Нели Закс

германска и шведска поетеса и драмска писателка од еврејско потекло

Нели Закс (10 декември 1891, Берлин, Германија – 12 мај 1970, Огокхлом, Шведска), германска и шведска поетеса и драмска писателка од еврејско потекло, добитничка на Нобеловата награда за литература во 1966 година (заедно со Шмуел Агнон). Во својот говор при добивањето на наградата таа рекла: „Агнон ја претставува државата Израел, а јас – трагедијата на еврејскиот народ“.[1]

Нели Закс (10 декември 1891, Берлин, Германија – 12 мај 1970, Огокхлом, Шведска),
Нели Закс, во1910 година

Животопис

уреди

Закс е единствената ќерка на успешна еврејска фамилија. На 15-годишна возраст го прочитала романот на Селма Лагерлеф „Сага за Јеста Берлинг“, кој и оставил таков впечаток што почнала да и пишува на авторката во Шведска. Одговорот го поставил почетокот на коресподенцијата што продолжила 20 години, сè до смртта на Лагерлеф.
Откако наполнила 18 години, Закс почнува да пишува стихови во класична рима, опишувајќи природни сцени и митолошки настани; ги објавува во литературни списанија. Подоцна Закс ги отфрла своите младешки обиди и ги исклучува од своите собрани дела. До 1938 година нејзините поеми се појавувале повремено во еврејската периодика. Во 1940 година, кога прогонот на Евреите е во полн замав, Закс и мајка ѝ, со помош на Лагерлеф, емигрираат за Шведска. Закс учи шведски јазик и се издржува себе и мајка си, преведувајќи шведска поезија на германски јазик.

Дела

уреди

Потресена од судбината на својот народ, Закс, која примила шведско државјанство, го посветувала творештвото на темата за уништување на Евреите (холокаустот). Новите дела претставуваат откажување од романтичкиот дух на поранешните стихови. Без рима, исполнети со страшни слики, тие се елементи на мистицизам во современ контекст. Збирката поеми „Во становите на смртта“ (1946) — објавена во Источна Германија, а потоа следуваат збирките „Затемнување на ѕвездите“ (1949), „И никој не знае каде понатаму“ (1957) и „Бегство и преобразба“ (1959). По војната Закс пишува и пиеси. Првата пиеса и е „Ели: Мистична игра на страдалниците од Израел“ (1951). Пиесата „Аврам во сол“ е вклучена во збирката „Знаци во песокот“ (1962). Закс ја посетува Германија првпат по 30-годишно отсуство. Во 1960 година во Дортмунд се воведува едногодишна литературна награда на нејзино име, а нејзе и се определува доживотна пензија.

Наводи

уреди
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010