Никаде во Африка - германски филм од 2001 година во режија на Каролина Линк. Сценариото се заснова на автобиографска новела напишана во 1995 година година која имало исто име како и филмот и била напишана од Штефани Цвиг. Во филмот се раскажува приказна за животот во Кенија на германско-еврејско семејство кое имигрирало таму во 1938 година, бегајќи од прогонството во Нацистичка Германија. Овој филм добил оскар за најдобар странски филм, како и пет останати германски филмски награди.

Кратко за филмот

уреди

Во 1938 година, семејството Редлих заминува во Кенија од Шлеска, Нацистичка Германија, за да избега од интензивниот прогон на евреите во тој период. Волтер, поранешен адвокат, наоѓа работа во една фарма. Неговата жена многу тешко се прилагодува на животот во Африка. За разлика од неа, ќерката на Волтер, Реџина, брзо се прилагодува на околината и на животниот стил , така што лесно го научила јазикот кој се зборувал во тоа подрачје и се заинтересирала за локалната култура. Реџина се запознава и се спријателува со готвачот на фармата, кој го спасил животот на Волтер, така што го излечил од маларија. Единствен контакт кој го има жената на Волтер со германец е пријателот на нејзиниот маж, Зускинд, поранешен германец кој живеел со години во Африка. При еден разговор кога тој бил прашан зошто не бил оженет, тој одговорил дека има навика да се вљубува во мажени жени.

Позначајни улоги

уреди