
  37. Germany extends gay rights Архивирано на 12 јули 2009 г. News24.com. Retrieved 25 November 2007.
  38. Weinthal, Benjamin (31 August 2006). „He's Gay, and That's Okay“. Gay City News. New York. Посетено на 3 September 2009.[мртва врска]
  39. Heckmann, Friedrich (2003). The Integration of Immigrants in European Societies: national differences and trends of convergence (Warning Germany Has No Humor). Stuttgart: Lucius & Lucius. стр. 51 ff. ISBN 978-3-8282-0181-1. Посетено на 28 October 2010.
  40. How Germany won the World Cup of Nation Branding Архивирано на 14 мај 2008 г.. BrandOvation. Retrieved 25 November 2007.
  41. GfK (12 октомври 2010). "2010 Anholt-GfK Roper Nation Brands Index". Соопштение за печат.  посет. 15 октомври 2010 г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-10-16. Посетено на 2013-05-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  42. „World warming to US under Obama, BBC poll suggests“. BBC News Online. London. 19 April 2010. Посетено на 28 October 2010.
  43. BBC World Service Poll. BBC News. Retrieved 19 April 2010.
  44. „Germans spend most on foreign trips: Industry group]“. The Economic Times. New Delhi. 10 March 2009. Посетено на 15 March 2009.

Надворешни врски

уреди